Свет
Иран не бега од преговори со западот
Иран е подготвен веднаш да почне да преговара со западните сили за размената на нуклеарно гориво, изјавил иранскиот претседател Махмуд Ахмединеџад за јапонскиот весник Јомиури Шимбун
„Иран е подготвен до крајот на август или почетокот на септември да ги продолжи преговорите со Групата Шест во која спаѓаат САД, Русија, Велика Британија, Кина, Франција и Германија“, изјави Ахмадинеџад по повод набавките на гориво за реактор за медицински истражувања во Техеран.Како што пренесува агенцијата Kyodo, иранскиот претседател најавил дека во случај на договор со западните сили, Техеран може да го суспендира збогатувањето на ураниумот.„Ветивме дека ќе го запреме збогатувањето на ураниумот до 20 отсто доколу биде обезбедена набавка на гориво. Иако имаме право да го збогатуваме ураниумот, Иран никогаш не предизвикал војна и не сакал да прави атомска бомба“, рекол Ахмадинеџад.Западните сили предводени од САД се противат Иран да го збогатува ураниумот до 20 отсто и се сомневаат дека земјата сака да произведува нуклеарно оружје. Техеран го демантираше овој став тврдејќи дека неговата нуклеарна програма е насочена само кон производство на електрична енергија.Во мај, Иран се договори со Бразил и Турција да размени 1.200 килограми слабо збогатен ураниум (до 3,5 отсто) за 120 килограми гориво збогатено до 20 отсто за потребите на нуклеарниот реактор за медицински истражувања во Техеран.Западните сили не ја земаа во предвид оваа иницијатива и во јуни гласаа за воведување на нови санкции за Иран.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Претседателот на Иран: Протестите се резултат на неисполнети економски барања
Претседателот на Иран, Масуд Пезешкијан, денес изјави дека протестите во Иран се резултат на неисполнети економски барања и дека демонстрациите низ целата земја можеле да се избегнат доколку барањата на граѓаните биле земени предвид порано.
Зборувајќи на состанок со министерот за економија и неговите заменици, Пезешкијан ја нагласи потребата од „итно и децентрализирано пристапување кон економските проблеми“, објави ИРНА.
Тој, исто така, рече дека властите мора да ги следат барањата на трговците и другите слоеви на општеството за да најдат решенија за нивните грижи.
Тој додаде дека плановите за економски развој треба да се прошират надвор од главниот град, особено во јужните пристанишни градови.
Протестите избувнаа кон крајот на декември 2025 година поради влошувањето на економската состојба и прераснуваат во поширок предизвик за властите што владеат со Иран од Исламската револуција во 1979 година.
Свет
Кина: Се спротивставуваме на мешањето во внатрешните работи на Иран
Кина се спротивставува на какво било надворешно мешање во внатрешните работи на Иран, објави кинеското Министерство за надворешни работи, еден ден откако американскиот претседател Доналд Трамп објави дека Вашингтон ќе преземе „многу силни мерки“ против Техеран.
Портпаролката на кинеското министерство, Мао Нинг, на редовната прес-конференција изјави дека Кина не одобрува употреба на сила или закана со сила во меѓународните односи, коментирајќи ги изјавите на Трамп и повиците до демонстрантите во Иран да продолжат со своите протести.
Трамп им рече на демонстрантите дека „помошта е на пат“.
Свет
Зеленски за Иран: Тие не заслужуваат да постојат
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја поддржа американската позиција за Иран во своето дневно видео обраќање објавено на социјалните мрежи.
„Ја поддржуваме позицијата за Иран: режим кој траеше толку години и уби толку многу луѓе не заслужува да постои“, рече Зеленски.
Исто така, тој додаде дека „промените се неопходни“.
Пораката на Зеленски доаѓа во време кога голем број европски земји ги поканија иранските амбасадори на разговори во знак на протест против смртоносното задушување на демонстрантите.
Од друга страна, воениот непријател на Украина, Русија, инаку сојузник на Иран, го осуди она што го опиша како „субверзивно странско мешање“ во внатрешната политика на Техеран, пишуваат медиумите.

