Македонија
АИ:Хашките случаи мораат да имаат судска разрешница
Организацијата за заштита на човековите права Амнести Интернешенал(АИ) ги повика македонските власти веднаш да ја поништат парламентарната одлука за автентично толкување на Законот за амнестија.
Организацијата за заштита на човековите права Амнести Интернешенал(АИ) ги повика македонските власти веднаш да ја поништат парламентарната одлука за автентично толкување на Законот за амнестија.Според АИ, со ваквата одлука жртвите и нивните роднини остануваат без право за правна завршница на случаите „Раководство на ОНА“, „Мавровски работници“, „Липковска брана“ и „Непрошетно“, кои беа вратени од Хашкиот трибунал во 2008 година и доверени на македонските судови. „Одлуката на Парламентот е во спротивност со меѓународниот закон и ќе ги остави жртвите и нивните роднини без пристап до правдата“, изјави Сиан Џонс, претставник на АИ за Западен Балкан.Тој додава дека Македонија мора да ги почитува меѓународните обврски, а македонските власти мораат да спроведат истрага за сите случаи вратени од Хашкиот трибунал и виновниците да ги изведат пред лицето на правдата.„Преживеаните и жртвите мораат да добијат целосна отштета“, смета Џонс.Од АИ посочуваат дека разбираат дека донесувањето на ваква одлука била дел од договорот за постизборно коалицирање меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, но додаваат дека обвинувањата за кршење на меѓународното хуманитарно право не можат да бидат субјект на политички преговори.Понатаму се додава дека Организацијата побарала од премиерот Никола Груевски без одложување да овозможи судска завршница за сите случаи вратени од Хашкиот трибунал. /крај/аи/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ЦУК: Извлечени завеани пет малолетни и едно возрасно лице од с. Рајчани и се однесени безбедно до нивните родители во Кочани
Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека денеска во 09.53 часот преку Единствениот телефонски повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК е добиена пријава за пет малолетни лица и едно возрасно лице дека поради обилните снежни врнежи се заглавени во с. Рајчани, Општина Кочани и не можат да се симнат во Кочани.
Од ЦУК, преку Секторот за операции и координација, веднаш е контактирано со СВР Штип, ПС Кочани и со лицето за контакт од Општина Кочани и Градоначалникот на Општина Кочани, за координирање на активностите.
Во 11.50 часот лицата се извлечени со теренско возило на член на Доброволна планинска спасувачка служба „Осогово“ од Кочани и истите безбедно се однесени и предадени на нивните родители.
Македонија
Железничкиот сообраќај се одвива непречено и без проблеми
Министерството за транспорт информира дека патничкиот железнички сообраќај се одвива нормално и без прекин, со минимални задоцнувања кои брзо се надминуваат благодарение на интервенците од дежурните екипи од ЈП „Инфраструктура“ на терен.
„Посебен акцент е ставен на интервенции кај критичните точки, обезбедувајќи непречено и безбедно движење на патничките возови.
Товарниот железнички сообраќај се одвива со мали застои, кои главно се предизвикани од заснежени или замрзнати свртници. Јавното претпријатие „Инфраструктура – Железници“ исто така со дежурни екипи континуирано работат на расчистување и одржување на свртниците, овозможувајќи континуитет во сообраќајот.
„Железници на Северна Македонија – Транспорт“ и ЈП „Инфраструктура“ остануваат посветени на обезбедување квалитетна и сигурна услуга за сите корисници“, велат од министерството.
Македонија
ЦУК: Пет малолетни лица и еден возрасен поради обилниот снег се заглавени во село Рајчани
Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека шест лица се заглавени кај село Рајчани поради обилниот снег.
„Во 09:53 преку број за итни повици 112 добиена е пријава за 5 малолетни лица и 1 возрасно лице кои поради обилните снежни врнежи се заглавени во с. Рајчани, Општина Кочани и не можат да се симнат во Кочани“, велат од ЦУК.
Оттаму додаваат дека е контактирано со СВР Штип, ПС Кочани, лицето за контакт од општина Кочани, Градоначалникот на Општина Кочани, Доброволна спасителна служба Осогово од Кочани за координирање на активностите.