Регион
Три жртви во невремето во Бугарија

Најмалку три жртви се регистрирани како последица на големиот студ што ја зафати северна Бугарија, додека во југозападниот дел од земјата снежната виулица блокираше стотици автомобили на патиштата, а илјадници домаќинства останаа без електрична енергија во регионот на Видин.
Пациент почина во амбулантно возило на патот меѓу Влчедрм и Лом, во понеделник, кога бил добиен сигнал за несреќа на возило на брзата помош, кое поради лошите метеоролошки услови не можело да го пробие патот.
Во Врачанскиот регион, на непрочистениот пат поради многу високите снежни наноси меѓу 1,5 и 2 метра, во автомобил бил пронајден 56-годишен маж, а во село во истата област во дворот од куќата во којашто живеел сам било пронајдено телото на 90-годишен маж.
Вонредната состојба во средата уште е на сила во областите Враца и Монтана, соопшти за бугарските медиуми директорот на службата за Противпожарна безбедност и заштита на населението, Николај Николов
Во среда, исто така, не се пријавени жртви или повреден. Николови истакнал дека во седум население места во областа Видин сé уште нема електрична енергија. Додал дека ноќта кон средата 300 припадници на полицијата, со помош на вработени на службите за одржување на патиштата успеале да извлечат 660 автомобили, десет камиони и четири автобуси со вкупно околу 900 луѓе кои биле завеани, од кои некои биле во снежната стапица и до 15 часа. Прецизирал дека во средата биле евакуирани 320 луѓе и извлечени 65о автомобили.
Според националната метеоролошка служба на Бугарија, следните два дена се очекува дополнително влошување на временските прилики, особено во југоисточна Бугарија./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.