Спорт
Фудбалскиот судија Генов суспендиран од УЕФА
Aнтон Генов, фудбалскиот судија кој е осомничен за местење на пријателскиот натпревар помеѓу Македонија и Канада, е суспендиран од страна на УЕФА на неодредено време и му е изречена забрана за судење се’ додека не се заврши истрагата, пренесува бугарски Фокус
УЕФА во соопштение за медиумите објавила дека „постоеле очигледни неправилности и шеми за обложување“ за време на натпреварот, а тие неправилности се однесувале за бројот на постигнати голови и бројот на досудени пенали.Портпаролот на УЕФА, Роб Фалконер, пак, изјави дека одлучиле да не го назначат Антон Генов за арбитер на претстојните натпревари во Европа се до следното известување.Спортските обложувалници дале известување за премногу уплатени ливчиња на кои имало минимум три постигнати гола, колку што и беа постигнати на натпреварот, а исто така и за бројот пенали кои ќе бидат досудени од страна на судијата, а беа досудени четири пенали. Канадските фудбалери промашија два пенали кои им беа досудени. Генералниот секретар на Канадската фудбалска асоцијација, Питер Монтополи, изјави дека ниту еден тренер или фудбалер не бил контактиран од официјалните лица во врска со скандалот. Портпаролот на Фудбалската федерација на Македонија, Зоран Николовски потврди дека никој од фудбалерите или тренерот не биле контактирани од УЕФА. Американскиот дневен весник USA Today, пишува: „Интересен детал е што ден пред отстранувањето на Генов од Европскиот комитет на фудбалски судии, Бугарскиот фудбалски сојуз беше распуштен, а членовите беа ослободени од должност“. Еуроспорт, пак, тврди дека Генов бил суспендиран откако УЕФА успеала да ја докаже неговата вмешаност во скандалот, што други медиуми тоа не го објавија.Македонската фудбалска репрезентација ја победи репрезентацијата на Канада со 3:0 на пријателскиот натпревар кој се одигра на 17 ноември во Струмица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Фиорентина во 16-то коло ја запиша првата победа
Звучи неверојатно, но славниот клуб од Фиренца токму овој викенд ја забележа својата прва победа во италијанското првенство.
Во претпоследниот натпревар од 16-то коло од Серија А, Фиорентина го победи Удинезе со 5:1 (3:0).
Фиорентина имаше предност од три гола по првите 45 минути, а разликата меѓу двата клуба ја црвениот картон на гостинскиот голман Мадука Окоје, кој беше исклучен во осмата минута.
Фиорентина знаеше како да го искористи играчот плус на теренот и постигна три гола пред паузата. Стрелци беа Роландо Мандрагора, Алберт Гудмундсон и Шер Ндур.
Во второто полувреме, домашните постигнаа уште два гола, двата во режија на Моизие Кен, а почесниот гол за гостите, го постигна Умар Соле.
Интересно е што ова е прва победа за Фиорентина од последното коло од минатата сезона кога славеа против истиот ривал (3:2 во Удине).
Foto/ depositphotos
Спорт
(Видео) Ножичките на Ел Каби го отворија Африканскиот куп
Мароканската фудбалска репрезентација го отвори 35-от Африкански куп на нации со победа. Домаќинот на турнирот ја победи селекцијата на Коморските Острови со 2:0.
Натпреварот на стадионот „Принцот Мулај Абделах“ во Рабат, го обележа спектакуларниот гол на Ел Каби. Напаѓачот на Олимпијакос од Атина, пред година и пол најдобар стрелец на Конференцијата на Лигата на УЕФА, влезе во игра во 65-та минута, а само девет минути подоцна ја разубави и ја завери победата на својата селекција на отворањето на првенството со спектакуларни ножички.
Мароко претходно поведе во 55-та минута со голот на играчот на Реал Мадрид, Брахим Диаз, на асистенција на дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Мазрауи.
Рахими можеше да го доведе Мароко во водство во 11-та минута, но неговиот удар од пенал, го одбрани голманот Јаник Пандор.
Мароко беше шампион на Африка само еднаш, во 1976 година, и затоа овој пат како домаќин на турнирот, ќе биде под голем притисок да ја освои титулата и во исто време да го оправда. четврто место од последното Светско првенство во Катар 2022 година.
Во второто коло, во петок, 26 декември, Мароко ќе игра против Мали, додека Коморите ќе се соочат со Замбија истиот ден.
Foto/ depositphotos
Спорт
(Видео) Барселона ја потопи „жолтата подморница“
Фудбалерите на Барселона лесно го победија Виљареал во 17-то коло од Примера (2:0), со што ја забележаа својата осма последователна победа во шпанската елита.
Избраниците на Ханси Флик, во Виљареал, го отворија резултаот во 12-та минута, кога Рафиња погоди од пенал.
Потоа следуваше шоуто на Ламин Јамал. Прво, Ренато Веига доби директен црвен картон во 39-та минута за наивен старт врз суперталентираниот 18-годишник, а пота Јамал во 63-та минута го постави конечниот резултат.
Јамал го постигна својот седми гол во 14-от лигашки натпревар, има и седум асистенции.
Од неуспехот во Ел Класико, Каталонците имаат само победи, со импресивна гол-разлика од 26:8. Во следниот натпревар, тие ќе гостуваат кај нивниот голем ривал Еспањол.
Барселона е на чело на табелата со 46 бода, четири повеќе од Реал Мадрид, Венаш зад водечката двојка е Атлетико, додека „жолтата подморница“ го зазема четвртото место.
Foto/ depositphotos

