Свет
Приведен рускиот опозициски лидер Немцов

Московската полиција соопшти дека го привела опозицискиот лидер Борис Немцов и уште едно лице опозициски активист кога се обиделе демонстрантите да ги поведат на марши низ руската престолнина, за што како што тврдат градските власти немале дозвола
Како што рекол за агенцијата Интерфакс, Виктор Бирјуков, раководител на секторот за информирање при мсоковската полиција, митингот по повод Денот на руското знаме кој се одржувал на Новинскиот булевар и улицата Нов Арбат минал без ексцеси, но по неговото завршување Борис Немцов и Михаил Шнајдер ги повикале демонстрантите на марш по буеварот за што немале пријава и соодветно одобрение. Немцов ја предводел колоната од стотина опозициски активисти кои имале намера да прошетаат низ центарот на Москва, носејќи огромно руско знаме, но полицијата ги сопрела и ги растерала насобраните лица, откако претходно ги повикала дека со маршот прават нелегална акција.Руските медиуми пренсуваат изјава на припадник на московската полиција кој има впчечаток дека Немцов и Шнајдер намерно ја смислиле оваа провокација затоа што многу лесно и без какво и да е противење го послушале полицаецот при нвиното придведување. Тој смета дека Немцов највероајтно со ова приведување сака да го избегне своето присуство на протестот во зашитат на Химинската шума кој во попладневнит ечачсови започна на Пушкиновиот плоштад во Москва.Самиот Немцов во телефонски разговор за агенцијата РИА Новости изјавил дека е приведен за органзиација на непријавен протест, но дека точната форумулација ќе ја знае откако ќе бид составен полицискиот протокол. Денешниот ден во Русија се одбележува како Ден на знамето во чест на тробојното знаме кое Русија го усвои по распадот на Советскиот сојуз.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Лавров: Русија постепено се оддалечува од терминот „непријателскa земји“

Русија постепено се оддалечува од терминот „непријателски земји“, постојат само земји со влади кои не се пријателски настроени кон Москва, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
„Постепено се оддалечуваме од терминот непријателска земја, иако тој останува во законодавството“, објави Лавров на прес-конференција посветена на подготовките за „Интервижн“, пренесува ТАСС.
Лавров одговори дека Русија нема непријателски земји, туку дека постојат само земји кои „имаат непријателска влада во однос на Руската Федерација“.
Фото: принтскрин
Свет
Затворени плажи во Хургада поради појава на ајкули

Неколку плажи во египетските одморалишта Хургада и Макади беа затворени во последните денови откако ајкули беа забележани во близина на брегот. Ова го објавуваат локалните медиуми.
Според туристите, неколку хотели одлучиле да ги затворат своите плажи како мерка на претпазливост, додека некои од нив во меѓувреме се отвориле повторно.
Како што објавуваат медиумите, експертите предупредуваат дека видови како што се тигрести и леопардски ајкули, кои се сметаат за особено опасни за луѓето, може да се појават во Црвеното Море. Поради оваа причина, се препорачува да се биде дополнително внимателен и да се почитуваат сите мерки пропишани од одморалиштата и службите за спасување, според написите.
Фото: принтскрин
Свет
Подготвени сме за секакво сценарио за време на посетата на Трамп, објави британската полиција

Британската полиција објави дека е целосно подготвена за сите можни ситуации и сценарија пред државната посета на претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, оваа недела.
– Многу сум задоволен што испланиравме многу сеопфатен план за полициска и безбедносна операција што ги зема предвид речиси сите можни сценарија што би можеле да се случат – изјави помошникот на главниот комесар Крисјан Бант од британската полиција.
Бант изјави дека ќе бидат присутни значајни, многу видливи полициски сили, но одби да го прецизира бројот на распоредени полицајци.
Тој, исто така, објави дека воздушниот простор над замокот Виндзор ќе биде затворен, а специјализираните полицајци ќе бидат подготвени да се справат со секаков протест што може да се случи.
Британскиот крал Чарлс ќе го пречека Трамп во замокот Виндзор утре, пред американскиот претседател да ја продолжи својата посета во четврток на имотот на британскиот премиер Кир Стармер.
Фото: принтскрин