Свет
ЕУ дава 436 милиони евра за обнова на Газа
Европската унија (ЕУ) ќе вети 436 милиони евра за обнова на Појасот Газа, соопшти денеска Европската комисија (ЕК).
Европската унија (ЕУ) ќе вети 436 милиони евра за обнова на Појасот Газа, соопшти денеска Европската комисија (ЕК).
“Еврокомесарот за надворешни работи Бенита Фереро-Валднер, на 2 март во Шарм ел-Шеик, ќе вети 436 милиони евра“, соопштено е во Брисел.
Донаторска конференција за обнова на Газа, во понеделник, ќе се одржи во ова египетско летувалиште.
“Овој европски финансиски придонес ќе биде наменет за хуманитарната помош и брзо закрепнување на појасот Газа“, се наведува во соопштението на Комисијата.
Палестинскиот премиер Салам Фајад, во средата, соопшти дека Палестинската управа ќе побара 2,8 милијарди долари за обнова на Газа, уништена во тринеделното израелско бомбардирање./крај/он/ис
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Фајненшл Тајмс: НАТО не може да ја заштити Источна Европа
НАТО има помалку од пет отсто од капацитетите за противвоздушна одбрана потребни за заштита на Источна и Централна Европа во случај на интензивен напад, пишува Фајненшл тајмс, повикувајќи се на неколку извори запознаени со доверливите одбранбени планови на алијансата, направени во 2023 година, пренесува Спутник.
„Воздушната одбрана е една од најголемите празнини што ги имаме. Тоа не можеме да го негираме“, изјави неименуван дипломат на НАТО.
„Способноста на алијансата да издржи ракетни и воздушни напади беше суштински дел од планот за одбрана на Источна Европа од инвазија“, вели друг извор.
„И сега го немаме тоа“, додаде тој.
Во написот се вели дека и на Велика Британија ѝ оди лошо во оваа област. Според „Фајненшл тајмс“, шесте разурнувачи дизајнирани за противвоздушна одбрана имаат недостатоци во дизајнот, а шесте модерни системи за воздушна одбрана „Скај Сабер“ имаат дострел од само 40 километри, а два од нив се наоѓаат во странство.
Регион
Српски медиуми: Еден од осомничените за убиството на малата Данка повеќе нема да се брани со молчење
Срѓан Јанковиќ, осомничениот за убиството на двегодишната Данка Илиќ, повеќе нема да се брани со молчење, туку реши да зборува за случајот со девојчето чиешто тело се’ уште не е пронајдено два месеци по нејзиното исчезнување, дознава „Блиц“.
Според неофицијалните информации на српскиот портал, тој размислувал дали ќе даде исказ во Вишото јавно обвинителство во Зајечар и на крајот решил да го прекине молкот.
За потсетување, двегодишното девојче од Данска исчезна на 26 март во Бањско поле кај Бор во Србија, а полицијата 10 дена по претресот ги уапси Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ од Бор. Се сомневаат дека девојчето го удриле со автомобил, го ставиле телото во багажникот и го однеле на депонија.
Полицијата ги приведе таткото и братот на Дејан Драгијевиќ. Таткото по два месеци излезе од притвор, а истрагата за случајот е во сенка на насилната смрт на братот на Дејан Драгијевиќ – Далибор. Имено, тој починал во притвор, а од МУП соопштија дека му се слошило. Но, според извештајот од обдукцијата, кој го објави српскиот портал „Радар“, тој наводно бил претепан во затвор.
Новинарите од порталот „Србија Данас“ ја посетија мајката на девојчето. Таа не сакаше да го коментира ослободувањето на таткото на Дејан Драгијевиќ од притвор.
„Сум слушнала различни приказни, дека е виновен и дека не е, а од полицијата немам информации“.
Рекла дека била шокирана и разочарана од приказните на нејзините соседи од Бор. Велат дека се шири лагата дека заминала во Германија.
„Не отидов никаде, тука сум. Луѓето ми се јавуваа во два часот по полноќ и ме малтретираа и ми се закануваа. Морав да го сменам бројот неколку пати“, рекла таа.
Телото на двегодишната Данка се уште не е пронајдено.
Европа
Макрон разговараше со претседателот на Палестина:„Решението за две држави не треба да се одложува“
Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека систематското одложување во спроведувањето на решението за две држави за Израел и Палестина треба да заврши.
„Макрон ја потврди посветеноста на Франција да работи, со своите европски и арапски партнери, на заедничката визија за мир што нуди гаранции за безбедност на Палестинците и Израелците“, се вели во соопштението на Елисејската палата по телефонскиот разговор меѓу францускиот претседател и неговиот колега Махмуд Абас.
„Овој процес треба да ја вклучи перспективата за признавање на палестинска држава со практична структура“, се вели во соопштението.
Макрон ја истакна потребата од реформирање и зајакнување на палестинската самоуправа за да може да ги извршува своите одговорности на палестинските територии, вклучувајќи го и Појасот Газа, за доброто на палестинскиот народ, пренесува француската новинска агенција АФП. Тој повторно го осуди неодамнешниот израелски напад во Рафах во кој, според локалните власти, загинаа 45 лица.
Разговорот меѓу францускиот и палестинскиот претседател дојде откако Норвешка, Шпанија и Ирска официјално ја признаа Палестина.
Вчера и Макрон изрази наклоност за француското признавање на Палестина, но додаде дека тоа треба да се случи во вистинско време.