Контакт

Свет

Државата со години го штитела Велија

Објавено пред

Во една просторија на улица Перо Наков број 60 во Скопје, петте фирми на Рамковски со години произведуваат и тргуваат со смоки, алва, чоколатца, бонбони и други производи чии најчести потрошувачи се деца, а ин

dobivaj vesti na viber

ПОВРЗАНИТЕ ФИРМИ "СТРАТУС", "УНИПРОКОМ ВЕМАКС", "АКСТРА ТРЕЈД", "АКС-СТРА" и "ХЕДИС" ПРОИЗВЕДУВАЛЕ И СКЛАДИРАЛЕ ВО ИСТА ПРОСТОРИЈА

Во една просторија на улица Перо Наков број 60 во Скопје, петте фирми на Рамковски со години произведуваат и тргуваат со смоки, алва, чоколатца, бонбони и други производи чии најчести потрошувачи се деца, а ин

Инспекцијата дури деновиве открила дека фирмите на Велија Рамковски немаат ни минимални технички услови за работа, иако тие не се регистрирани од вчера и постојат повеќе години. Во една просторија на улица Перо Наков број 60 во Скопје, петте фирми на Рамковски произведуваат и тргуваат со смоки, алва, чоколатца, бонбони и други производи чии најчести потрошувачи се деца.

Државниот пазарен инспекторат дури завчера на фирмите "Стратус", "Уни Проком Вемакс", "Акс-стра", "Акстра-трејд" и "Хедис" им издаде решенија со кои им забрани вршење на дејност во рок од 3 дена и од газдата побара да ги отстрани неправилностите. Ако не го испочитуваат рокот и не обезбедат услови за работа, Пазаришниот инспекторат ќе ги затвори.

Од нивното основање до минатата недела ниту една инспекциска служба немаше влезено во просториите на улицата Перо Наков каде што се сместени петте фирми. Колевски се правда дека неговата иснпекција реагира само на пријава на граѓани. Инспекцијата утврдила, соопшти Колевски, дека во истата просторија каде што се произведуваат смоки, се складираат и средства за хигиена кои се водат на фирма која е се уште во фаза на регистрација.

"Вработените не знаеја да кажат кој производ на која фирма припаѓа, оти не постои физичка поделеност на просторот на производствен погон и на магацин. Повеќето од производите немаа декларација на македонски јазик со кирилско писмо, а не е ставена на увид и материјалната евиденција за вршење на трговија на големо", рече Колевски на вчерашната прес – конференција.

Од инспекцијата во "Стратус" ДОО се затечени производи со невистинити податоци во декларациите по основа на датум на производство.

Поради документациска поврзаност почнат е инспекциски надзор и во погон на "Уни Проком Вемак" во Битола, кој е за производство на зачинот "тузот", а кој се декларира како производ на "Акс- стра" ДООЕЛ Скопје.

Пазаришната инспекција, вели Колевски, за еден месец направила контроли во 1.000 трговски и производствени објекти. Тој не сакаше да каже колку казни се напишани за неправилно работење оти вчерашниот прес го свикал само за фирмите на Рамковски. "Прво и основно во Македонија е тоа кој работи легално Владата е негов партнер и е негов поддржувач", рече вчера Колевски.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Отруено бебе во Србија: по грешка наместо вода, во шишето имало бензин

Објавено пред

Вистинска драма се одвивала денес во градинка во општина Блаце, бидејќи осумнаесетмесечно бебе имало проблеми, односно аспирација. Брзата помош веднаш реагирала, пренесуваат медиумите во соседството.

dobivaj vesti na viber

Под ознаката итно, во придружба на педијатар, бебето е префрлено во Општата болница Прокупље, а потоа оттаму во Клиничкиот центар во Ниш.

Според првичните информации, најверојатно бабата на детето по грешка сипала медицински бензин во шишето со вода.

Според информациите од одредени медиуми, се сомнева дека симптомите на труење биле откриени за време на престојот на детето во групата од градинка.

Според првичните информации, најверојатно бабата на детето по грешка сипала медицински бензин во шишето со вода.

Имено, медиумите тврдат дека тоа започнало поради шише со вода, но овие тврдења не се потврдени.

Прикажи повеќе...

Свет

Фон дер Лајен повторно го преживеа гласањето недоверба во ЕП

Објавено пред

Предлогот за гласање недоверба на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, не ја доби потребната поддршка на пленарната седница на Европскиот парламент, која се одржува во Стразбур оваа недела. Гласањето беше емитувано во живо на официјалната веб-страница на парламентот.

dobivaj vesti na viber

Според официјалните резултати, 165 европратеници гласаа за иницијативата, 390 гласаа против, додека 10 европратеници беа воздржани. Така, убедливото мнозинство против предлогот уште еднаш ја потврди стабилната поддршка на актуелната претседателка на Европската комисија во рамките на најголемите политички групи во Европскиот парламент, пренесуваат медиумите.

Ова беше трето гласање недоверба на Урсула фон дер Лајен, а иницијативата ја покрена парламентарната група Патриот. Како главна причина, тие го наведоа противењето на одлуката на Европската унија да потпише договор за слободна трговија со „Меркосур“, кој, според нив, носи ризици за европското земјоделство и економските интереси на поединечните земји-членки.

И претходните два обида за гласање недоверба на Европската комисија, започнати минатата година, завршија со неуспех. Тие предлози не успеаја да обезбедат ниту четвртина од гласовите во Европскиот парламент, иако трите најголеми парламентарни фракции континуирано ја поддржуваа Фон дер Лајен.

Иако иницијативата повторно беше отфрлена, дискусијата што следеше по неа покажа дека поделбите во Европскиот парламент, особено во однос на трговската политика и односите со надворешните партнери, сè уште се изразени и ќе останат една од клучните теми во наредниот период.

Прикажи повеќе...

Свет

Рутe: НАТО мора да ја зајакне безбедноста на Арктикот

Објавено пред

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес изјави дека рамковниот договор за Гренланд што го договорил со американскиот претседател Доналд Трамп имплицира дека сојузниците на НАТО ќе мора да ја зајакнат безбедноста во арктичкиот регион.

dobivaj vesti na viber

Руте на маргините на Светскиот економски форум во швајцарскиот град Давос изјави дека првите резултати од зголемената безбедност на Арктикот ќе бидат видливи оваа година, пренесува Ројтерс.

„Ќе се собереме во НАТО со нашите високи команданти за да разработиме што е потребно. Не се сомневам дека можеме да го направиме тоа доста брзо. Секако се надевам за 2026 година, се надевам дури и на почетокот на 2026 година“, рече Руте.

Тој истакна дека сега е до командантите на НАТО да ги разработат деталите за дополнителните безбедносни барања и дека е сигурен дека членките на НАТО, кои не се блиску до Арктикот, исто така ќе сакаат да придонесат.

Руте рече дека за време на разговорот со Трамп, темата за експлоатација на критични минерали во Гренланд не била покрената.

Според него, напорите за зајакнување на безбедноста на Арктикот нема да влијаат на ресурсите за поддршка на Украина во нејзината војна со Русија.

Тој истакна дека конкретните преговори за Гренланд ќе продолжат меѓу Соединетите Американски Држави, Данска и Гренланд, кој е автономна данска територија.

Руте рече дека разговарал со Трамп и за тоа како да се обезбеди безбедноста на седумте арктички земји и како може да се осигура НАТО да го обезбедува Арктикот.

„Разговаравме како да се осигураме дека Русите и Кинезите нема да добијат пристап до економијата на Гренланд или во воена смисла“, додаде Руте, објави Танјуг.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

(Видео) Филипче: Илјада токсични наслови – докази за организиран линч врз мене и СДСМ

Претседателот на Социјалдемократски сојуз на Македонија, Венко Филипче, денеска на прес-конференција истакна дека против него и СДСМ се води координирана...

Македонија2 часа

Од денес извод на родени, починати, венчани или потврда за слободна брачна состојба се вадат со неколку клика

За извод од матична книга на родени, починати, венчани или потврда за слободна брачна состојба граѓаните од денес не мораат...

Македонија3 часа

Групација за производство на цигари: Предложениот закон за заштита од пушење сериозно ќе загрози значајни сегменти од индустријата, бизнис секторот и економијата

Групацијата за производство на цигари, која е дел од Здружението на производители на тутун и производи од тутун во рамките...

Свет3 часа

Ова се земјите што дојдоа да го формираат Одборот за мир на Трамп

Претседателот на САД, Доналд Трамп, го претстави својот Одбор за мир. На церемонијата присуствуваа помалку од 20 земји, а меѓу...

Економија5 часа

РКЕ најави паметни броила – граѓаните од телефон ќе може да ја следат потрошувачката на струја

Задолжително тестирање на критичната инфраструктура, воведување на сет на меѓународни безбедносни правила, секоја енергетска компанија да подготвува одделен буџет во...

Македонија6 часа

Деспотовски: Доста ни е од лагите на сегашното раководство на СДСМ, барам јавно извинување

Јован Деспотовски побара јавно озвинување од СДСМ за упатените навреди кон него и вели дека единствен одговорен за незадоволство помеѓу...

Македонија7 часа

„Кога Венко на нареден прес ќе ја менува Богданка, добро е да одговори зошто би го рушеле преку Шилегов“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„Околу внатрешните проблеми на СДС, кланот Дубаи, Венко и Заев, ВМРО-ДПМНЕ нема да се меша. Но, бидејќи СДС и Венко...

Свет7 часа

Руте: Не разговарав со Трамп дали Гренланд ќе остане под Данска

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, доцна синоќа изјави дека на состанокот со Доналд Трамп не било разговарано дали Гренланд...

Свет8 часа

(Видео) Републиканците бараат да им се суди на Бил и Хилари Клинтон за нивната поврзаност со Епштајн

Републиканскиот комитет на Претставничкиот дом на САД препорача поранешниот претседател Бил Клинтон и поранешната државна секретарка Хилари Клинтон да се...

Регион8 часа

Вучиќ: Отсега па натаму, историјата ќе се пишува поинаку

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ вчера, на маргините на Светскиот економски форум во Давос, Швајцарија, изјави дека е сигурно дека...

Свет8 часа

Откриено е што може да добие Трамп на Гренланд

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера објави дека постигнал рамковен договор со НАТО „во врска со Гренланд“, а според „Њујорк тајмс“,...

Свет9 часа

(Видео) Путин пресмета колку ќе чини Гренланд

Рускиот претседател Владимир Путин се обиде да ја дистанцира Москва од дебатата за Гренланд. „Што ќе се случи со Гренланд...

Македонија9 часа

Снег со слаб интензитет провејува во Струмица, Крушево и Ѓавато кој не се задржува на коловозот

АМСМ информира дека сите државни патишта се проодни и безбедни за сообраќај. Сообраќајот се одвива непречено, но поради врнежите од...

Македонија10 часа

(Видео) Ѓорѓиевски: Додека градот спие, ние сме будни, грижата за граѓаните не познава пауза

Заедно со дежурната зимска служба на Град Скопје, во текот на целата ноќ сме на терен, на улиците и булеварите...

Свет19 часа

Трамп објави договор со НАТО за Гренланд и ги одложи царините за Европа

Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави дека по состанокот со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, е формирана рамка за...

Македонија1 ден

Мицкоски на средба со сопственикот на компанијата „Фор-ај-џи“, ќе се инвестираат 100 милиони евра во развој на третиот мобилен оператор во Македонија

Премиерот, Христијан Мицкоски, во рамки на форумот во Даовс се сретна со сопственикот на компанијата „Фор-ај-џи (4iG)“, која ќе инвестира...

Македонија1 ден

(Видео) Филипче: Нема да го поддржиме законот за „Безбеден град“

Ние сме конструктивна опозиција, но не сме контролирана опозиција, посочи претседателот на СДСМ,  Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање,...

Македонија1 ден

Минчев најави реформа во администрацијата: Нема доживотни функции, нема недопирливи

Министерството за јавна администрација денес ја започна јавната дискусија по нацрт-верзијата на Законот за високи раководители во органите на државната...

Македонија1 ден

(Видео) Ѓорѓиевски: Скопје чисто и проодно, фрлени се 300 тони сол

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, објави видео од чисти улици и кажа дека се фрлени 300 тони сол. „Скопје,...

Македонија1 ден

Со новиот закон ќе биде забрането пушењето цигари пред игротеки и на места каде што се чека во редица за билети

Со новиот предлог-закон за заштита од пушењето е предвидено регулирање на пушењето на отворени јавни простори каде има присуство или...