Контакт

Свет

Добитникот на Нобеловата награда за медицина умрел пред три дена

Објавено пред

Еден од тројцата добитници на овогодишната Нобелова награда за медицина, Ралф Стајнман починал на 30 септември, соопшти Рокфелер универзитетот од Њујорк, каде што работел добитникот.

dobivaj vesti na viber

Еден од тројцата добитници на овогодишната Нобелова награда за медицина, Ралф Стајнман починал на 30 септември, соопшти Рокфелер универзитетот од Њујорк, каде што работел добитникот.

Во соопштението од Универзитетот се наведува дека на Стајнман му бил дијагностициран рак на панкреасот пред четири години и дека починал, три дена пред објавувањето на добитникот на Нобеловата награда за медицина.

Нобеловата награда обично не се доделува постхумно. Членот на Нобеловиот комитет, Јоран Хансон изјави дека членовите од тоа тело не знаеле дека Стајнман починал.

На Стајнман му припаѓа и паричната награда од 1,5 милиони долари, која што неговото семејство сега треба да ја подели со останатите двајца добитници, американскиот научник Брус Бојтлер и францускиот колега Жил Хофман.

Во соопштението на Нобеловиот комитет е наведено дека тие тројца внеле револуција во разбирањето на имунолошкиот систем, откривајќи го главниот постулат за неговото активирање. /крај/б/фф

Свет

Масивен ракетен напад врз Украина, Зеленски: „Светот не смее да му даде шанса на новиот нацизам“

Објавено пред

Русија рано утринава жестоко ја нападна Украина со проектили и беспилотни летала. Ова го тврди Володимир Зеленски.

dobivaj vesti na viber

„На денот на сеќавањето и победата над нацизмот во Втората светска војна, нацистичкиот Путин изврши масовен ракетен напад врз Украина. Повеќе од 50 проектили и повеќе од 20 беспилотни летала Шахед беа истрелани врз инфраструктурата во Лавов, Виница, Киев, Полтава, Кировохрад, Запорожје и Ивано-Франковск“, објави украинскиот претседател Володимир Зеленски на X.

„Сите служби за итни случаи излегоа на терен и веќе работат на ублажување на последиците од рускиот терор. Цел свет мора да разбере кој е кој. Светот не смее да му даде шанса на новиот нацизам“, порача Зеленски.

Руските воздушни напади утринава првенствено беа насочени кон енергетската инфраструктура низ целата земја, соопштија украинските воени и енергетски претставници.

„Уште еден масовен напад врз нашата енергетска индустрија“, објави на својот канал „Телеграм“  украинскиот министер за енергија Херман Халушенко.

Целите беа објекти за производство и пренос на електрична енергија во регионите Полтава, Кировоград, Запорожје, Лавов, Ивано-Франковск и Виница, додаде тој. Освен регионот Запорожје, сите останати се далеку од линијата на фронтот, која минува низ источниот и југоисточниот дел на Украина.

Прикажи повеќе...

Свет

Вашингтон одложил неколку испораки на оружје за Израел

Објавено пред

Администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден одложи неколку испораки на оружје за Израел во изминатите две недели, изјави неименуван извор за Политико.

dobivaj vesti na viber

Изворот близок до администрацијата тврди дека Вашингтон на тој начин сака да испрати политичка порака до Тел Авив.

Белата куќа, се вели, не може да поддржи израелска офанзива врз градот Рафах во јужниот дел на Појасот Газа без соодветен и веродостоен хуманитарен план.

Одложените пратки вклучуваат опрема за наведувани бомби направени од Боинг, дизајнирани да бидат попрецизни.

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) На аеродромите во Велика Британија илјадници патници блокирани: Проблемот е на „национално ниво“

Објавено пред

Аеродромите низ Велика Британија се во хаос откако сите порти беа затворени поради компјутерска грешка во граничните служби, пишува Дејли мејл.

dobivaj vesti na viber

Сликите на социјалните мрежи покажуваат огромни редици пред портите додека илјадници луѓе чекаат да им ги проверат пасошите.

Се шират гласини дека Хитроу не е единствениот аеродром погоден од наводната грешка, туку и Манчестер и Гетвик.

Персоналот на Хитроу, наводно, им рекол на патниците во редици дека тоа е национален проблем.

Една патничка за „Дејли мејл“ изјавила дека чекала ред цел час, а персоналот на аеродромот почнал да дели вода.

Таа додаде дека на луѓето им било кажано дека аеродромот работи на алтернатива за проверка на документите на патниците.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет1 минута

Масивен ракетен напад врз Украина, Зеленски: „Светот не смее да му даде шанса на новиот нацизам“

Русија рано утринава жестоко ја нападна Украина со проектили и беспилотни летала. Ова го тврди Володимир Зеленски. „На денот на...

Топ14 часа

Претреси во Охрид поради фотографирање избирачки список и гласачки ливчиња

Вчера, по претходно добиени оперативни податоци за фотографирање на избирачки список и гласачки ливчиња на првиот круг од претседателските избори...

Македонија15 часа

Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР

Во пресрет на претстојните Претседателски и Парламентарни избори што ќе се одржат утре, Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните...

Македонија18 часа

За Бојмацалиев, полицијата е модерна и европска, Тошковски, пак, шокиран од недостоинствените услови во кои работат

Со свеченост во паркот кај авионот во скопско Ново Лисиче денес беше одбележан Денот на полицијата, 7 Мај. Техничкиот министер...

Економија19 часа

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за...

Македонија21 час

Јовановски за пријавата од Кичеец: Ова е почеток на една битка со цела криминална банда

Зоран Милевски-Кичеец го пријавил Бојан Јоавновски-Боки 13 во полицијата. Ова се однесува на статусот што Јовановски го објави вчера, а...

Топ23 часа

Тешка сообраќајна несреќа кај Влае – има повредени, едното возило преполовено

Тешка сообраќајна несреќа се случи утрово на булеварот Партизански одреди во скопската населба Влае. Во несреќата учествуваа две возила, од...

Свет23 часа

Израел: Ја презедовме контролата на преминот Рафа, специјалните сили на терен

Израелската армија утринава соопшти дека ја презела оперативната контрола на палестинската страна на јужниот граничен премин Рафа во Газа, кој...

Македонија23 часа

На ден пред двојните избори гласаат болните и изнемоштените лица, затворениците и дијаспората

Денес своето право на глас први ќе го остварат болните и изнемоштените лица, како и затворениците во казено-поправните домови во...

Македонија24 часа

Акредитирани 1.078 домашни и 770 странски набљудувачи за изборите

За вториот круг од претседателските избори и парламентарните избори на 8 мај акредитирани се вкупно 1999 набљудувачи, преведувачи и странски...

Македонија1 ден

Доаѓа нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Во попладневните часови ќе има изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и појава на грмежи. Потоа од среда...

Македонија1 ден

МВР: Во Чашка приведени две лица поради сомнеж за изборен поткуп – фатени се со пиштоли, списоци и пари

Денеска во 15.20 часот полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Велес го приведоа И.И.(52) од село Мелница,...

Македонија2 дена

Од полноќ почнува изборниот молк

На полноќ почнува изборниот молк пред парламентарните и вториот круг од претседателските избори, кои ќе се одржат в среда. Изборниот...

Топ2 дена

Деца натепани од врсници на Бит Пазар пред зградата во која живеат

Триесет и четиригодишната Ч.М.А. од Скопје пријавила дека околу 16.30 часот пред зградата во која живеат на подрачје на Бит...

Топ2 дена

Избоден малолетник во Куманово, пренесен е болница

Малолетно момче било избодено синоќа во Куманово. Од МВР велат дека момчето се здобило со повреди и било пренесено во...

Свет2 дена

Италија: Лани лично го предупредивме Зеленски, контраофанзивата беше грешка

Италијанскиот министер за одбрана изјави денеска дека економските санкции наметнати на Русија не успеале и го повика Западот да направи...

Свет2 дена

Путин издаде наредба: Вооружените сили на Русија ќе вежбаат употреба на нуклеарно оружје

  Владимир Путин му наредил на Генералштабот да се подготви за вежби за употреба на нестратешко нуклеарно оружје, соопшти Министерството...

Македонија2 дена

Возач загина во сообраќајка на експресниот пат Штип-Кочани, повредени жена и две деца

Триесет и деветгодишен маж загина, а три други лица, од кои две малолетни, се повредени во сообраќајна несреќа што синоќа...

Македонија2 дена

Битиќи на велигденски јајца кај Спасовски кој му посака здравје низ целата година

Вицепремиерот Фатмир Битиќи бил на гости дома кај екс министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски по повод празникот Велигден. „На...

Македонија2 дена

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500 000 евра од ДПМНЕ во Охрид

Охридската гимназија, цела година е со раскопан двор. Учениците се заложници на неспособната локална власт, предводена од ДПМНЕ. Парите на...