Спорт
Пенев нов селектор на Бугарија
Поранешниот бугарски репрезентивец Лубослав Пенев и официјално е промовиран во селектор на фудбалската репрезентација на својата земја.
Поранешниот бугарски репрезентивец Лубослав Пенев и официјално е промовиран во селектор на фудбалската репрезентација на својата земја. „Тој многу добро ги познава играчите и мислам дека е најдобро решение за оваа позиција“, изјави Борислав Михајлов, претседателот на Фудбалскиот сојуз на Бугарија. Пенев кој минатата сезона со екипата на Литекс ја освои шампионската титула, на клупата на репрезентацијата ќе го наследи Лотар Матеус.„Ова е чекор напред во мојата тренерска кариера. Верувам дека имаме добри играчи и дека можеме да направиме некој забележителен резултат“, изјави по промоција новиот селектор на Бугарија. Пенев потпиша договор кој ќе важи до крајот на квалификациониот циклус за пласман на Светското првенство во 2014 година. крај/бгнес/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Просинечки ги издвои најдобрите од екс-Југославија, не го спомна Модриќ
Роберт Просинечки (55) пред три месеци стана селектор на црногорската фудбалска репрезентација. Откако ги победи Белорусија и Македонија во првите пријателски натпревари, тој одговараше на прашања за социјалните мрежи на Фудбалскиот сојуз на Црна Гора.
Најинтересен е одговорот на прашањето кое Црногорците го нарекоа ултимативно: Кој е најдобриот екс-ју фудбалер на сите времиња?
„Тешко ми е да го кажам. Знаете, ако кажам Дејо Савиќевиќ, тогаш ќе кажат дека тој е мојот претседател. Имаше многу добри играчи на овие простори, секој од нив обележа еден период. Ги имаше многу, за никој да не се налути или да помисли нешто. Имаше неверојатен број на одлични играчи од генерацијата на Хрватска, а да не зборуваме за играчите кои направија неверојатни кариери, играа во најголемите клубови толку години, па тешко ми е да кажам кој е најдобриот, но еден од нив е Шукер, па Шукер, Бобан потоа Папе Сушиќ. Ова го кажав на брзина. Тоа беа играчите кои го обележаа фудбалот не само во Хрватска туку и во поранешна Југославија.”
Интересно, Просинечки не го ни спомна Лука Модриќ, единствениот добитник на Златна топка од просторот на поранешниот југ и најтрофејниот фудбалер во историјата на Реал.
Спорт
Словенец во рекорден трансфер доаѓа на „Сан Сиро“?
Милан во летниот преоден рок ќе остане без Оливие Жиру. Ветеранот како слободен играч се сели во САД, а клубот ќе мора да најде замена. Тројца играчи се поврзуваат со Милан: Бенјамин Шешко, Џошуа Зиркзе и Серху Гираси, а според медиумите рв пик е репрезентативецот на Словенија.
„Газета дело спорт“ во своето денешно издание пишува дека Шешко има излезна клаузула од 65 милиони евра, која може да се зголеми за дополнителни десет милиони доколку играчот не го напушти клубот во раната фаза од летниот преоден рок.
Овој извор пишува дека ситуацијата во Милан одамна е таква што клубот прво мора да заработи пари од продажба на играчи за да инвестира дел од нив во засилувања, како и дека многу англиски клубови се заинтересирани за Шешеко (20).
Словенецот оваа сезона постигна 16 гола на 40 натпревари.
Доколку трансферот биде реализиран, Милан ќе го урне клупскиот рекорд. Трансфер рекордот го држи Рафа Леао за кого клубот издвои 49 милиони евра.
Спорт
Карагер со порака за Касемиро: Време е за Саудиска Арабија
Манчестер јунајтед „благодарение“, Касемиро, синоќа доживеа тежок пораз на „Селхурст парк“ од Кристал Палас. Бразилецот беше виновен за два од четири гола што ги постигнаа фудабалерите на Кристал Палас.
Англиските и шпанските медиуми, ден по натпреварот пишуваат за срамната партија на Касемиро, кој делуваше изгубено на теренот во улога на стопер. Поранешниот капитен на ливерпул, Џејми Карагер, во улога на стручен коментатаор испрати јасна порака до Бразилецот.
„На полувремето реков дека Тен Хаг треба да го замени. Мислам дека по ова Касемиро како искусен играч треба да знае дека му преостануваат уште три натпревари на ова ниво. Следните два во Премиер лигата и финалето во ФА Купот“, рече Карагер и додаде.
„Знам дека Касемиро постигна толку многу во кариерата, многу повеќе од мене. Но, тој е готов. Да бев негов менаџер, ќе го фатеф телефонот и ќе вртев во Саудиска Арабија или Америка“.
Касемиро беше издриблан осум пати, најмногу од сите играчи во англискиот шампионат оваа сезона.
Карагер за Касемиро изјави дека бил еден од најдобрите играчи од средниот ред во своето време додека играл во Реал, но и дека се има свој крај.
„Кога јас се пензионирав, важеше изреката „остави го фудбалот пред тој да те остави фудбалот“. Фудбалот го напушти, не е на нивото кое го бара Премиер лигата, мислам дека треба да замине“, рече Карагер.
Касемиро во Манчестер јунајтед пристигна рпед две сезони од Реал за 70 милиони евра. Договорот со „црвените ѓаволи“ му истекува за две години.