Контакт

Македонија

Падот на производство „сериозен и очекуван“

Објавено пред

Падот на индустриското производство објавен за јуни годинава е „сериозен и очекуван“

Падот на индустриското производство објавен за јуни годинава е „сериозен и очекуван“.

Ова денеска во Скопје го изјави министерот за финансии и вицепремиер Зоран Ставревски, во врска со падот на Бруто општествениот производ за 16 проценти во првите три месеци од годинава.

„Двоцифрени ставки за пад на индустриското производство се значајни и индицираат дека вториот квартал ќе има негативна стапка на економски раст“, рече Ставревски.

Тој додаде дека тоа би значело „два последователни квартали на негативна стапка на економски раст“.

Сепак, Ставревски смета дека економските случувања во иднина се „малку посветли“ од оние во мај и јуни годинава и очекува работите да се подобруваат./крај/ис



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

(Видео) Стоилковски: Филипче е одговорен за уништувањето на инсулинот со валиден рок

Објавено пред

Венко Филипче е одговорен за уништување на инсулин со валиден рок. Венко Филипче не нуди одговори на клучните прашања и лиферува лаги со цел да го прикрие според нашите сомнежи очигледниот криминал со инсулинот, вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

„Неговото главно тврдење дека производителот не гарантирал ладен ланец, е чиста лага, затоа што со купувањето на секој производ тој преставува грижа на купувачот, во овој случај министерството за здравство на Венко Филипче.

Филипче не одговара на клучното прашање, а тоа е кога точно е произведен инсулинот, ако се знае дека рокот на траење е до 6-ти месец следната година. Не одговара затоа што овој инсулин е произведен во време кога Филипче е министер, а Заев премиер.

Воедно Филипче не одговара зошто ако воопшто некој набавил сомнителен инсулин против него нема правна постапка и одговорност или пак се е лага за да се предизвика нова инсулинска криза и да се намести нов тендер.

Потребна е кривична одговорност за Венко Филипче и за вклучените во уништувањето на инсулинот со валиден рок. Уништен е здрав инсулин и е направена штета на буџетот. Ја повикуваме државната комисија за спречување на корупцијата да утврди кривична одговорност за Филипче и останатите вклучени во уништувањето на инсулинот со валиден рок на траење.

Сомневањата се дека е предизвикано намерно и свесно уништување со цел да се набави нова количина од близок на власта добавувач. Целата документација ја доставуваме до комисијата, а од Филипче очекуваме одговори на нашите прашања“ порача Стоилковски.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Костадинов : Со илјадници амандмани ВМРО-ДПМНЕ ја блокира собраниската дебата

Објавено пред

„ВМРО-ДПМНЕ продолжува со деструктивното однесување во Собранието, кочи важни закони, работи на штета на граѓаните и на штета на демократските процеси во државата.Во еден ден ВМРО-ДПМНЕ поднесува илјадници амандмани на повеќе законски предлози со единствена цел, да ги блокираат реформските процеси“, изјави Костадин Костадинов, пратеник и портпарол на СДСМ.

Според енго, ВМРО-ДПМНЕ со преку 970 поднесени амандмани сака да го блокира Предлог законот за Академија за судии и јавни обвинители, за да обезбеди заштита за криминалот што го правеа функционерите од оваа партија и да спречи какви било реформи во судството.

„Поднесоа на 4000 амандмани за предлог законот за Јавно обвинителска служба со што ги загрозуваат доказните матријали во процесите коишто се водат против нив.Ете кој е против правдата, се покажува на дело, тоа се ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски.

Тие се против секоја реформа во правосудството.Со илјадници амандмани ВМРО-ДПМНЕ ја блокира и собраниската дебата за измени на Изборниот законик. ВМРО-ДПМНЕ е против еднаквост на мажите и жените, против отворените листи“, додаде тој.

Прикажи повеќе...

Македонија

Намален прагот на алармирање за аерозагадувањето

Објавено пред

Од Министерството за животна средина соопштуваат дека со измената на Уредбата за гранични вредности на аерозагадувањето, од 14-ти декември прагот на алармирање од загадување со ПМ10 честички ќе се намали од 188 на 175 милиграми на метар кубен.

„Во согласност со новата Уредба за изменување и дополнување на Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности, маргини на толеранција за гранична вредност, целни вредности и долгорочни цели во која е дефиниран прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри, од 14 декември 2019 година, прагот на алармирање на РМ10, се намалува од 188 mg/m3 и истиот изнесува 175 mg/m3 среднодневна концентрација во текот на 2 последователни дена и добиена прогноза за стабилна временска состојба во наредниот период“, соопштија од Министерството за животна средина.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Обвинителството проверува дали самоубиството на 13-годишното девојче од Гостивар е поврзано со секта

Основното јавно обвинителство Гостивар постапува за утврдување на причините за смртта на 13-годишно девојче од Гостивар, чие безживотно тело беше...

Македонија2 часа

Талевски: Само сакавме да ги намалиме цените на превозот за ученици

Повеќе од два часа обвинетиот ексградоначалник на Општина Битола, Владимир Талески, одговараше на прашањата на неговиот адвокат, Димитар Дангов, за...

Македонија2 часа

СДСМ смета дека нема пречка за една изборна единица на изборите во април

Не постои пречка за една изборна единица на изборите во април, брифираат извори од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија. СДСМ синоќа...

Македонија3 часа

В сабота ќе работат и градинките

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека 14 декември ќе биде работен и за градинките на територијата на државата....

Свет4 часа

Трамп до универзитетите: Укинете го антисемитизмот ако сакате пари

Американскиот претседател, Доналд Трамп, потпиша извршна наредба за забрана на федералните фондови наменети за универзитетите и колеџите, кои дозволуваат антисемитизам....

Свет4 часа

(Видео) Се запали рускиот разорувач „Адмирал Кузњецов“, тројца повредени

Рускиот носач на авиони „Адмирал Кузњецов“ се запалил додека го поправале на докот во Мурманск, при што повредени се три...

Регион6 часа

Преговорите за влада на Косово без резултати , нема договор за коалиција

Во косовското собрание синоќа се одржа уште една средба на лидерот на Движењето Самоопределување Албин Курти и лидерот на Демократскиот...

Свет6 часа

Санчез доби мандат за формирање влада

Шпанскиот крал Фелипе Шестти му довери на досегашниот премиер Педро Санчез мандат да се обиде да формира влада. Социјалистичката партија...

Свет6 часа

САД ја предупреди Северна Кореја да е откаже од нуклеарната програма и да избегнува провокации

САД се подготвени да бидат флексибилни во преговорите чија цел е Северна Кореја да се натера да се откаже од...

Свет6 часа

Парламентарни избори во Велика Британија – главни ривали се Џонсон и Корбин

Граѓаните на Британија денеска гласаат на вонредни парламентарни избори на кои се решава не само кој ќе управува во земјата,...

Спорт16 часа

Легендарниот шампион Леон Спинкс се бори за живот

Легендарниот шампион во тешка категорија, Леон Спинкс, се бори за својот живот во болница, потврди неговата сопруга, која побара молитви...

Регион18 часа

Уапсени двајца Срби и еден Македонец за убиството во Братислава

Во Унгарија уапсени се двајца Срби поради смртта на Никола Косаниќ (22), кој во неделата беше до смрт претепан во...

Македонија19 часа

Девет членки на ЕУ предложија нова методологија за проширување

Девет земји членки на ЕУ излегоа со заеднички предлог за нова методологија за проширување на членството во ЕУ, за што...

Топ22 часа

Возило излета од патот кај Дебарца и удри во пешак и паркирано возило

Синоќа на магистралниот пат Кичево – Охрид, во атарот на селото Радомирово, општина Дебарца, патничко возило управувано од Љ.В.(46) од...

Македонија22 часа

Се укинува законот за зелените пазари

Со 50 гласа пратениците го подржаа предлогот на министерот за економија, Крешник Бектеши, кој побара по скратена постапка да престане...

Македонија23 часа

Манчевски: Префрлањето на администрацијата во приватниот сектор нема да биде политички отстрел

Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, најави дека до крајот на годината ќе ги предложи пакет-мерките за префрлање...

Македонија24 часа

Обвинителството испитува кој ги објавува аудиоснимките поврзани со „Рекет“

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција оформи предмет и веќе проверува кое е лицето што ги објавува...

Свет1 ден

Австралиските пожарникари сами собираат средства за квалитетни маски за дишење

Пожарникарите во Нов Јужен Велс, Австралија, поведоа итна акција за собирање средства за набавка на подобра безбедносна опрема кога открија...

Македонија1 ден

Објавени аудиоснимки поврзани со „Рекет“: „Не знам, куферот со пари не е кај Заев“

На јутјуб-каналот U6e Big се појавија нови аудиозаписи поврзани со случајот „Рекет“. На нив се слуша глас кој личи на...

Македонија1 ден

По 33 години постоење, згасна охридскиот атлетски маратон

По 33 години постоење, згасна охридскиот атлетски маратон. Ова го потврди досегашниот организатор Пецо Неданов, кој на „Фејсбук“ објави дека...

Досие