Свет
Ахмадинеџад во посета на Либан
Огромна толпа го поздрави иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад при неговото пристигнување во Либан денеска, на почетокот на неговата посета за која се очекува уште повеќе да ги продлабочи внатрешните поделби во Либан, јавува Асошиејтед прес
Огромна толпа го поздрави иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад при неговото пристигнување во Либан денеска, на почетокот на неговата посета за која се очекува уште повеќе да ги продлабочи внатрешните поделби во Либан, јавува Асошиејтед пресАхмадинеџад својата прва посета на Либан ја почнува во момент кога тензиите помеѓу милитантната исламска организација Хезболах, која е речиси целосно поддржана од Иран и другите партии во парламентот, кои, пак, ја уживаат поддршката на западните земји. Растечката криза ги зголемува стравувањата за иднината на „владата на обединување“, во која се вклучени и двете страни и која до сега успеваше да го одржи мирот. Хезболах, кој неговите противници честопати го нарекуваат „алатка на интересите на Иран“, ужива огромна поддршка кај шиитското население во земјата. Организацијата раководи со „држава во држава“ на териториите населени со шиити и ја има најсилната вооружена формација во Либан. Иран го финансира Хезболах со милиони долари годишно и го обезбедува најголемиот дел од нивниот арсенал. Иран, исто така, даде огромна помош при изградбата на домовите на шиитите во јужен Либан по огромното разурнување предизвикано од војната помеѓу Хезболах и Израел во 2006 година. Во вторникот група од политичари, адвокати и активисти на Ахмадинеџад му испратија отворено писмо, во кое ја критикуваа поддршката на Хезболах и ја изразија својата загриженост дека Техеран се обидува да го вовлече Либан во војна со Израел. Сепак и во медиумите кои се најгласни во критиката на Хезболах и Иран денеска немаше никакви негативни написи, бидејќи владата се обидува да го дочека Ахмадинеџад како и сите други државници. На чело на владата е прозападниот премиер Саад Харири, син на најпопуларниот либански политичар и реформатор, кој беше убиен во 2005 година. Во владата членуваат и претставници на Хезболах.Се очекува судот на ОН, кој го истражува убиството на постариот Харири овој месец да обвини висок функционер на Хезболах, со што уште повеќе се зголемуваат шансите за вооружена пресметка помеѓу Хезболах и поддржувачите на премиерот Харири, кои се главно сунити. /крај/ап/сс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
38-годишен маж претепан до смрт во Белград: „Жртвата има ужасни повреди на лицето“
Припадници на белградската полиција ги уапсија С.Р. (40) и В.С. (46) под сомнение за сторено тешко убиство, додека интензивно се бара уште едно лице. Тие се осомничени дека претепале до смрт 38-годишен маж во напуштена зграда во Белград. Телото беше пронајдено вчера наутро, објавува Нова.рс.
Според првичните информации, мажот починал од повеќекратни удари нанесени со тапи предмети по целото тело. Се сомнева дека жртвата била претепана со стап и шипка.
„Жртвата има ужасни повреди на лицето, главата и телото, кои најверојатно се нанесени од тврд предмет. Во куќата се пронајдени метална шипка и дрвена палка, кои форензичките експерти ги зедоа од местото на настанот за испитување. Се сомнева дека човекот бил претепан до смрт со овие предмети“, вели извор запознаен со случајот, додавајќи дека убиството веројатно се случило 24 часа пред да биде пронајдено телото.
На уапсените осомничени им е одреден притвор до 48 часа.
Свет
Политико: ЕУ дополнително ги заострува визите за Русите
ЕУ се подготвува да престане да издава повеќекратни шенгенски визи за руските граѓани, а во повеќето случаи ќе им се издаваат само еднократни визи, изјавија тројца европски претставници за „Политико“.
Новата политика, која се очекува да биде одобрена оваа недела, е најновата во серијата санкции против Москва поради нејзината војна во Украина. Исклучоци ќе бидат направени за хуманитарни случаи и за руски државјани кои имаат и државјанство на ЕУ.
Брисел веќе ја ограничи можноста за добивање шенген визи за руските граѓани.
Процесот стана поскап, побавен и со ограничени опции.
Регион
Црна Гора се поблиску до Европската Унија: познат е можниот датум за влез
Црна Гора го доби својот најповолен извештај за напредокот во европската интеграција откако ги започна преговорите за пристапување со Европската Унија. Европската комисија, во документ презентиран во Брисел во вторник, изјави дека земјата постигнала значителен напредок и дека би можела да ги заврши преговорите до крајот на 2026 година ако го задржи сегашното темпо на реформи, објави ДВ.
Шефицата за надворешна политика на Европската Унија и потпретседателка на Европската комисија, Каја Калас, изјави дека Црна Гора е „најподготвена за членство во ЕУ од сите земји-кандидатки“, нагласувајќи дека проширувањето на Унијата е реална можност во наредните години.
Комесарот за проширување, Марта Кос, додаде дека се приближува времето кога Брисел ќе започне со подготовките за склучување на Договор за пристапување со Црна Гора.
Црна Гора минатата година затвори четири преговарачки поглавја, а планира да затвори уште до крајот на годината. Европската комисија нагласува дека е клучно да се одржи стабилен напредок во реформите и политичкиот консензус, за да може процесот на преговори да се заврши до крајот на 2026 година.
Амбасадорот на Европската Унија во Црна Гора, Јохан Сатлер, го нарече ова „најдобриот извештај на Европската комисија за Црна Гора досега“, но предупреди дека следните 14 месеци ќе бидат клучни, особено во зајакнувањето на владеењето на правото и борбата против корупцијата и организираниот криминал.
Премиерот Милојко Спајиќ рече дека ова е најпозитивниот извештај досега, нагласувајќи дека Црна Гора постигнала напредок во 18 од 33 преговарачки поглавја. „Ги гледам препораките од Брисел како патоказ за Владата и Парламентот“, рече тој.
Германскиот амбасадор Петер Фелтен оцени дека Црна Гора „постигнала значителен напредок во сите поглавја“ и дека препораките се силен водич кон исполнување на преостанатите услови за членство.
фото: принтскрин

