Спорт
Џезерите победија во меч без одбрани
Речиси 20.000 гледачи во Енерџи Солушнс Арената во Солт Лејк Сити уживаа во атрактивна кошарка, кога Јута и Њујорк постигнаа 266 коша во меч без продолжение. Јута победи со 131:125 благодарение на подобрата игра во втората четвртина и единствената којашто ја добија во своја полза.Дерон Вилијамс со 24 поени, 7 скокови и 12 асистенции беше најдобар кај џезерите, а исто толку поени постигна и играчот од клупата Си Џеј Мајлс. Кај Никси Шоун Вилијамс беше најефикасен со 25 поени, а Рејмонд Фелтон имаше 23 поени, 7 скокови и 11 асистенции.Останати средби:Шарлот – Чикаго 96:91 ( Ди Џеј Аугустин 22 п. 12 ас., Тајрус Томас 17 п. 13 ск. / Карлос Бузер 23 п. 14 ск. ).Индијана – Далас 102:89 (Брендон Раш 20 п. / Џејсон Тери 18 п. 5 ск.).Торонто – Атланта 101:104 (Леандро Барбоса 26 п., Андреа Барњани 26 п. / Џамал Крофорд 36 п., Џо Џонсон 26 п.).Детроит – Мемфис 99:107 (Бен Гордон 25 п., Грег Монро 14 п. 11 ск. / Зек Рендолф 34 п. 17 ск. Руди Геј 26 п.).Бостон – Сакраменто 119:95 (Пол Пирс 25 п. Ражон Рондо 10 п. 13 ск. / Карл Лендри 17 п.).Њу Орлеанс – Сакраменто 92:89 (Маркус Торнтон 22 п. 9 ск. Крис Пол 12 п. 13 ас. 5 ск. / Двајт Хауард 29 п. 20 ск.).Милвоки – Сан Антонио 84:91 (Андреас Богут 15 п. 14 ск. / Ману Џинобили 23 п. 7 ск.).Хјустон – Оклахома 112:118 (Луис Скола 31 п. 11 ск. / Кевин Дурант 30 п.).Феникс – Њу Џерси 118:119 (Стив Неш 23 п. 16 ас., Винс Картер 23 п. / Саша Вујачиќ 19 п.).Л.А. Клиперс – Мајами 111:105 (Ерик Гордон 26 п. 6 ас., Блејк Грифин 24 п. 14 ск. 5 ас. / Двејн Вејд 31 п. 7 ас. Леброн Џејмс 27 п. 8 ск., Крис Бош 26 п. 13 ск.).Голден Стејт – Л.А. Лејкерс 110:115 (Марио Елис 38 п., Стифен кари 15 п. 10 ск. / Коби Брајант 39 п. 6 ск., По Гасол 24 п. 11 ск., Ламар Одом 20 п. 9 ск. Ендрју Бунум 11 п. 14 ск.). крај/макфакс/м.н.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Грција и Белорусија им ги расипаа сметките на Данска и Шкотска
Драмата во Групата Ц, за пласман на Светското првенство ќе продолжи до самиот крај.
Данска и Шкотска се репрезентациите кои во претпоследното коло влегоа со 10 поени. На Днците им требапе победа, но кикснаа во Копенхаген против Белорусија, додека Шкотите загубија во Атина од Грција.
Грците ги победија Шкотланѓаните со 3:2 (1:0) во возбудлив натпревар, домашната екипа немаше што да изгуби, а избраниците на Иван Јовановиќ успеаја да слават голема победа на крајот, победа која дава самодоверба и ништо повеќе од тоа.
Грција нема шанси да се пласира во следната фаза, Шкотланѓаните ќе бараат победа во последното коло против Данска за да се квалификуваат за Светското првенство. Реми ќе им одговара на Данците.
Данците, против аутсајдерот Белорусија запошнаа според планот, со гол на Дамсгард во 11-та минута.
Вистонски шок фаворитите доживеаја во вториот дел. Два гола постигнаа Белорусите за само три минути. Стрелци беа Громико и Демченко.
Напаѓаше Данска до самиот крај, но само успеа да избегне пораз со голот на Исаксон во 79-та минута.
За три дена во решавачкиот меч, Шкотска ќе ја пречека Данска.
Спорт
(Видео) БиХ обезбеди бараж, во вторник ќе брка директен пласман на СП
Фудбалерите на Босна и Херцеговина ја победија Романија по пресвртот во Зеница со 3:1 во натпреварот од претпоследното коло, од Групата Х од европските квалификации за Светското првенство.
Избраниците на Сергеј Барбарез знаеја дека мора да слават за да не зависат од другите, и тоа на крајот го направија. По втор пат во овој циклус ги победија Романците и обезбедија барем место во плејофот со 16 бода.
Но, во вторник, во последното коло, БиХ ќе гостува во Австрија, која има два бода повеќе. На БиХ ќе им биде потребна победа за да се пласираат на Светското првенство.
Романија доживеа катастрофален неуспех во оваа група, но покрај тоа, ќе бидат дел од плејофот, преку Лигата на нации. Сепак, поради фактот што не беа ниту втори во оваа група во ждрепката за плејофот, Романците ќе бидат во последниот шешир и во полуфиналето ќе му гостуваат на некој од носителите.
Што се однесува до натпреварот Бирлиѓа и донесе предност на Романија во 17-та минута, а до крајот на полувремето Романците не ги искористија шансите да го решат мечот. Ман промаши две идеални шанси за зголемување на предноста.
Лидерот на БиХ, Џеко изедначи во 49-та минута, а кога Драгомир во 68-та доби црвен картон, Босанците тргнаа во целосна иницијатива.
Во 80-та спектакуларен гол постигна Бајрактаревиќ за 2:1, а точка на големата победа стави Табаковиќ во 94-та минута.
⚽️ GOAL | Bosnia & Herzegovina 2-1 Romania | World Cup Qualification
Bosnia & Herzegovina is dominating with an incredible goal by Esmir Bajraktarević ⚽️!#BosniaHerzegovina #Romania #BOSROM #Footballpic.twitter.com/4DMyjmyTRu
— goalpostX (@GoalpostX) November 15, 2025
Спорт
Алкараз закажа финале со Синер на Завршниот Мастерс
Карлос Алкараз го победи Феликс Оже-Алијасим со 6:2, 6:4 и ќе се бори за својот прв трофеј на Завршниот Мастерс во Торино. Противник во финалето ќе му биде Јаник Синер.
Канаѓанецот речиси и да немаше шанси да му наштети на Алкараз, кој му дозволи само една брејк шанса во текот на мечот. Феликс не ја искористи, додека првиот рекет на планетата во најголем дел ги реализираше своите шанси.
Во првиот сет, прилично конфорни 6:2, во вториот, понеизвесни 6:4. Немаше брејк-топки сè до десеттиот гем кога 25-годишникот од Монтреал сервираше за да остане во мечот.
Секако, Оже-Алијаси може да биде задоволен од феноменалната форма што ја покажа во втората половина од сезоната. На следната АТП листа, тој ќе биде на петтата позиција, што ќе биде неговиот најдобар пласман во кариерата. Убав финиш по титулата во Брисел, полуфиналето на Отвореното првенство на САД и финалето на Мастерсот во Париз.

