Спорт
Мундијал 2010 низ бројки

18449 доброволци учествуваа во организацијата од кои најстариот имаше 80 години.
18449 доброволци учествуваа во организацијата од кои најстариот имаше 80 години.145 гола беа постигнати, најмалку досега откако на мундијалите се играат 64 натпревари. Најмногу голови 22 паднаа на Грин поинт стадионот во Кејп Таун.39 години и 330 дена имаше најстариот фудбалер Дејвид Џејмс, а најстар стрелец на гол е Мексиканецот Бланко со 37 години и 156 дена. Најмлад играч беше Кристијан Ериксен со 18 години и 120 дена.14 жолти картони беа поделени на финалниот натпревар Шпанија – Холандија, најмногу досега во историјата на мундијалите повеќе од двојно од досегашниот рекорд од шест жолти картони од финалето во 1986 меѓу Аргентина и З. Германија.8 прваци на светот има досега откако Шпанија се приклучи на семејството на освојувачи на Мундијалот.1 репрезентација , Нов Зеланд беше елиминиран уште во групните натпревари без да претрпи пораз. .крај/ап/м.н.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Тебо пристигна на „Маракана“ – Нигериецот ја засили Црвена звезда

Френклин Тебо Учена е новото засилување на Црвена звезда, објави спрскиот шампион на социјалните мрежи.
Тебо, кој игра на позицијата стопер, потпиша тригодишен договор со црвено-белите, со опција за продолжување на соработката за уште една сезона.
Финансиските детали не се откриени, медиумите шпекулираат дека црвено-белите платиле 2.700.000 евра. Тебо на грбот ќе го носи бројот 30.
Роден е на 15 јануари 2000 година во Абуџа, Нигерија. Во Европа пристигна од Насарава јунајтед. Играше за Хаекен во Шведска, а потоа стана играч на Сарпсборг во 2023 година. Одигра 60 натпревари за норвешкиот тим и постигна пет гола.
Фото/ Принтскрин
Спорт
Мареска побара да му донесат уште еден централен дефанзивец

Менаџерот на Челзи, Енцо Мареска, сака да доведе уште еден централен дефанзивец пред крајот на преодниот рок.
Повредата на Ливај Колвил целосно ги наруши плановите на Мареска, бидејќи тој беше најстандарден стопер во тимот. Точно е дека Фофана се врати по долга пауза и уште една сериозна повреда, но прашањето е дали може да се натпреварува во овој момент.
„Клубот знае што мислам. Логично е дека сакам уште еден стопер по повредата на Колвил. Ќе видиме кои се нашите опции“, рече Мареска пред почетокот на Премиер лигата и натпреварот со Кристал Палас.
Сепак, медиумите објавуваат дека Челзи ќе купи нов стопер само ако Аксел Дисаси или Беноа Бадијашил си заминат.
Засега, единствениот сигурен стопер е Тосин Адарабиојо, додека можно е негов партнер во одбраната да биде засилувањето од Ајакс, 19-годишниот Хато.
Челзи ја отвора сезоната во недела во 15:00 часот кога ќе го пречека Кристал Палас на „Стемфорд Бриџ“.
Foto/ EPA/Jakub Kaczmarczyk
Спорт
Рома води во трката за потписот на Санчо

За Џејдон Санчо нема место во Манчестер јунајтед. Крилниот напаѓач минатата сезона ја мина на позајмица во Челзи, ја освои Конференциската лига, но „сините“ решија да не го откупат неговиот договор. Бидејќи се откажаа му платија осум милиони евра на Манчестер јунајтед.
До крајот на летото Санчо ќе има нов клуб, а според информациите најблиску е до преселба во Рома.
Римјаните тргнаа во офанзива по потписот на Санчо, откако преговорите со Јувентус, а претходно и со Наполи беа неуспешни. Во еден момент, Борусија Дортмунд исто така беше сериозна опција, но Германците не беа конкретни со својата понуда.
Јунајтед е подготвен да го пушти на позајмица, но со задолжителен откуп следното лето. Наводно, Јунајтед бара 20.000.000 фунти, или околу 23.000.000 евра, но следното лето, до кога Рома би го покрила поголемиот дел од приходите на Санчо.
Новиот тренер Џанпјеро Гасперини веројатно верува дека може да го разбуди Санчо и да го искористи неговиот талент.
Фото/ Принтскрин