Црна хроника
Украден пиштол од словенечко БМВ во Скопје
Крадец скршил стакло на автомобил и украл пиштол, документи и клуч.
Како што соопшти полицијата, во неделата, во Скопје, на бул.„Киро Глигоров“ непознат сторител со кршење на стакло од врата на атомобил „БМВ“ со словенечки регистерски ознаки извршил тешка кражба.Тој украл торба во која имало лични и службени документи, еден пиштол кој сопственикот го поседувал со дозвола и еден клуч од возило.Потоа избегал. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Три лица од Скопје искасани од кучиња скитници
Вчера во 14.15 часот во Полициската станица Кисела Вода, Н.П. пријавил дека на ул.„Спиро Гулапчев“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
Истиот ден во 12.15 часот во Полициската станица Карпош, С.Н.(59) од Скопје пријавил дека на бул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
Во Полициската станица Гази Баба вчера во 11.00 часот Б.П.(71) од Скопје пријавила дека на ул.„Ташко Караџа“ во Скопје била касната од куче скитник.
Црна хроника
Со возило удрен пешак во Струшко, со тешки повреди пренесен на клиника
Денеска во 01.50 часот, во полициската станица Струга пријавено е дека на магистралниот пат Ќафасан – Подмоље, патничко возило „ауди“ со струшки регистарски ознаки, управувано од О.Н.(32) од с.Драслајца, струшко, удрило во пешакот Б.Т.(36) од Охрид.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Струга.
Црна хроника
Приведен криминалец баран по потерница
Вчера во 06.30 часот, полициски службеници од ОВР Неготино го привеле М.А.(34) од село Корешница, демиркаписко, кој бил баран по потерница врз основа на наредба на Основен суд Неготино за издржување казна затвор од една година, за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотична дрога, психотропни супстанци и прекурзори“ по член 215 од Кривичниот законик.
М.А. бил спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Гевгелија за издржување на казната.