Македонија
Македонија ќе управува со 110 милиони евра од ИПА

Македонија се стекнува со право за користење и самостојно управување на над 110 милиони евра за инфраструктура од ИПА фондовите
Македонија се стекнува со право за користење и самостојно управување на над 110 милиони евра за инфраструктура од ИПА фондовите.
Ова денеска во Скопје го соопштија владини претставници, откако Европската комисија (ЕК) во петокот донесе одлука за пренос на управување со ИПА за Третата компонента за регионален развој.
“Македонија ќе може самостојно да управува со околу 40 милиони евра од ИПА фондовите за период од 2007-2009 со веќе подготвени проекти и околу 70 милиони евра за периодот 2010-2011 за кои треба да се дефинираат идните проекти“, изјави министерот за финансии и вицепремиер Зоран Ставревски.
Двата подготвени проекти со кои се стартува во 2010 е доизградба на Коридорот 10 заедно со Европската инвестициона банка, и проектот за изградба на Пречистителната станица во Прилеп во износ од 16 милиони евра.
“Оваа одлука на ЕК е доказ дека капацитетите на Македонија се зајакнуваат и дека овој процес нема да заврши за две недели или за два месеци, туку ќе трае паралелно со процесот на приближување на целата држава кон ЕУ“, изјави вицепремиерот за евроинтеграции Васко Наумовски.
Според најавите, Министерството за финансии, централно тело за имплементација на овие проекти, во септември ќе склучи спогодба, по што ќе ги објави тендерите за првите проекти во Македонија што ќе се финансираат од ИПА средствата.
ИПА програмата за период 2007-2013 година за Македонија предвидува вкупно 507,2 милиони евра за сите пет компоненти./крај/ис
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Граната извадена од езерото кај Пештани

Граната била извадена пред два дена од водите на Охридското Езеро, на плажа во Пештани.
Полицијата од Охрид утроово соопшти дека локацијата била обезбедена, по што гранатата безбедно е подигната за понатамошна постапка.
Македонија
Повеќе улици во Скопје утрово без струја

ЕВН Македонија известува дека утрово без електрична енергија се неколку делови од Скопје.
· во периодот од 05.00 до 13.00 часот, објектите на Сковин, живинарска фарма, Гама Градба, Беровиќ Бетон и Грин Екофарм во Маркова Сушица. ( општина Студеничани )
· во периодот од 08.00 до 11.00 часот, корисниците од ул. Козара бр. 68, Киро Гавриловски бр. 3 и бр. 5, објектот на ОУ Киро Глигоров како и објектите околу него. ( општина Центар )
· во периодот од 08.00 до 13.00 часот, корисниците од ул. 519 и Миодраг Илиќ во населба Керамидница. ( општина Гази Баба )
· во периодот од 08.15 до 13.00 часот, корисниците од ул. Франце Прешерн – непарни броеви, Иван Цанкар – парни броеви и Вангел Дину. ( општина Карпош )
· во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од корисниците од ул. Момин Поток. ( општина Карпош )
Македонија
Сончево и малку посвежо, од сабота следува период на многу топло време

Сончево и малку посвежо со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 27 до 35 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 32 степена.
Од сабота следува период на сончево и многу топло време со пораст на дневните температури. Особено топло ќе биде во првата половина од следната седмица.