Контакт

Спорт

Аманмурадова и Викмаер ги предадоа мечевите

Објавено пред

Два меча не го дочекаа својот крај на стартот на ВТА тенискиот турнир во Далас. Најнапред Акгул Аманмурадова од Узбекистан при 6:7 (6), 0:1 и го предаде мечот на Американката Мелани Оудин, а веднаш потоа и четвртата носителка

dobivaj vesti na viber

Два меча не го дочекаа својот крај на стартот на ВТА тенискиот турнир во Далас. Најнапред Акгул Аманмурадова од Узбекистан при 6:7 (6), 0:1 и го предаде мечот на Американката Мелани Оудин, а веднаш потоа и четвртата носителка Белгијката Јанина Викмаер при 6:4, 0:6, 0:1 поради повреда го предаде мечот на Софија Арвидсон од Шведска.Останати резултати 1 коло:Анжелик Кербер – Ченел Чиперс 4:6, 6:2, 7:5Доминика Цибулкова (2) – Мирјана Лучиќ 6:4, 6:0Катерина Бондаренко – Грета Арн 6:2, 6:3Елена Балтача – Барбора Захвалова Стрицова 6:2, 6:1Сахар Пер (6) – Анастасија Јакимова 6:1, 6:2Сабине Лисицки (5) – Сања Мирза 6:3, 6:0крај/макфакс/м.н.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Играчот со најмногу трофеи на сите времиња кариерата ја продолжува во Смедерево

Објавено пред

Во КМФ Смедерево доаѓа да игра легендарниот Рикардињо, португалскиот футсал играч кој во 2016 година го обожуваше белградска Арена кога играше со Србија за време на Европското првенство.

dobivaj vesti na viber

Го напушти италијанскиот Екосити Генцано, одби две понуди од Бразил и една од Италија и Португалија.

Се вели дека најинтересна понуда му била понудата од Смедерево каде ќе добие стан и службено возило на користење.

Го интересираа информации колку тренира неделно. Кога слушнал дека тренира два пати дневно и има девет или десет тренинзи неделно, веднаш ја прифатил понудата.

Во својата богата кариера Рикардињо играше за Бенфика, Нагоја, ЦСКА Москва, Интер Мовистар, АЦЦС, Пендекар Јунајтед и Рига.

Шест пати беше прогласуван за најдобар играч на светот, што го прави апсолутен рекордер. Дебатата за најдобриот во историјата на футсалот главно се води меѓу него и Бразилецот Фалка.

За португалската репрезентација играше од 2003 до 2021 година. На 188 настапи постигна 142 гола, а во 2021 година беше светски првак. Шест пати беше државен првак со шпанскиот Интер.

Смедерево моментално е четврти тим во српскиот шампионат и заостанува 14 бода зад лидерот Лозница.

Прикажи повеќе...

Спорт

УЕФА размислува за укинување на продолженијата во ЛШ, ама дури од 2027

Објавено пред

Како што пренесува Гардијан, Европската куќа на фудбалот размислува да ги укине продолженијата во нок-аут фазата во Лигата на шампиони, но промената би можела да се случи дури во 2027 година.

dobivaj vesti na viber

Во последно време, фудбалерите се повеќе го креваат гласот поради згуснатиот распоред, па УЕФА разгледува опции како да ги намалат минутите кои се играат.

Како што пренесува Гардијан, Европската куќа на фудбалот размислува да ги укине продолженијата во нок-аут фазата во Лигата на шампиони.

Еднa ваква промена би се случила само откако ќе заврши сегашниот циклус натпревари, односно дури во 2027 година.

Прикажи повеќе...

Спорт

Мартинез во аут до крајот на сезоната

Објавено пред

Лисандро Мартинез заработи нова тешка повреда и нема да се врати на терените до крајот на сезоната.

dobivaj vesti na viber

Аргентинскиот дефанзивец заработи повреда на вкрстените лигаменти на левата нога во поразот од Кристал Палас (0:2), во неделата. Манчестер јунајтед потврди дека нема да може да смета на него до крајот на сезоната.

Ова е петта повреда за Мартинез откако пристигна на „Олд Трафорд“ во 2022 година.

Оваа сезона одигра 32 натпревари во сите натпреварувања, постигна два гола и забележа две асистенции.

Прикажи повеќе...

Најново

Економија5 часа

Неправилности со распишани тендери, службени возила и договори за вработени – ревизијата во Министерството за економија констатира низа прекршувања

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, информира за спроведената ревизија во Министерството за економија и труд, која констатирала низа неправилности,...

Македонија6 часа

Секој има право да поднесе иницијатива до Собранието, но разрешувањето на Судскиот совет е предвидено единствено со закон, вели Камбовски

Претседателот на Судскиот совет, Александар Камбовски, претпладнево рече дека не е известен за инцијативата за разрешување на членовите на Судскиот...

Македонија7 часа

„Од ‘Соравија’ ли ќе ги вратиме или од ‘ролс-ројсот’?“, праша Мицкоски за 50-те милиони солидарен данок што треба да им се врати на компаниите

Владата ја разгледува можноста да се побара одговорност од нивните претходници, кои го воведоа солидарниот данок, по вчерашната одлука на...

Македонија7 часа

Мицкоски очекува по изгласувањето интерпелација, членовите на Судскиот совет да бидат доблесни и сами да се повлечат

Граѓаните не се задоволни од начинот на кој функционира судско-обвинителскиот систем кај нас. Тоа е едно мочуриште, кое изобилува со...

Топ8 часа

Загина 46-годишник од Струмичко: бил прегазен од камион

Вчера во 15.35 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на бул.„Гоце Делчев“ во Струмица, товарно возило – влекач...

Македонија8 часа

Истрага за поткуп и проневера во СОЗР: ОЈО со детали за измамата

По спроведена претходна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска донесе наредба за спроведување истражна постапка против две...

Македонија10 часа

Продолжува потрагата по Миле Тодоров, кој исчезна пред осум дена

Миле Тодоров дал отказ на работното место во Кавадарци и се упатил кон Неготино. Бил облечен во работничко одело,бело палто...

Македонија10 часа

Брат министер, брат началник, татко советник – ќе реагира ли антикорупциска на скандалите на ВМРО-ДПМНЕ, прашува СДСМ

„Државната комисија за спречување корупција итно треба да постапи во случајот Андоновски и непотизмот кој царува во Владата на Мицкоски....

Македонија10 часа

СДС и Филипче да кажат дали и колку пар ѝ плаќале на судијката што го ослободи од затвор возачот убиец, бара ВМРО-ДПМНЕ

„Деновите поминуваат, дилемите се редат, а СДС и Филипче глас не пуштаат. Со нивниот молк уште повеќе ја зголемуваат недовербата...

Македонија11 часа

„Во Северна Македонија се спроведува политика на културна нееднаквост, која систематски ја потиснува албанската културна продукција“, велат од ДУИ

„По молкот на институциите и одредени општествени актери во врска со реакцијата на ДУИ за очигледната дискриминација во распределбата на...

Европа12 часа

(Видео) Русите преку ноќ уништија еден од најголемите пазари во Европа

Руската војска доцна синоќа изврши напад со беспилотни летала на голем пазар во киевскиот кварт во Харков. „Нападот беше насочен...

Свет12 часа

Америка: Панама попушта со нашите бродови; Панама: Тоа е лага

Американскиот Стејт департмент вчера објави дека бродовите на американската влада сега можат да минуваат низ Панамскиот канал без надомест. „Владата...

Регион13 часа

(Видео) Црвената плажа повеќе не постои по големото лизгање на земјиштето: земјотресите го менуваат изгледот на Санторини

Серијата земјотреси кои го потресуваат архипелагот Додеканези трајно го менуваат изгледот на Санторини, еден од најубавите острови во Грција, кој...

Европа13 часа

(Видео) Се урна хеликоптер во Италија: познат бизнисмен меѓу загинатите

Во хеликоптерска несреќа во близина на Парма во северна Италија вчера загинаа три лица, меѓу кои и директорот на компанијата...

Свет13 часа

(Видео) Трамп, опкружен со деца, потпиша забрана за трансродовите жени во женскиот спорт

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба за забрана на трансродовите жени да се натпреваруваат во женски спортови. Регулативата содржи...

Македонија1 ден

Кривичниот суд за случајот со Фросина: Јавноста да не подлегнува на провокации и шпекулации, како и стигматизирање и линч на еден судија

Судиите и подружницата на Здружението на судиите на РСМ при Основниот кривичен суд Скопје изразува длабоко жалење за загубениот млад...

Македонија1 ден

Кривична за поранешниот директор на СОЗР за поткуп, фалсификување, проневера: Финансиската полиција со детали

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против едно физичко лице, поранешен директор на Службата...

Македонија1 ден

Судскиот совет ќе формира комисија за постапките што се воделе против Јованов, кој ја прегази Фросина: „По увидот во сите списи, ќе кажеме дали има пропуст“

Судскиот совет ќе формира комисија, која ќе утврдува дали имало пропусти во претходните постапки што се воделе против 20-годишникот Васил Јованов,...

Македонија1 ден

Денес во 16.30 часот тргнува првиот воз од Скопје за Куманово, ќе се патува 41 минута

Скопје и Куманово, по две и пол години прекин, повторно ќе бидат железнички поврзани. Министерот за транспорт и врски Александар...

Македонија1 ден

Акција во МВР: се истражува Одделот за општи и заеднички работи

МВР со потврда дека се спроведува полициска акција поврзана со работењето на Одделот за општи и заеднички работи во ова...