Спорт
Јовановиќ во Ливерпул

Во четврток е и службено обајвено дека најдобриот српски репрезентативец од актуелниот мундијал, Милан Јовановиќ е новиот член на англискиот премиерлигаш од „Ејнфилд роуд“
Милан Јовановиќ како слободен играч од редовите на белгиски Стандард станува член на повеќекратниот англиски шампион Ливепрул. Како што пишува Goal.com, одолговлечувањето на потпишувањето договор меѓу Јовановиќ и „редсите“ се случи откако интерес за него пројави Рафа Бенитез, довчерашниот стратег на Ливерпул кој сега седи на клупата на актуелниот европски шампиони милански Интер.Сепак, очигледно дека наговорувањата врз Јовановиќ не успеале, па најдобрито играч во Белгија за 2008 г. ќе продлжи да игра во Англија.„Чест ми е што потпишав за еден од најголемите светски клубови. Одвај чекам да ги запознаам новите соиграчи и менаџерот Хаџсон и се надевам дека успешно ќе соработуваме“, изјавил Јовановиќ веднаш по потпишувањето на догворот со Ливерпул.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Тами Ејбрахам се пресели од Рома во Бешикташ

Англискиот фудбалер Тами Ејбрахам (27) кариерата ќе ја продолжи во Бешикташ. Турскиот клуб и Рома договорија, Ејбрахам наредната сезона да настапува како позајмен играч.
Бешикташ, на Рома ќе и плати два милиони евра.
Турскиот клуб има опција да го купи Ејбрахам за 13 милиони евра на крајот од позајмицата.
Англискиот фудбалер ја помина минатата сезона како позајмен играч во Милан, каде што одигра 44 натпревари и постигна 10 гола, со седум асистенции.
Тој одигра 11 натпревари за Англија и постигна три гола.
Ејбрахам играше и за Челзи (ја освои Лигата на шампионите), Бристол, Свонси и Астон Вила.
Фото/ Beşiktaş JK
Спорт
Езе се договори со Арсенал, Асенсио кај Мурињо

Еберчи Езе постигна договор со Арсенал за личните услови, сега сè што останува е клубовите да постигнат договор.
Според англиските медиуми, челниците на Кристал Палас за одличниот офанзивен играч од средниот ред побарале 60 милиони фунти.
„Топџиите“ се согласиле да ја платата оваа сума и се очекува договорот да биде завршен најдоцна до утре.
Езе е еден од најзаслужните играчи за освојувањето на ФА Купот од страна на Кристал Палас. Минатата сезона одигра 43 натпревари, постигна 14 гола и забележа 11 асистенции.
Марко Асенсио постигна договор со Фенербахче околу платата. Турскиот вицешампион сака да го доведе на едногодишна позајмица, а потоа да го откупи договорот, додека челниците на ПСЖ сакаат да го продадат.
Шпанскиот репрезентативец доаѓа на инсистирање на Жозе Мурињо, со кого имаше можност да работи во Реал Мадрид.
Анесио одигра 13 натпревари за Астон Вила, каде што беше на позајмица во вториот дел од сезоната, постигна три гола и забележа исто толку асистенции.
Фото/ EPA-EFE/DANIEL HAMBURY
Спорт
Капитенот на Торино го засили Милан

Италијанскиот фудбалер Самуеле Ричи (23) е нов играч на Милан, објави клубот.
Ричи потпиша договор со Милан до 30 јуни 2029 година, со опција за продолжување на соработката за уште една сезона. Тој ќе го носи дресот со број четири во својот нов клуб.
Италијанскиот фудбалер игра во средината на теренот, а во последните три години играше за Торино.
Новиот фудбалер на Милан одигра десет натпревари за италијанската репрезентација.
Милан минатата сезона заврши на осмото место во Серија А и не се квалификуваше за европските натпреварувања.
Foto/ EPA-EFE/CLAUDIO GIOVANNINI