Свет
САД ја завршија истрагата за сомнителните писма

Повеќегодишната истрага за аферата со испраќани писма заразени со антракс, по нападите од 11-ти септември 2001 г., во петок е завршена, пишуваат американските медиуми
Писмата заразени со спори од антракс стигнуваа на адресите на највлијателните американски политичари и медиумите, по што во американската јавност се крена голема паника. И покрај тоа што повеќето медиуми пишуваа дека станува збор за добро смислена терористичка акција, FBI соопшти дека зад сето тоа стои само едно лице.Имено, станува збор за контроверзниот лекар Брус Ивинс, кој работел сам, а во моментот кога е откриен во 2008 г. и требало да биде уапсен, се самоуби.Спорите со антракс што ги испраќал Ивинс предизвикаа пет смртни случаи, н двајца поштенски службеници в Вашингтон, медицински техничар во Њујорк, издавал на Флорида и 94-годишна старица во Конектикат.Според медиумите, истрагата за писмата со антракс е една од најзаморните и најскапи истраги во американската историја. Во извештаите за Ивинс од 2008 г. беше наведено дека тој пред секое од заразените писма невообичаено долго престојувал на неговото работно место во лабораторијата на Воениот истражувачки институт за заразни болести.Бирото должината на истрагата ја објаснува дека Ивинс како стручњак за заразни болести се преправал дека и’ помага на истрагата, а всушност ја наведувал на погрешна насока и ги бришел трагите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Падна француската влада

Францускиот премиер Франсоа Бајру го изгуби гласањето за доверба што самиот го побара за својата влада.
Француското национално собрание гласаше за негово разрешување со 364 гласа „за“ и 194 „против“, со што се собори неговата малцинска влада.
фото: епа
Европа
Францускиот премиер пред заминување: Нашата земја е во голема опасност

Преголемиот долг на Франција го доведува во прашање нејзиниот опстанок, предупреди денес премиерот Франсоа Бајру, пред гласањето за доверба на неговата влада, кое се очекува да го изгуби, што би можело да ја турне втората по големина економија во еврозоната во подлабока криза.
Бајру, четвртиот премиер за помалку од две години, побара гласање за доверба поради акутниот притисок со кој се соочува Франција, со минатогодишниот дефицит кој е речиси двојно поголем од европската граница од 3 проценти од БДП и јавниот долг од 113,9 проценти од БДП.
Тој го предупреди парламентот дека секоја следна влада ќе се соочи со истите проблеми. „Имате моќ да соборите влада, но немате моќ да ја избришете реалноста. Реалноста ќе остане неумолива: трошоците ќе продолжат да растат, а товарот на долгот, веќе неподнослив, ќе стане потежок и поскап“, им рече Бајру на пратениците.
Опозициските партии јасно ставија до знаење дека не се согласуваат со него за тоа како да се справи со долгот и ќе гласаат против малцинската влада на Бајру.
„Клучното прашање, прашање на живот и смрт, каде што е во прашање нашиот опстанок… е прашањето за контрола на нашите трошоци, прашањето за презадолженост“, го предупреди Бајру парламентот.
Падот на малцинската влада, што изгледа веројатно, би можел дополнително да ги продлабочи проблемите на Франција во критичен момент за Европа која бара единство, соочена со војната на Русија во Украина, сè подоминантната Кина и трговските тензии со Соединетите Американски Држави.
„Нашата земја има итна потреба од јасност, има најитна потреба од единство. Но, токму поделбата се заканува да преовлада, а го загрозува нејзиниот имиџ и углед.“
Исходот од гласањето за доверба, по говорите на Бајру и лидерите на сите политички групи, би можел да биде познат околу 19 часот по средноевропско време.
фото: принтскрин
Свет
Шпанскиот премиер: Едно е да ја браниш својата земја, а друго е да бомбардираш болници и да ги изгладнуваш децата

Шпанскиот премиер Педро Санчез денес објави девет мерки против Израел, вклучувајќи ембарго за оружје, со цел „запирање на геноцидот“ што земјата го спроведува во Палестина.
„Едно е да ја браниш својата земја, а друго е да бомбардираш болници и да ги изгладнуваш децата“, рече Санчез во говорот од зградата на владата во Мадрид.
„Не станува збор за одбрана, па дури ни за напад, туку за истребување на народ кој не може да се одбрани. Тука се прекршени сите закони на хуманитарното право“, додаде тој.
Санчез ја обвини меѓународната заедница за соучество во злосторството на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, потсетувајќи дека израелската армија убила 63.000 луѓе, ранила 159.000, изгладнела 250.000 и протерала повеќе од 2 милиони од своите домови.
„Шпанската влада итно ќе усвои мерка за правно регулирање на воведувањето ембарго за оружје врз Израел“, рече Санчез.
Ова ќе забрани купување и продажба на оружје, муниција и воена опрема на Израел. На шпанските пристаништа нема да им биде дозволено да примаат бродови што транспортираат гориво за израелската армија, додека на авионите што транспортираат резерви за израелските вооружени сили ќе им биде забрането да влегуваат во шпанскиот воздушен простор.
„Ќе забраниме влез во Шпанија на сите лица кои директно учествуваат во геноцид, кршење на човековите права и воени злосторства во Појасот Газа“, рече премиерот.
Шпанија, исто така, ќе забрани увоз на сите производи што доаѓаат од израелските населби во окупираниот Западен Брег и Појасот Газа со цел „да се сузбие окупацијата, да се запре присилното протерување и да се олесни решението за две држави“.
фото: принтскрин