Контакт

Свет

Акција на Гринпис кај резервоарите со црвена кал во Унгарија

Објавено пред

Еколошката организација Гринпис денеска предупреди на опасноста од складирање на црвена кал во Унгарија, по минатогодишната еколошка катастрофа на западот на земјата.

dobivaj vesti na viber

Еколошката организација Гринпис денеска предупреди на опасноста од складирање на црвена кал во Унгарија, по минатогодишната еколошка катастрофа на западот на земјата.Дваесетина демонстранти во близина на Будимпешта резервоарот со црвена кал го прекриле со платно на кое пишувало само еден збор – „стоп“.Еколошките активисти дошле од цела Унгарија, но и од Романија, Словачка и Австрија.„Овој резервоар е близу до Дунав…и според нашите информации, неговата структура и стабилност слабеат“, изјави Балаш Темери од Гринпис и побара итна проверка на тој резервоар.Токсична црвена кал се излеа на 4 октомври 2010 година од напукнат резервоар на фабрика за алуминиум во местото Ајка, на западот на Унгарија. Во несреќата загинаа 10 луѓе и тешко беше загадена животната средина. /крај/б/ст



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Русија се обиде да го блокира WhatsApp: промовира апликација во државна сопственост

Објавено пред

Американската технолошка компанија Мета соопшти дека руските власти се обиделе да ја блокираат нејзината апликација за пораки WhatsApp во обид да ги принудат корисниците да се префрлат на конкурентска услуга контролирана од владата.

dobivaj vesti na viber

„Руската влада се обиде целосно да го блокира WhatsApp со цел да ги насочи граѓаните кон апликација контролирана од државата“, рече Мета.

„Правиме сè што можеме за да ги одржиме нашите корисници поврзани“, се додава во соопштението.

Фајненшл тајмс претходно објави дека руските власти го отстраниле WhatsApp, кој има околу 100 милиони корисници во Русија, од онлајн регистарот на апликации што ги води Роскомнадзор, државниот регулатор за комуникации.

Овој потег се смета за дел од пошироката стратегија за ограничување на пристапот до платформи што не се директно контролирани од руските безбедносни служби. Рускиот регулатор веќе воведе ограничувања за Telegram претходно оваа недела, објави Франс Прес.

Руските власти вршат притисок за префрлување на MAX, за кој критичарите велат дека овозможува надзор на корисниците, објави Ројтерс.

Прикажи повеќе...

Европа

Киев повторно цел на голем руски ракетен напад

Објавено пред

Украинскиот главен град Киев повторно беше погоден од голем руски ракетен напад рано утрово, при што беа погодени неколку згради, соопштија локалните власти. „Масовниот напад врз главниот град е сè уште во тек“, изјави градоначалникот Виталиј Кличко на платформата Телеграм.

dobivaj vesti na viber

Тој рече дека се погодени згради од двете страни на реката Днепар. Нема непосредни извештаи за жртви, но на местото на настанот се испратени екипи за итна медицинска помош. Тимур Ткаченко, шефот на воената администрација во Киев, потврди најмалку еден удар во источните предградија, додека сведоци на Ројтерс пријавија силни експлозии што одекнуваа низ целиот град.

Југоисточниот град Днепар, исто така, беше погоден, изјави регионалниот гувернер Олександр Ганжа. Неколку приватни домови и автомобили беа оштетени, но немаше непосредни извештаи за жртви. Воздушните напади останаа на сила во Киев и Днепар долго по полноќ.

Прикажи повеќе...

Регион

Косово доби нова влада, Курти повторно е премиер

Објавено пред

Парламентот на Косово ја изгласа новата влада, повторно предводена од премиерот Албин Курти, по повеќе од една година политички ќорсокак во најмладата земја во Европа.

dobivaj vesti na viber

Новата влада на Курти беше потврдена со 66 гласови „за“ во парламентот со 120 места. Неговата партија „Ветевендосје“ (Самоопределување) освои 57 места на декемвриските избори, а тој успеа да добие поддршка од неколку мали партии на етничките малцинства.

Новата влада се соочува со итни задачи за одобрување на буџетот за 2026 година и обезбедување меѓународни заеми и пакети за помош во вредност од стотици милиони евра, пишува Ројтерс.

„Во следните четири години, ќе ги зајакнеме сојузите и ќе инвестираме една милијарда евра во одбрана“, им рече Курти на пратениците пред гласањето.

„Ќе ставиме во употреба фабрика за муниција, ќе ја развиеме воената индустрија на Косово и ќе произведуваме домашни борбени беспилотни летала.“

Земјата со 1,6 милиони луѓе одржа предвремени избори во декември 2025 година по неубедливите резултати во февруари.

Курти кратко беше премиер во 2020 година, сè додека не беше изгласан за разрешување од функцијата. Потоа беше премиер од 2021 до 2025 година, а изминатата година ја помина водејќи привремена влада.

Косовскиот парламент сега мора да избере и нов претседател до 5 март, процес што ќе се покаже како предизвикувачки бидејќи бара двотретинско мнозинство. Без таква поддршка, на Курти ќе му биде потребна поддршката од опозицијата или ќе се соочи со уште едни предвремени избори, објави Ројтерс.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија10 часа

Филипче: Нема да дозволам внатрепартиско роварење и поделби платени од ВМРО

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на вечерашната средба во Штип со општинските организации од изборната единица 3,...

Македонија16 часа

Забраната на социјалните мрежи за најмладите во Македонија би била радикален чекор, рече министерот Андоновски во Прилеп

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, изјави дека Владата не размислува за забрана на социјалните медиуми за деца и млади,...

Македонија17 часа

Трендафилов побара мерки против пратеничката Дафина Стојановска оти ги објави неговите деца и за утре најави блокада на газдите

Утре напладне, повторно со најмалку 21 работник, Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) ќе ги блокира Стопанската комора, Организацијата на...

Македонија18 часа

Парите на граѓаните кои ваделе пасош си ги ставал во џеб, кривична пријава за вработен во одделот за издавање документи во Штип

Вработен во Одделението за управни работи Штип ги лажел граѓаните кои ваделе пасош дека не работи пост терминалот за наплата со...

Македонија18 часа

ВМРО-ДПМНЕ предлага продолжување на рокот за легализација на бесправно изградени објекти до 2031 година

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата минатата недела поднела Предлог на закон за изменување на Законот за постапување со бесправно...

Топ19 часа

МВР со детали за тешката сообраќајна незгода на влезот во Скопје: автомобил и камион целосно изгореа, 25-годишник тешко повреден

Вчера во 23:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Скопје-Куманово, пред клучката за обиколница на Град Скопје,...

Македонија21 час

(Видео) Се уриваат дискотеките во Градски парк, ќе се гради нов Луна парк

Старите дискотеки во Градскиот парк во Скопје ќе бидат урнати, а на нивно место ќе се изгради нов Луна парк,...

Македонија22 часа

Бубевски: Стојам зад секоја одлука која сум ја донел, за навредите ќе поднесам тужба ако не добијам извинување

Поранешниот обвинител од специјалното јавно обвинителство, Гаврил Бубевски, ги отфрла сите наводи за какво било влијание и вели дека стои зад...

Македонија22 часа

„Спасовски вршел притисок врз обвинителите во СЈО за кои луѓе да се гонат, Катица Јанева работела по наредба на Заев“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„СДС, Заев и Спасовски, преку Катица Јанева, контролирале кои предмети СЈО ќе ги обработува, кој обвинител ќе ги води и...

Македонија22 часа

„Одбија Законот за 600 евра плата да биде на дневен ред, сакаат авион за Мицкоски“, велат од СДСМ

„Пратениците од тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ, на вчерашната собраниска седница застанаа против работниците: одбија Законот за минимална плата од 600 евра...

Европа22 часа

(Фото) Три деца загинаа во руски напад врз Харков, луѓе останаа без струја во Запорожје

Во напад со руски беспилотни летала врз Боходухив во Харковската област загинаа три мали деца и еден маж, додека нападите...

Свет22 часа

Трамп ѝ дава на Европа контрола врз три клучни бази на НАТО

Доналд Трамп им ја предаде контролата врз три клучни командни центри на НАТО на европските нации во историско реконструкција во...

Свет1 ден

Ученик за пукањето во училиштето во Канада: Ја забарикадиравме вратата со клупи

Дариан Квист, матурант во средното училиште Тамблер Риџ, ги опиша моментите од пукањето во неговото училиште за CBC. Тој рече...

Свет1 ден

(Видео) „Брзата реакција на полицијата спречи поголема трагедија во училиштето“

Премиерот на Британска Колумбија, Дејвид Иби, се обрати до јавноста во врска со нападот. „Ова е ужасна и незамислива трагедија“,...

Свет1 ден

Канадскиот премиер: Шокиран сум од овој ужасен напад

Канадскиот премиер Марк Карни го нарече пукањето во Тамблер Риџ, Британска Колумбија, „ужасно“, велејќи дека е шокиран од нападот и...

Свет1 ден

(Видео) Масакр во Канада:10 лица убиени, најмалку 25 повредени во училишта и домови

Десет лица, вклучувајќи го и осомничениот напаѓач, се пронајдени мртви по пукање во град во североисточната канадска покраина Британска Колумбија,...

Македонија1 ден

Силен земјотрес почувствуван во Македонија

Силен земјотрес беше почувствуван вечерва во 22:05 часот во Македонија. Според информациите на ЕМСЦ, потресот бил регистриран во Косово, на...

Македонија2 дена

Владата најави вонредни контроли на фирмите за медицински канабис

Владата на 149-тата седница одлучи да ги задолжи надлежните институции да спроведат вонредни контроли на сите фирми што имаат одобрение за...

Македонија2 дена

(Видео) Мицкоски и Тошковски ги покажаа 40 тони запленета марихуана: „Никој не е над законот“

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, и премиерот, Христијан Мицкоски, дадоа изјава пред просториите во МВР во кои се сместени...

Македонија2 дена

Превентивно повлечени одредени серии „Аптамил“ формули за доенчиња, соопшти АХВ

Агенцијата за храна и ветеринарство информира дека, врз основа на информации добиени преку европскиот Систем за брзо предупредување за храна...