Компании
Промовиран проектот за интероперабилност за зголемување на квалитетот на административните услуги
Проектот „Испорака на опрема за платформата за интероперабилност во Министерството за информатичко општество и администрација”, беше промовиран во четврток во просториите на ЕУ инфо центарот.
Овој проект кој е финансиран од Европската Унија ќе му обезбеди советодавна поддршка на Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА), кое што е одговорно за управување со јавната администрација и за координирање на нејзините реформи.
Имплементацијата е реализирана од конзорциум на неколку компании, меѓу кои Македонски Телеком како лидер на конзорциумот одговорен за испорака и ставање во функција на системот за интероперабилност во соработка со партнерите Виста Груп и Нехтсенс.
Интероперабилност е еден од најважните проекти, дел од реформата во јавната администрација, со чија имплементација ќе се овозможи подобрување на административните услуги кон граѓаните и компаниите и ќе се придонесе за забрзување на процесот на имплементација на нови електронски услуги како и за развивање на понатамошни алатки за е-општество.
Европската Унија го финансира овој проект со 1.460.000 евра, а во него се бидат опфатени 15 различни институции: Министерство за информатичко општество и администрација, Министерство за внатрешни работи, Централен регистар на РМ, Агенција за вработување на РМ, Фонд за здравствено осигурување на РМ, Управа за водење матични книги, Министерство за образование и наука, Министерство за труд и социјална политика, Основен суд Скопје 2, Министерство за надворешни работи, Основен суд Скопје 1, Државен завод за статистика, Македонска Академска Истражувачка Мрежа, Царинска управа на РМ, Државна изборна комисија
“Ни претставува особена чест што „Македонски Телеком“ заедно со партнерите „Виста“ и „Некстсенс“ како конзорциум ја добија довербата на ЕУ што зборува дека ние сме партнер од доверба и можеме да испорачаме и реализираме проекти кои целосно ќе го сменат и поедностават начинот на работење. Овој проект ги постави основите на е-општеството како , како ситемска магистралата за поврзување и допринесува воза забрзување на процесот на имплементацја на нови електронски услуги на владините институции. Покрај приклучените 15 иснтитуции и повеќе од 60 развиени сервиси помеѓу институциите, на системот испорачан од Телеком со партнерите Виста и Некстсенс, може дополнително, а едноставно да се приклучат и други институции, односно имплементираат на едноставен начин дополнителни сервиси. Очекуваме да ја поедноставиме употребата на услуги и информации наменети за граѓаните и бизнисите преку примена на трансформативните технологии почнувајќи од интернет мобилна комуникација, па се до социјалната мрежа и работењето во облак“, изјави Слободанка Јакимовска Јосифовиќ, директор на Секторот за дизајн и развој на ИКТ решенија и услуги на Македонски Телеком.
Преку проектот се обезбеди испорака на хардверска инфраструктура и сервиси кои претставуваат основа за поврзување на сите постоечки и идни процеси, системи и информации во јавната администрација во Република Македонија. Тој претставува сериозен придонес кон понатамошното подобрување на квалитетот на административните услуги за граѓаните и за бизнисите, како и кон развивањето на алатки за е-влада. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
БРАКО на АНАНАС: медицинскиот мебел на БРАКО отсега и со онлајн продажба на Ананас
Дел од програмата на медицински мебел на БРАКО отсега ќе може да се купи на сајтот за онлајн тргување Ананас. На сајтот се изложени производи кои се од домашно македонско производство и кои досега беа достапни за купување директно oд капацитетите во фабриката во Велес.
На овој начин, со партнерството со популарниот сајт за онлајн продажба Ананас, се излегува во пресрет на приватни лица и помали правни субјекти од областа на здравството и козметологијата да можат набават опрема за лично користење и за обавување на својата дејност, на начин кој е во тек со светските трендови на купување.
На сајтот се достапни кревет за медицински преглед, столчиња за медицински преглед, медицински паравани, рефлектори, сталаци, отомани за физиотерапија и масажа, сервисни колички и други производи.
Палетата на БРАКО која ќе биде достапна на Ананас во иднина ќе се проширува и ќе биде од корист особено за постари лица и лица кои се соочуваат со одредени физички здравствени попречености и на кои им се потребни помагала за олеснување на секојдневното функционирање, дома и надвор од домот.
Сите големи нарачки на медицински мебел и натаму се возможни во директен контакт со производителот БРАКО.
(ПР)
Економија
BLACK FRIDAY во СЕТЕК со попусти и до 70 отсто
Акцијата BLACK FRIDAY во СЕТЕК ги носи најголемите попусти и до 70 проценти.
На едно место бирајте сè што ви е потребно од најпознатите светски брендови за бела техника, телевизори, ИТ, мобилни уреди, апарати за домаќинство и уште многу други останати производи за домот и деловниот простор.
Искористете ја можноста да купите најмногу техника со најниски цени за BLACK FRIDAY во сите салони на Сетек и онлајн на www.setec.mk .
Сетек и оваа година, со радост ве очекува во сите салони полни со вашите омилени производи и уникатно шопинг искуство.
Акцијата трае oд 25 ноември до 2 декември 2024.
Има зошто сите купуваат во СЕТЕК.
Сетек – сè од техника е помеѓу водечките во трговијата со техника.
Не пропуштајте, сè што е најдобро – сега е и достапно: бела техника, апарати за домаќинство, уреди за ладење и греење, телевизори, мобилни телефони, гејминг опрема и ИТ уреди.
Сетек континуирано, повеќе од 30 години ја развива својата мрежа и стратегија за блискост со купувачите. Со застапеност на 32 различни локации и модерни салони, вклучувајќи ја и онлајн продавницата, Сетек е достапен до секој миленик на современата техника.
Воедно Компанијата нуди и и многу помошни улуги како лојална програма, кешбек, премиум достава, можности за кредитирање, рати без камата и многу експертски услуги за правилен избор и корисна употреба.
(ПР текст)
Економија
Креативен пристап на MINT Fintech Group на eCommerce конференцијата
На 13 ноември, MINT Fintech Group беше значајна поддршка на eCommerce конференцијата 2024 како бронзен партнер, настан кој ги собра водечките професионалци и ентузијасти од светот на е-трговијата. Оваа конференција се истакна како платформа за најновите трендови и иновации, овозможувајќи им на учесниците непроценливо искуство за вмрежување и размена на знаења.
Во својот корнер, MINT понуди уникатен пристап, спојувајќи ја финтек индустријата со релаксирачки активности, меѓу кои и масажа во соработка со My Spa.
„Ова е наш начин да го направиме искуството на посетителите подинамично и поопуштено,“ истакна претставник на MINT Fintech Group. „Реакциите беа исклучително позитивни, а редиците за масажа зборуваа сами за себе, сепак ова се личности чија професија е најчесто поврзана со долгочасовно седење, па оттука и нашата идеја да бидеме корисни.“
MINT Fintech Group и понатаму останува посветен на својата визија за поддршка на дигиталната економија и креирање нови можности за развој и соработка во финтек индустријата.
(ПР)