Контакт

Свет

Двајца руски полицајци убиени во Дагестан

Објавено пред

Неидентификувани напаѓачи денеска убиле двајца полицајци во немирната руска република Дагестан, соопшти полицијата, пренесува Риа Новости

dobivaj vesti na viber

Едниот полицаец умрел на местото на нападот, додека другиот починал на патот кон болницата. Двајцата загинаа кога полициската станица во која работеле во главниот град на републиката, Махачкала, била нападнат од група непознати напаѓачи.Полициските службеници во републиките во рускиот кавкаски регион се честа цел на нападите на исламистичките бунтовнички групи. Нападите врз припадниците на дагестанската полција се речиси секојдневан појава. Од минатиот декември и јануари се убиени двајца високи полицски службеници, Абдулхаким Каримов, началник на оперативно-разузнавачкито одек Бабајуртската област и началникот на јавната безбедност, Заирбек Хазриев.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

(Видео) „На улиците владее паника и хаос, на луѓето им се слоши“, вели жител на Хрватска кој се наоѓа во Бангкок

Објавено пред

Земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала го погоди Мјанмар, соопшти Американскиот геолошки институт. Стотици луѓе во тајландската престолнина Бангкок во паника излегоа од зградите откако почувствуваа дека земјата се тресе, јавува Ројтерс.

dobivaj vesti na viber

Според Геолошкиот институт на САД, епицентарот бил на околу 17,2 километри од градот Мандалеј, кој има околу 1,2 милиони жители. Околу 12 минути по првиот земјотрес, втор силен последователен потрес со јачина од 6,4 ја погоди областа.

„Ситуацијата е хаотична. Луѓето се на улица затоа што луѓето бегаат од зградите и трговските центри. Сите се во паника затоа што се плашат од нов земјотрес. Има огромни гужви на патиштата, не можете да го напуштите центарот“, објави хрватски Индекс, сведоштво на човек кој се наоѓа во Бангкок.

Во моментот на земјотресот тој бил на улица. „Кога се тресеше, се исплашив. Зградите се нишаа, имаше голема штета“, вели човекот.

Тој додава дека на луѓето им се слошило поради стрес и високи температури.

„Поради евакуацијата затворени се центрите и хотелите… Има паника“, изјави тој, пренесува хрватски Индекс.

Прикажи повеќе...

Свет

Путин: Руската армија ќе ги докрајчи украинските вооружени сили

Објавено пред

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека има причина да се верува дека руските трупи „ќе ги докрајчат украинските вооружени сили“.

dobivaj vesti na viber

„Руските трупи ја имаат стратешката иницијатива по целата линија на фронтот. Неодамна реков дека ќе ги „притиснеме“, но има причина да веруваме дека ќе ги докрајчиме“, рече Путин во четвртокот за време на обиколката на нуклеарната подморница Архангелск во рамките на работната посета на Мурманск, пренесува РИА Новости.

Тој оцени дека воведувањето на привремена администрација во Украина ќе овозможи да се одржат „демократски избори и да се донесе легитимна влада на власт“, ​​со која потоа ќе може да се преговара за мир.

„Со таа влада, Русија би можела да започне преговори за мировен договор и да потпише документи кои ќе бидат признати низ целиот свет и кои ќе бидат сигурни и стабилни. Сега Русија не е јасно со кого треба да потпише нешто, бидејќи утре ќе дојдат други лидери. Но, ова е само една опција. Не велам дека други не постојат. Но, ова е една од можностите и таква практика постои во работата на рускиот претседател“.

Зборувајќи за можностите за решавање на конфликтот во Украина, Путин потсети дека практиката на надворешно управување или привремена администрација е користена неколку пати во рамките на мировните активности на ОН, на пример, во Источен Тимор, Нова Гвинеја и некои делови од поранешна Југославија.

Според него, бидејќи минатата година немало претседателски избори во Украина, граѓанските власти во земјата сега се нелегални.

„Ова може да доведе до неонацистички групи ефективно да ја преземат земјата“, посочи тој.

Путин истакна дека руските војници ослободиле 99 отсто од територијата на Луганск и над 70 отсто од територијата на регионите Доњецк, Запорожје и Керсон.

Тој посочи дека Русија постепено, но „упорно и самоуверено“ се движи кон реализација на сите цели на, како што наведе, „специјалните воени операции“.

Како што оцени, кураторите од Европа ја убедиле Украина да ја продолжи војната до последниот Украинец за да и нанесе стратешки пораз на Русија.

„Нивните куратори пристигнаа од Европа, особено од Велика Британија. Поранешниот премиер Борис Џонсон го убеди украинското раководство дека е неопходно да се продолжи вооружената борба до последниот Украинец, во суштина, со цел да и се нанесе стратешки пораз на Русија“, рече Путин.

Тој рече дека Русија е посветена на мирно решение на украинскиот конфликт.

„Дури и кога конфликтот влезе во вжештена фаза во 2022 година, ние сепак предложивме сите прашања да се решат по мирен пат“, посочи Путин и додаде „дека Русија не е земјата која ги започна непријателствата“.

Според него, Русија е подготвена да преговара со Европа за решавање на конфликтот во Украина, но ЕУ се однесува неконзистентно и постојано се обидува да „ја влече за носот Русија“.

„Патем, ние сме подготвени да работиме со Европа за решавање на конфликтот во Украина, само тие се однесуваат неконзистентно. Постојано се обидуваат да ни го влечат носот”, но во ред е, веќе сме навикнати. Се надевам дека нема да правиме грешки врз основа на прекумерна доверба во нашите таканаречени партнери”, вели Путин.

Рускиот лидер рече дека Западот не разбира каков е рускиот народ.

„Западните лидери очигледно заборавија или навистина не разбираат што е рускиот народ, што е во душите и срцата на нашиот народ кога станува збор за безбедноста на татковината“, рече Путин.

Тој изјави дека и Русија и светот внимателно го следат напредокот на руско-американските преговори.

Тој истакна дека Русија има стратешки баланс со САД и дека ќе ја развие својата флота навремено и внимателно.

„Имаме стратешка рамнотежа со САД. Ќе се однесуваме со најголемо внимание. Ќе направиме се навремено“, заклучи претседателот на Русија.

Прикажи повеќе...

Свет

Осум загинати при уривање зграда во Мјанмар, се стравува дека други се заробени

Објавено пред

Осум лица загинаа, а се стравува дека други се заробени откако зградата во изградба се урна во населено место Пји Ги Тагон во Мандалај, вториот по големина град во Мјанмар, околу 13 часот по локално време, изјави сведок за Гардијан.

dobivaj vesti na viber

„Целиот град Мандалај ги почувствува последиците од земјотресот. Спасувачките тимови и болниците се преоптоварени. Се задоволуваме со ресурсите што ги имаме во соседството“, рече сведок кој сакаше да остане анонимен.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 минути

Македонците и годинава ќе можат да патуваат во ЕУ како досега: Системот ЕТИАС е одложен

Системот ЕТИАС кој ќе се применува за влез во земјите од Европската Унија, повторно е одложен и ќе стартува на...

Македонија37 минути

Сестрата на прегазената Фросина Кулакова: „На движењето ‘Кој е следен?’ не му е важна жртвата, туку агендата“

Росица Кулакова, сестрата на трагично прегазената Фросина Кулакова, првпат јавно зборуваше за случувањата по загубата на сестра си, но и...

Топ2 часа

Уапсени двајцата возачи што удрија пешаци во Скопје, автомобилите одземени

Полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода 45-годишниот И.С. од Скопје, затоа што на 27.03.2025 околу 21.50 часот...

Свет3 часа

(Видео) Први снимки по разорниот земјотрес во Мјанмар: се тресеше и на Тајланд на 1.000 километри од епицентарот

Застрашувачки снимки излегуваат од Тајланд откако утринава два разорни земјотреси го погодија Мјанмар. Првиот земјотрес со јачина од 7,7 степени...

Македонија4 часа

Почувствуван земјотрес во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот...

Свет4 часа

Снимка од подморницата на смртта пред трагедијата во Египет: „Почна да тоне додека сè уште беа отворени челичните врати“

Шест туристи трагично загинаа откако подморница потона крај брегот на Египет додека беа на обиколка на подводните корални гребени. Вкупно...

Регион5 часа

Авионот на Додик полетал од Израел и среде ноќ слетал во Белград

Авионот на Владата на Република Српска полетал синоќа во 21 часот и 32 минути од аеродромот Бен Гурион во Тел...

Свет5 часа

Белата куќа му одговори на Путин: Украинците одредуваат кој управува со Украина

Управувањето на Украина го одредува нејзиниот Устав и народот на таа земја, изјави портпаролот на Советот за национална безбедност на...

Европа5 часа

Путин: Украина би можела да биде ставена под привремена управа

Рускиот претседател Владимир Путин сугерираше дека Украина би можела да биде ставена под некаков облик на привремена администрација за да...

Македонија6 часа

Посебен режим на сообраќај на магистралниот пат ГП Блаце – Скопје: ќе се извлекува камион излетан од патот

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека денеска во периодот од 05.00 до 07.00 часот на магистралниот пат ГП...

Македонија21 час

Повредените со изгореници да не веруваат на мевлеми на социјалните мрежи, преврските се прават во болница, апелира директорката на Пластична хирургија

Тим од Пластична хирургија и од Министерството за здравство вчера констатирал дека во болницата во Кочани има услови за лекување...

Македонија22 часа

Деветмина пациенти денес излегуваат од нашите болници, а осуммина се враќаат од странство, во Скопје ќе останат 15, а во странство 100  

Од денес на домашно лекување одат деветмина пациенти, кои се лекуваа на скопските клиники по пожарот во Кочани, а дома...

Македонија22 часа

Ќе се испитува дали постои основа за задржување на насилникот од Радовиш, кој сподели видео на „Тик-ток“ додека ја тепаше сопругата

За лицето од Радовиш, кое целата јавност го виде на видео на „Тик-ток“ додека ја тепа својата сопруга, ќе се...

Македонија23 часа

„Не заборавајте дека нашите деца си заминаа поради партиите, дојде време да избираме децата или партиите“: се огласија кочанчани

Дојде време да избираме децата или партиите. Живееме во време кога луѓето повеќе веруваат во партиите отколку во самите себе....

Македонија1 ден

За хероите од Кочани

„За вистинските херои од Кочани“ – нешто што нема да го прочитате и видете на друго место, а никој не...

Македонија1 ден

(Видео) Нова снимка од пожарот во Кочани: „Излегувај, се запали ‘Пулс’“

Нова снимка од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани се појави на социјалните мрежи. На видеото може да се забележат...

Македонија1 ден

Пет години од членството на Северна Македонија во НАТО

Северна Македонија денеска одбележува пет години од членството во НАТО. Таа влезе како 30. членка на алијансата. Услов за членството...

Македонија1 ден

„Ургентно формирање парламентарна комисија за оценување на селективната правда во третманот на трагедијата во Кочани“, бара ДУИ

„Парламентарната група на Европскиот Фронт денеска официјално ќе побара формирање на посебна Парламентарна Комисија за истражување на селективниот и едностран...

Свет1 ден

Трамп наметнува царина од 25 отсто на милиони автомобили, тоа е огромен удар за Европа

Претседателот Доналд Трамп најави нова царина од 25 отсто за која рече дека ќе се применува на „сите возила што...

Европа1 ден

(Видео) Масовен напад со дронови врз Харков

Руските сили вчера вечер извршија масовен напад со беспилотни летала врз Харков, вториот по големина град во Украина, при што...