Свет
НАТО ќе ја поддржи интервенцијата во Либија
Француското министерство за надворешни работи соопшти денес дека НАТО ќе пружи поддршка на меѓународната војна интервенција во Либија кога САД ќе одлучи да го намали своето учество
„Кога Американците ќе решат малку да се повлечат, НАТО може да дојде како поткрепа“, рече портпаролката на француското министерство за надворешни работи Кристин Фаге, пренесе Reuters.Амбасадорите на НАТО не успеаја да се договорат вчера околу тоа дали НАТО треба да биде на чело на операцијата за воведување на зона за забрана на летови.Американскиот претседател Барак Обама , соочен со бројни прашања околу воениот ангажман во третата муслиманска земја по Ирак и Авганистан, рече дека Вашингтон ќе ја препушти контролата над либиската операција за неколку дена.Обама не потенцираше кој ќе ја преземе главната улога, но Франција и Британија беа главни во поддржувањето на интервенцијата во Либија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Пукање на универзитет во САД, едно лице убиено, шестмина ранети
Најмалку едно лице е убиено, а шестмина се повредени во пукање на Универзитетот Линколн во Пенсилванија, за време на прослава на поранешни студенти, јави Си-Ен-Ен.
Инцидентот се случил синоќа во близина на Меѓународниот културен центар во кампусот, каде по фудбалски натпревар се одржувала забава. Пукањето предизвикало паника меѓу присутните, а неколку лица биле повредени додека се обидувале да побегнат од местото.
Обвинителот на округот Честер, Кристофер де Барена-Саробе, изјави дека моментално се испитуваат околностите, но засега нема индиции дека станува збор за напад со цел масовно насилство. Едно лице со оружје е приведено, а се проверува дали имало повеќе напаѓачи.
Во истрагата учествуваат локалните, државните и федералните власти, меѓу кои и ФБИ, кој побара од јавноста да достави информации за настанот.
Полицијата изрази жалење што трагедијата ја засенила традиционалната прослава на Универзитетот Линколн — првиот историски универзитет во САД што доделува дипломи на Афроамериканци.
Настанот се случил само еден ден по друго пукање, во близина на Универзитетот Хауард во Вашингтон, каде беа ранети пет лица за време на слична прослава.
Свет
Фицо: Словачка нема да финансира програми на ЕУ за воена помош на Украина
Словачкиот премиер Роберт Фицо изјави дека земјата нема да учествува во ниту една програма на Европската унија чија цел е финансирање на воена помош за Украина.
Фицо потсети дека неговата влада веднаш по доаѓањето на власт во 2023 година ја прекинала државната воена помош, но дозволува комерцијална продажба на оружје. Тој повтори дека „решението не е на бојното поле“.
Словачкиот премиер ги критикуваше и санкциите против Русија, велејќи дека повеќе ѝ штетат на Европа отколку на Москва.
Фицо додаде дека санкциите може да имаат последици и за словачката рафинерија „Словнафт“, која е дел од унгарската група „МОЛ“, откако САД најавија мерки против руските нафтени компании „Росњефт“ и „Лукоил“.
Свет
Нетанјаху: Израел ќе одреди чии воени сили се прифатливи во Газа
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе одлучува кои странски сили ќе можат да бидат дел од планираните меѓународни трупи во Газа, кои треба да помогнат во спроведување на мировниот план на американскиот претседател Доналд Трамп.
„Кога станува збор за меѓународни сили, Израел ќе одреди кои се прифатливи, а кои не. Така постапувавме и така ќе продолжиме“, рече Нетанјаху, додавајќи дека тоа е усогласено и со САД.
Според планот, американски војници нема да учествуваат, а можно е силите да бидат составени од војници од Египет, Индонезија и земјите од Заливот.
Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека меѓународните сили ќе ги сочинуваат „земји со кои Израел се чувствува пријатно“, нагласувајќи дека учеството на Турција е малку веројатно поради влошените односи.
Нетанјаху порача и дека Израел останува независна држава која самостојно ја води својата безбедносна политика и дека „американската администрација не ја контролира“.

