Спорт
Жрепка за Вимблдон
Во Лондон е обавена жрепката за третиот тениски Грен Слем оваа година, Вимблдон.
Во Лондон е обавена жрепката за третиот тениски Грен Слем оваа година, Вимблдон.Горна половина од жрепкатаВо групата на првиот носител Рафаел надал поважни двојки се:Рафаел Надал (1) – Мајкл Расел (САД)Марди Фиш (10. САД) – Марсел Грањолерс (Шпанија)Томас Бердик (6. Чешка) – Филипо Воландри (Италија) Во Групата на Енди Мареј:Енди Мареј (4. В. Британија) – Даниел Химено Травер (Шпанија)Иван Љубичиќ (Хрватска) – Марин Чилиќ (Хрватска)Ришар Гаске (Франција) – Сантијаго Џиралдо (Колумбија)Иво Карловиќ (Хрватска) – Јанко Типсаревиќ (Србија).Долна половина од жрепката:Група на Роже Федерер:Роже Федерер (3 Швајцарија) – Михаил Кукушкин (Казахстан)Хуан Монако (Аргентина) – Михаил Јуижни (Русија)Николас Алмагро (Шпанија) – Јарко Ниеминен (Финска)Група на Новак Ѓоковиќ:Новак Ѓоковиќ (2.Србија) – Жереми Шарди (Франција)Робин Содерлинг (5 Шведска) – Филип Пецнер (Германија)Игор Андреев (Русија) – Тејмураж Габашвили (Русија)Хавиер Малис (Белгија) – Миша Зверев (Германија0Маркос Багдатис (Кипар) – Џемс Блејк (САД)Виктор Троицки (Сбија) – Максимо Гонзалес (Аргентина) /крај/Макфакс/.м.н.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Вардар е лидер во ПМФЛ, го доби дербито против Шкендија во Тетово
Вардар со победа над Шкендија во Тетово, го заклучи 10-то коло во Првата македонска фудбалска лига. Вардар со минимален резултат го победи актуелниот првак. Ова е прва победа на Вардар над Шкендија по цели осоум години, односно по 21 натпревар.
Клучниот момент на натпреваро се случи во 49-та минута кога Алхасан играше со рака пред својот гол, а Давид Бабунски го реализираше пеналот.
!function(r,u,m,b,l,e){r._Rumble=b,r[b]||(r[b]=function(){(r[b]._=r[b]._||[]).push(arguments);if(r[b]._.length==1){l=u.createElement(m),e=u.getElementsByTagName(m)[0],l.async=1,l.src=”https://rumble.com/embedJS/u4″+(arguments[1].video?’.’+arguments[1].video:”)+”/?url=”+encodeURIComponent(location.href)+”&args=”+encodeURIComponent(JSON.stringify([].slice.apply(arguments))),e.parentNode.insertBefore(l,e)}})}(window, document, “script”, “Rumble”);
Rumble(“play”, {“video”:”v6yo0v8″,”div”:”rumble_v6yo0v8″});
Шкендија изедначи во 88-та минута, но ВАР го поништи голот. Стрелецот Ибраими беше во офсајд.
По 10 рунди Вардар е лидер на табелата со 24 бода и единствен е без пораз во првенството. Зад Вардар се Струга со 23, односно Силекс и Шкендија со по 21 бод.
Спорт
Винисиус ќе биде казнет, веројатно и продаден
Непримерното однесување на Винисиус Жуниор, во 72-та минута кога му беше јасно дека ќе биде заменет со Родриго, ја засени блескавата победа на Реал (2:1) во првото „Ел Класико“ оваа сезона.
Шпанските медиуми, многу внимание му посветија на Бразилецот, ги посочуваат неговите поранешни испади во кои се истакнуваат негови изговорени зборови. Пишуваат дека Винисиус, покажува збор за непочитување кон тимот, грбот, дресот, тренерот, соиграчите кои играа, соиграчот на клупата, соиграчот кој влегува по него, навивачите на трибините…
Без разлика дали одлуката на Чаби Алонсо да го извади Винисиус од игра порано од очекуваното беше правилна, јасно е дека неговото однесување не смее да биде пример.
Што сега?
Управата е разочарана, договорот што го има сега трае до 2027 година, а планот на Винисиус е да почека бидејќи по ваквите постапки е сè помалку веројатно дека ќе потпише нов договор.
Наместо нов договор, клубот сега размислува за казна за Вини, тој ќе биде санкциониран за неговото однесување и единственото прашање е на кој начин…
Исто така сега како реална опција се наметнува продажбата. Во 2026 година кога ќе заврши сезоната, Винисиус би можел да го напушти Реал.
Спорт
Јувентус бара тренер, а има двајца под договор до 2027 година
Фудбалскиот клуб Јувентус, по серијата лоши резултати, му врачи отказ на тренерот Игор Тудор. „Старата дама“, нема победа на последните осум натпревари во сите натпреварувања, а на последните четири не постигна гол.
Бизарно е што Јувентус бара тренер, а има двајца на платениот список.
На Тијаго Мота, кој седи, ужива и прима плата од март оваа година, му се придружи неговиот наследник Игор Тудор.
Двајцата имаат важечки договори со „бјанконерите“ до 2027 година и би можеле, доколку одлучат да не тренираат никого додека се под договор со Јувентус, да заработат вкупно 25 милиони евра во меѓувреме.
Италијанскиот фудбалски инсајдер Николо Скира објави дека Лучијано Спалети и Роберто Манчини се заинтересирани за клупата на „Старите дами“, но дека кој било од двајцата ќе претставува голем предизвик за сопствениците на клубот.
И Спалети и Манчини се сметаат за тренери кои инсистираат на основни долгорочни договори, двајцата чинат многу пари, а преговорите вклучуваат задолжителни засилувања, па прашањето е дали Јувентус, може тоа финансиски да го издржи.
Поради сè, некој со помал углед и цена во Италија, како Рафаеле Паладино, би можел да добие шанса. Тој наводно би бил опција до крајот на сезоната, а потоа би подготвиле место во Торино за доаѓањето на Дидие Дешан, кој веќе објави дека се повлекува од функцијата селектор на Франција по Светското првенство во Мексико, САД и Канада.
Скира и други истакнати италијански новинари го споменуваат и Лоран Блан како можно решение.

