Свет
САД и Мексико ја засилуваат заедничката борба против наркокартелите
Претседателот на САД, Барак Обама и претседателот на Мексико, Фелипе Калдерон, се договорија да ја продлабочат нивната соработка во борбата против насилството на наркокартелите.
Претседателот на САД, Барак Обама и претседателот на Мексико, Фелипе Калдерон, се договорија да ја продлабочат нивната соработка во борбата против насилството на наркокартелите.Обама на заедничката прес-конференција во Вашингтон го пофали мексиканскиот претседател поради „вонсериската храброст“ во борба против насилството на нарко бандите кои се одговорни за убиства од двете страни на границата.Тој вети дека ќе ја забрза американската помош наменета за обучување и опремување на мексиканските безбедносни сили поради понатамошната борба. Американскиот претседател призна дека сепак САД мора да прекине со приливот на пари и оружје за нарко картелите во Мексико.„Свесни сме дека битката која во Мексико ја води претседателот Калдерон не е само негова, туку и наша битка. Мораме да превземеме одговорност, исто како што ја презеде Калдерон“, изјави Обама./крај/бе/пк
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Путин: Русија ќе продолжи да работи на формирање мултиполарен светски поредок
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија ќе продолжи да работи со партнерите за формирање мултиполарен светски поредок, како и дека се можни дискусии за безбедносни прашања со западните земји, но под еднакви услови.
„Заедно со партнерите во евроазиската интеграција, со другите центри за суверен развој, ќе продолжиме да работиме на формирање мултиполарен светски поредок, еднаков и неделив безбедносен систем“, рече Путин на церемонијата на инаугурација во палатата во Кремљ.
Тој рече дека Русија била и ќе биде отворена за зајакнување на добрите односи со сите земји.
Русија не го отфрла дијалогот со западните земји, туку дека изборот е нивен, посочи Путин.
„Дали сè уште планираат обиди да го запрат развојот на Русија, да ја продолжат политиката на агресија, притисокот врз нашата земја кој не запира со години или бараат начин за соработка и мир“, рече рускиот лидер на церемонијата на инаугурација. .
Рускиот лидер денеска положи заклетва на церемонијата на инаугурација во Големата палата Кремљ и официјално стана претседател на Русија.
Путин ќе остане на функцијата во следните шест години, до 2030 година, пренесува РИА Новости.
Регион
Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на косовските институции
Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на косовските институции, изјави министерот за одбрана Ејуп Македончи.
„Група руски хакери извршија сајбер-напад на Косово како одмазда за мојата изјава за поддршка на Украина“, изјави Македончи.
Во текстот на руските хакери се споменува говорот на тој косовски министер кој, според нив, рекол дека „Косово е подготвено да и понуди воена помош на Украина“.
„Косово е подготвено да ги здружи колективните напори за поддршка на одбраната на Украина. Треба повеќе да размислат за ова“ – напишаа хакерите на руски, спомнувајќи го министерот Македончи.
Министерката за надворешни работи и дијаспора Доника Гервала објави дека „Русија врши хибриден напад на Косово“.
Гервала на мрежата „Х“ изјави дека „рускиот хибриден напад на Косово“ доаѓа по најавата за поддршка на Косово за Украина со воена опрема.
Свет
Хумза Јусаф поднесе оставка, Шкотска има нов премиер
Новиот претседател на шкотската партија СНП, Џон Свини во шкотскиот парламент е избран за нов шеф на шкотската влада, на местото на Хумза Јусаф.
Тој доаѓа на местото на Хумза Јусаф (39), која поднесе оставка минатата недела по распадот на коалицијата со Зелените. Тие беа воздржани од гласање.
Изборот на Свини не е изненадување. Тој освои 64 од 129 гласови во парламентот каде Шкотската национална партија има големо водство пред опозициските партии, но нема апсолутно мнозинство. Тој допрва треба да положи заклетва пред Врховниот суд.
Претходно истиот ден, Јусаф формално ја поднесе својата оставка во писмо до британскиот крал Чарлс III. Тој беше на власт 13 месеци, по харизматичната Никола Старџен. Тој беше најмладиот шкотски премиер и првиот од националното малцинство.
„Како млад муслиман, роден и израснат во Шкотска, не сонував дека еден ден ќе бидам привилегиран да ја водам мојата земја“, напиша тој.