Контакт

Општество

МЗ: СДСМ да се стави во функција на граѓаните а не на бизнисите

Објавено пред

СДСМ да престане да се става во функција на адвокат на бизнис моќници зашто секо манипулирање со состојбата на пациентите кои примаа инсулинска терапија е директно во функција на заштита на нечии бизнис интереси, а не заштита на здравјето на пациентите. Секоја одговорна политичка партија има обврска да се грижи за интересите на сопствената држава, без разлика дали е во влада или опозиција, а не да се става во функција на силни финансиски центри на моќ реагираа во неделата од Министерството за здравство на обвинувањата на најголемата опозициска партија.
 

dobivaj vesti na viber

СДСМ да престане да се става во функција на адвокат на бизнис моќници зашто секо манипулирање со состојбата на пациентите кои примаа инсулинска терапија е директно во функција на заштита на нечии бизнис интереси, а не заштита на здравјето на пациентите. Секоја одговорна политичка партија има обврска да се грижи за интересите на сопствената држава, без разлика дали е во влада или опозиција, а не да се става во функција на силни финансиски центри на моќ реагираа во неделата од Министерството за здравство на обвинувањата на најголемата опозициска партија.

 

Претходно во неделата СДСМ побара од власта веднаш да им обезбеди соодветен инсулин на пациентите, рече Гоце Чакаровски, претседател на Комисија за здравство на најголемата опозициска партија кој побара од министерот за здравство Никола Тодоров и од премиерот Никола Груевски да кажат дали од Клиниката за ендокринологија е испратено алармантно писмо до Министерството за здравство во кое наводно лекарите пишале дека не се согласуваат со начинот на промена на инсулинската терапија на дијабетичарите „што им ја наложува Владата на Груевски“.

„Општо познато во стручната јавност е дека не е штетна по здравјето замената на еден тип на инсулин со друг. Но, исто така, општо познато е дека тоа може да доведе некој да претрпи финансиска загуба“, се истакнува во писмената реакција на Министерството за здравство.

Притоа се истакнува, во врска со прес-конференцијата на СДСМ, на ставовите на експертите и најголемите авторитети од областа на дијабетесот во земјата претходно изнесени во јавноста дека во моментот има доволно висококвалитетен инсулин и овозможено е континуирано снабдување на пациентите со дијабетес мелитус и во делот на хуманите инсулини и во делот на инсулинските аналози, така што на располагање има доволно опции за постигнување добра гликемиска контрола кај сите пациенти.

„ Секоја замена со друг тип на инсулин се прави со соодветен инсулин на начин што нема да доведе до нарушување на гликемиската контрола, што значи дека не постои никаков медицински ризик за пациентите. Во нашата земја присутни се хумани инсулини и инсулински аналози со исклучително висок квалитет од врвните светски производители од САД, Данска и Франција. Уделот на инсулинските аналози во нашата земја е исклучително висок и може да се споредува со најразвиените здравствени системи во светот“, истакнуваат натаму од министерството.

Според Министерството за здравство, апсолутно нема никакви причини за страв и паника кај лицата со дијабетес и основна задача апсолутно може да се постигне со расположливите инсулини, со редовни контроли и титрација.

„Во оваа прилика, Ве потсетуваме (иако е веќе општо познато) дека сите инсулинозависни пациенти можат слободно да отидат на преглед кај специјалист ендокринолог без претходно закажување во системот МојТермин, и на прегледот ќе бидат регуларно примени“, се вели во дописот.

Од Министерството за здравство, исто така, повторно апелираат дека од исклучителна важност е да не се шири непотребна паника кај лицата со дијабетес, бидејќи стресот доведува до покачување на ткн стрес-хормони, кои доведуваат до зголемување на гликемијата кај сите луѓе, а посебно кај популацијата со дијабетес. Токму затоа, во име на здравјето на овие пациенти, треба да престанат манипулациите и обидите за креирање лажна слика за снабдувањето со инсулин, се бара во реакцијата.

„Консултирани се поголем број ендокринолози и сите ги потврдија погоре изнесените наоди дека нема апсолутно никаков ризик по здравјето на пациентите со дијабетес. Целосно се невистинити тврдењата дека се работи за нагла промена. Секој граѓанин со дијабетес си го добива соодветниот инсулин и ниту еден пациент не е оставен без соодветната терапија. Не е точно дека се набавени помали количини инсулин, затоа што очигледно инсулин има доволно, туку се работи за стратегија на една компанија која долги години имаше монополска позиција. За среќа, за разлика од порано, државата повеќе не е заложник на една компанија, односно на еден круг финансиско-фармацевтско-политички моќници како што беше во времето на СДСМ, туку има соодветна, ефикасна и безбедна алтернатива за секаков тип инсулинска терапија“, порачуваат од Министерството за здравство. Исто така, се наведува дека со новиот тендер, првпат во Македонија ќе се зголеми бројот на бесплатни ленти за мерење гликемија, од околу 4 ленти месечно на околу 30 ленти месечно кај лицата со дијабетес мелитус тип 2 на инсулинска терапија./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Халкбанк со голема акција за пошумување во Делчево како дел од иницијативата „Еден милион садници за пет години“

Објавено пред

Халкбанк АД Скопје денес ја реализираше новата етапа од својата долгорочна зелена иницијатива „Еден милион садници за пет години“, со засадување багремови садници на површините од „HalkForest“ во Малешевијата, на локација во Делчево.

dobivaj vesti na viber

Акцијата беше спроведена во партнерство со ЈП Национални шуми и со учество на менаџментот на Банката, дел од вработените и стручни претставници од јавното претпријатие.

Ова пошумување е дел од најамбициозната еколошка програма на Халкбанк досега, иницијатива која што Банката ја започна минатата година, а е препознаена како системски придонес за борба против загадувањето, обновување на шумските екосистеми и подобрување на квалитетот на воздухот.

Со најновата акција, Халкбанк повторно ја потврди својата определба, одржливоста да биде трајна, а не декларативна обврска.

„За нас, одржливоста е дел од јасно поставена стратегија и подразбира постојана работа, планирање и вистински ангажман. Пошумувањето е активност со мерливи ефекти, го намалува загадувањето, ја подобрува еколошката рамнотежа и создава услови за поздрава средина. Со иницијативата ‘Еден милион садници за пет години’ покажуваме дека сме подготвени континуирано да инвестираме во решенија кои носат долгорочна вредност за сегашните и идните генерации,“ истакнаа од Халкбанк.

Акцијата во Делчево е дел од програмата што се реализира преку платформата ХалкЕко, преку која Банката во изминатите години засади над 100.000 садници, организираше спортски и еко настани, поддржува едукативни програми и придонесува кон уредување јавни простори низ државата.

Халкбанк останува посветена на исполнување на целта за засадување еден милион нови садници во период од пет години, со стратешки пристап и цврсто партнерство со институциите и локалните заедници.

(ПР)

Прикажи повеќе...

Македонија

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Објавено пред

Ариепископот Охридски и македонски заедно со Светиот архиерејски Синод, по повод велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога до свештенослужителите, монаштвото и до сите чеда на МПЦ-ОА.

dobivaj vesti na viber

– Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно постоење. Тоа е стожерот околу којшто се одвива сиот наш живот и камен-темелникот врз којшто се гради сиот наш подвиг на верата, на надежта и на љубовта во Бога. Тајната на Христовото воскресение го преобразува и го вообличува севкупниот наш поглед кон светот и човекот, кон времето и вечноста. Зашто, токму ова спасоносно собитие е најголемата вистина којашто му беше објавена на човековиот род и токму оваа Тајна над тајните е најрадосното благовестие со коешто велегласно беше возвестена конечната победа на животот над смртта, на доброто над злото и на љубовта над омразата, вели г.г. Стефан меѓу другото во обраќањето.

Прикажи повеќе...

Македонија

Православните верници го слават Велигден

Објавено пред

Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.

dobivaj vesti na viber

Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје од каде го објави Христовото Воскресение и упати Велигденски пораки.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија27 минути

Магла ја намали видливоста до 60 метри на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози соопшти Авото-Мото Сојузот на Македонија (АМСМ), Намалена видливост...

Македонија13 часа

Најдоцна до јуни реконструкција на владиниот кабинет, Ковачки е нов генерален секретар на партијата, соопшти Мицкоски

Денес заседаваше Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, на кој беа донесени важни одлуки за понатамошното јакнење и модернизација на партијата, истакна...

Македонија20 часа

Полицајци, наставничка и пожарникар земале пари од граѓани за да им средат побрзо да извадат лични документи

Двајца полицајци, наставничка и пожарникар се осомничени за примање поткуп и примање награда за противзаконито влијание односно за пари овозможувале граѓаните...

Македонија20 часа

Воени возила и дронови во Охрид и Радожда, од утре обука на специјалците од војската на Белгија

Од 07 до 20 февруари 2026 година, на подрачјето на Охрид и струшкото село Радожда, ќе се реализираат активности за...

Македонија21 час

Студентите што студираат во странство или се прогласени за најдобри, ќе имаат предност за вработување на државните универзитети

Со поддршка од над 60 професори, засегнати институции и установи, претставници на студентите, стручни лица и експерти, Министерството за образование...

Економија21 час

Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти

Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец. Во споредба...

Македонија23 часа

СДСМ: Нема одговор како 5 тони дрога поминале преку граница

Нема одговор како 5 тони дрога поминала преку граница – има вистина дека ВМРО го овозможи бизнисот со канабис, велат...

Македонија23 часа

„Да се забрани производство на марихуана за наводни медицински цели“, бара Демократскиот сојуз

Демократскиот сојуз бара Парламентот на Македонија по скратена постапка да донесе измена на законите со кои ќе се забрани производство...

Свет24 часа

Лавров: Москва е во таен контакт со некои европски лидери, тие бараат разговорите да останат тајни

Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, изјави дека Москва е во таен контакт со некои европски лидери и...

Македонија24 часа

Поднесена кривична пријава против две лица од Битола кои се закануваа дека ќе убиваат полицајци на протестот за возачките дозволи

Независниот полициски синдикат поднесе кривична пријава против две лица од Битола кои се закануваа дека ќе убиваат луѓе на протестот...

Свет1 ден

Објавени пораки меѓу поранешниот норвешки премиер и Епстин, започната е истрага

Поранешниот норвешки премиер Торбјорн Јагланд е под полициска истрага поради сомнение за сериозна корупција поврзана со неговите врски со покојниот...

Свет1 ден

Трамп ја претстави TrumpRx: Нова платформа за поевтина набавка на лекови во САД

Американскиот претседател Доналд Трамп во четврток ја претстави TrumpRx.gov, нова онлајн платформа што ќе им овозможи на американските потрошувачи да...

Регион1 ден

Турција ќе приватизира два клучни моста во Истанбул

Турција ја ангажираше консултантската фирма Ernst & Young LLP да ја води приватизацијата на два клучни моста во Истанбул и...

Свет1 ден

Аргентина бара од САД да го екстрадира Мадуро

Аргентински судија во среда побара од Соединетите Американски Држави да го екстрадираат поранешниот венецуелски претседател Николас Мадуро, кој беше заробен...

Европа1 ден

„Старлинк“ е блокиран за Русите, Украина: Бројот на напади веднаш се намали

Руските сили го намалија бројот на напади на фронтот откако Украина и SpaceX постигнаа договор за блокирање на нерегистрираните сателитски...

Свет1 ден

(Видео) Нов американски напад врз брод за дрога, двајца убиени

Американската војска соопшти дека во четвртокот нападнала друг брод во источниот Тихи Океан, за кој тврди дека превезувал дрога, при...

Економија2 дена

Владата предложи покачување на платите за администрацијата до 40 отсто, со почетно зголемување од 8 проценти од април

Премиерот Христијан Мицкоски, изјави дека денешната средба со Синдикатот на УПОЗ била конструктивна и дека на маса е предлог за...

Македонија2 дена

Воведување ред во државата, реализација на реформската агенда: Мицкоски порача дека годинава нема да има избори

„Ќе имаме можност да отпочнеме еден циклус на средби, односно брифинзи со претставници на земјите членки на Европската Унија, кои...

Македонија2 дена

(Видео) Филипче: СДСМ има решение за 600 евра плата, помалку луксуз – поголеми плати за работниците

Стандардот на работниците практично е срозен изминатите две години. Соочени сме со ситуација во којашто владата на ВМРО и ЗНАМ...

Македонија2 дена

62-годишен маж од Тетово починал по компликации од грип, соопшти ИЈЗ

Минатата недела во периодот од 26 јануари до 1 февруари во Македонија е регистриран уште еден случај на починато лице...