Контакт

Општество

Фестивал на чај и лековити билки во Скопје

Објавено пред

Во Градскиот парк во Скопје се одржа во саботата Фестивал на чај и лековити билки, настан во организација на Здружението на граѓани за мотивација и развој на комуникации „Дијалог“, а во соработка и со финансиска поддршка на Град Скопје.
 

dobivaj vesti na viber

Во Градскиот парк во Скопје се одржа во саботата Фестивал на чај и лековити билки, настан во организација на Здружението на граѓани за мотивација и развој на комуникации „Дијалог“, а во соработка и со финансиска поддршка на Град Скопје.

 

На фестивалот земаа учество повеќе македонски фирми и институции во чијшто фокус на работа е чајот и пред скопјани ги промовираа своите производи. Воедно, на Фестивалот беше потсетено и на традиционалните исконски вредности кои ги има Македонија со своето исклучително билно природно богатство, во вид на хербариум од лековити билки и чаеви.

Во рамките на програмата на Фестивалот настапија учениците од неколку основни училишта, ОУ „Коле Неделковски“- Општина Центар, ОУ „Стив Наумов“- Општина Гази Баба, ОУ „Димо Хаџи Димов“- Општина Карпош и ОУ „Тефејуз“, како и КГС „Партизан – Орце Николов“ Скопје и Tai Chi Fei Long. Нивните музички и изведбени настапи беа на темата чај и билки, се со цел создавање на здрави животни навики кај децата.

Покрај македонската традиција за пиење чај, којашто ја демонстрираа членовите на „Slow food“ – Здружение на граѓани на производители на традиционална здрава храна од Македонија, пред посетителите беа презентирани и кинескиот и турскиот ритуал на подготовка и консумација на чај од страна на Институтот Конфучиј при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, односно Турскиот културен центар „Јонус Емре“./крај/мф/ап

Извор: Макфакс

Македонија

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Објавено пред

Ариепископот Охридски и македонски заедно со Светиот архиерејски Синод, по повод велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога до свештенослужителите, монаштвото и до сите чеда на МПЦ-ОА.

dobivaj vesti na viber

– Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно постоење. Тоа е стожерот околу којшто се одвива сиот наш живот и камен-темелникот врз којшто се гради сиот наш подвиг на верата, на надежта и на љубовта во Бога. Тајната на Христовото воскресение го преобразува и го вообличува севкупниот наш поглед кон светот и човекот, кон времето и вечноста. Зашто, токму ова спасоносно собитие е најголемата вистина којашто му беше објавена на човековиот род и токму оваа Тајна над тајните е најрадосното благовестие со коешто велегласно беше возвестена конечната победа на животот над смртта, на доброто над злото и на љубовта над омразата, вели г.г. Стефан меѓу другото во обраќањето.

Прикажи повеќе...

Македонија

Православните верници го слават Велигден

Објавено пред

Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.

dobivaj vesti na viber

Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје од каде го објави Христовото Воскресение и упати Велигденски пораки.

Прикажи повеќе...

Македонија

Годишен извештај на Народниот правобранител: Помалку претставки од граѓаните за работата на јавните обвинителства

Објавено пред

Во извештајната 2023 година, во областа која се однесува на работата и постапувањето на обвинителствата во Република Северна Македонија поднесени се 63 претставки што е за 24 помалку во однос на 2022 година, се констатира во Годишниот извештај за степенот на обезбедувањето почитување, унапредување и заштита на човековите слободи и права во 2023 година што го објавува Народниот правобранител на Република Северна Македонија.

dobivaj vesti na viber

Согласно објавените податоци, бројот на претставки на граѓаните на годишно ниво се намалил за повеќе од 38%, што претставува резултат на заложбите на Јавното обвинителство за зголемување на ефикасноста на постапките и континуираните напори за подобрување на довербата на граѓаните во работата на јавните обвинителства.

Во најголем број од претставките граѓаните бараа интервенција во врска со постапки пред основните јавни обвинителства (51), потоа пред Основното јавно обвинителството за организиран криминал и корупција (4), постапка пред Јавното обвинителство на РСМ (3), пред вишите јавни обвинителства (2), друго (2) и една претставка се однесуваше за постапка пред Совет на јавни обвинители. Ваквиот сооднос е очекуван со оглед на обемот на предметна работа и фактот што токму јавните обвинителства со основна надлежност го прават првиот директен контакт на граѓаните со институцијата.

Доколку се има предвид вкупниот обем на работа на јавните обвинителства кои активно постапуваат по поднесени кривични пријави за над 40.000 сторители на кривични дела во текот на годината, поднесените 63 претставки до Народниот правобранител претставуваат околу 0,1% од таа бројка. Притоа, граѓаните во посочените предмети изразувале незадоволство поради непостапување по поднесена пријава на кривично дело, одолжување на постапката или поради незадоволство од донесена одлука. Од тие причини Народниот правобранител, меѓу останатите препораки во извештајот, во делот на Јавното обвинителство препорачува основните јавни обвинителства да ги доставуваат јавнообвинителските одлуки до странките и да им се овозможи правото да ги обжалат до повисоките јавни обвинителства, да постапуваат поажурно и навремено да преземаат дејствија, да го почитуваат рокот од 3 месеци доколку не донесат јавнообвинителска одлука да го известуваат повисокиот јавен обвинител и пријавителот, за да нема сомневање и страв дека гонењето ќе застари.

Сите овие забелешки Јавното обвинителство ги зема предвид, детално ги анализира и ќе продолжи да презема активности за дополнително зголемување на ефикасноста, на транспарентноста и на отчетноста за постапките што ги води. Ваквите заложби на Јавното обвинителство се веќе воспоставен начин на работа при што уште во извештајот за 2022 година омбудсманот констатираше дека за разлика од претходните години, сега јавните обвинителства, особено издвојувајќи ги Основното јавно обвинителство Скопје и Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, постапуваат по барањата на Народниот правобранител, даваат суштински и целосни одговори за бараните информации од постапките, се вели во соопштението од Јавното обвинителство.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет4 часа

Трамп: Зеленски е диктатор

Доналд Трамп го нарече украинскиот претседател Володимир Зеленски диктатор во жестока објава на неговата платформа Truth Social. Американскиот претседател рече...

Свет4 часа

Главниот советник на Зеленски до претставникот на Трамп: Многу е важно како ќе заврши војната

Американскиот претставник Кит Келог се состана со Андриј Јермак, шеф на кабинетот на украинскиот претседател, Володимир Зеленски, кој ја истакна...

Македонија5 часа

Нерешено кај уставните судии за измените со кои на независните кандидати ќе им биде потешко да влезат во изборна трка

Уставниот суд не донесе одлука за предметот за оспорените членови на Изборниот законик (ИЗ) со кои се штитат од конкуренција...

Свет6 часа

Прва реакција на Путин по преговорите со САД: Го направивме првиот чекор, сакам да се сретнам со Трамп

Рускиот претседател Владимир Путин првпат реагираше на вчерашната прва рунда преговори со Американците за Украина. Тој позитивно го оцени исходот...

Свет6 часа

Зеленски: Не можам да ја продадам Украина

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска ги отфрли барањата на САД за 500 милијарди долари минерали од Украина со цел...

Македонија9 часа

САД внимателно ги следат случувањата во правосудниот систем, сакаме почитување на законот, порача Агелер

САД внимателно ги следат случувањата во правосудниот систем, изјави американската амбасадорка, Анџела Агелер. Таа нагласи дека она што сакаат да...

Економија10 часа

(Видео) Лукаревска: Наместо половични мерки, власта да ги прифати предлозите на СДСМ за намалување ДДВ за струјата и укинување кај храната

Економијата во земјата е во слободен пад, граѓаните имаат се помалку пари поради енормните поскапувања и потребно е итно заедничко...

Македонија11 часа

Нова кривична за Перпарим Бајрами: Закупил неадекватен деловен простор за „Лотаријата“ по цена најмалку двапати повисока од реалната

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против П.Б. во својство на директор на АД...

Македонија11 часа

Мицкоски: Чистиот воздух е наше заедничко право, ова е проблем што бара заеднички напори од целата заедница

Чистиот воздух е наше заедничко право, а загадувањето предизвик кој бара обединет одговор од сите нас. Ова е проблем што...

Македонија12 часа

„Има судии што живеат како шеици, треба да се провери имотот што го стекнале“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Деловен имот, неколку куќи, станови, градежно и земјоделско земјиште, неколку коли е дел од имотот на судиите и обвинителите во...

Македонија13 часа

Утрово најстудено на Попова Шапка

Утрово најстудено било на Попова Шапка каде што се измерени -12 степени, -9 било во Маврови Анови, -8 во Крушево,...

Свет15 часа

Трамп: Да бев претседател кога избувна војната, ќе се погрижев Украина да добие сè што сака

Доналд Трамп зборуваше од Мар-а-Лаго, Флорида, за денешната средба во Саудиска Арабија меѓу САД и Русија. Тој рече дека е...

Свет15 часа

Макрон: Трамп може да го рестартира корисниот дијалог со Путин

Францускиот претседател Емануел Макрон најави дека ќе биде домаќин на уште една средба за Украина по разговорите меѓу новата американска...

Европа15 часа

Порошенко: Канцеларијата на Зеленски ми кажа да го поддржам законот ако не сакам да се соочам со санкции

Поранешниот украински претседател и актуелен пратеник Петро Порошенко ја обвини канцеларијата на Володимир Зеленски за уцена. „Ми беше кажано дека...

Економија1 ден

Ограничени маржите на над 1.000 производи, одлучи Владата

Владата донесе одлука со која се ограничува маржата во трговијата на големо и трговијата на мало на 102 групи на...

Свет1 ден

Лавров: Ја обновуваме соработката со САД, приемот на Украина во НАТО е закана

Сергеј Лавров, министерoт за надворешни работи на Русија, кој беше дел од делегацијата во Ријад, на прес-конференцијата рече дека Русија...

Свет1 ден

Рубио по состанокот меѓу САД и Русија: Целта е да се обезбеди мир за Украина кој е прифатлив за сите страни

Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска изјави дека мирот во Украина е клучот за отворање економски можности со Русија. По...

Македонија1 ден

(Видео) Митева за разрешувањето на Коцевски: Јавниот обвинител покрај правна, подлежи и на општествена одговорност

На денешната седница беше разгледано мислењето од Министерство за правда по кое владата отвори сериозна дискусија, информира на прес-конференција Марија...

Свет1 ден

По четири и пол часа заврши состанокот помеѓу САД и Русија, стигаат првите реакции

Советникот за надворешна политика на рускиот претседател Владимир Путин изјави дека четири и пол часовните разговори меѓу Русија и САД...

Македонија1 ден

Коцевски: Ако се утврди дека се работи за тешка дисцилинска повреда јас самиот ќе се повлечам

Републичкиот јавен обвинител, Љупчо Коцевски вели дека самиот ќе се повлече доколку се утврди дека направил тешка дисцилинска постапка, но...