Свет
Во Багдад убиени најмалку 33 лица а ранети 99 шиитски аџии

Во серија напади во ирачката престолнина во средата вкупно се убиени најмалку 33 шиити, а ранети најмалку 99, потврдиле официјални извори
Аџиите се упатиле кон џамијата мавзолеј на имамот Муса ал-Камавзолеј во северен Багдад. Сунитите ги напаѓаат шиитските аџии кои одат на аџилак кон мавзолејот на имамот Муса Казим каде секоја година се одбележува денот на смртта на имамот. Светилиштето се наоѓа во квартот Казимија, а аџиите мора да минат низ сунитската населба Азамија, каде и се случил најголемиот напад. Нападот се случил во сунитскиот дел од ирачката престолнина недалеку од мостот кога во 2005 г. поради лажна тревога дека на него е поставена бомба, во стампедо загинаа околу илјада шиитски аџии.Бомбашот-самоубиец се втурнал во колоната аџии убивајќи притоа 28, а ранувајќи 63 лица.Експлозивни направи експлодирале и во багдадските квартови Ал-Џададида и Фудалиа, во источниот дел од престолнината, при што се убиени пет, а ранети најмалку 36 аџии.Багдадската полиција одбила да даде детали за нападите. Тие се изведени и покрај тоа што ирачката полиција по улиците на Багдад размести околу 200 илјади полицајци и војници како заштита за аџиите.Шиитите кои се во мнозинство во Ирак се честа мета на вооружените сунитски групи. Во април 2009 г. две жени-самоубијци активираа бомби во близина на споменатиот мавзолеј, при што беа убиени 65 луѓе, а ранети околу 120.Во среда во Багдад се собрале неколку илјади верници за да го одбележат денот на смртта на имамот Муса Казим, седмиот од дванаесетте имами кои ги почитуваат шиитските верници. Имамот Казим бил отруен во 799 година, во затвор по наредба на тогашниот калиф Харун Ал-Рашид.
<!– /* Style Definitions */ p.MsoNormal, li.MsoNormal, div.MsoNormal {mso-style-parent:””; margin:0in; margin-bottom:.0001pt; mso-pagination:widow-orphan; font-size:12.0pt; font-family:”Times New Roman”; mso-fareast-font-family:”Times New Roman”;} @page Section1 {size:8.5in 11.0in; margin:1.0in 1.25in 1.0in 1.25in; mso-header-margin:.5in; mso-footer-margin:.5in; mso-paper-source:0;} div.Section1 {page:Section1;} –>
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Кремљ за мировните преговори со Украина: Не очекувајте чуда

Кремљ соопшти дека нема причина да се очекуваат чуда од предложената трета рунда директни руско-украински мировни преговори и одби да даде каква било временска рамка за потенцијален договор за прекин на војната.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во саботата изјави дека Киев испратил понуда до Москва да одржи уште една рунда мировни преговори во Турција оваа недела и дека сака да ги забрза преговорите за прекин на огнот.
„Нема причина да се очекува каков било напредок во категоријата чуда – тоа е тешко возможно во сегашната ситуација“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
„Имаме намера да ги следиме нашите интереси, имаме намера да ги обезбедиме нашите интереси и да ги исполниме задачите што си ги поставивме од самиот почеток“, додаде тој.
Кога беше прашан дали може да даде индикација за тоа како Кремљ гледа на потенцијална временска рамка за можен мировен договор, Песков рече дека не може да даде никакви насоки за времето.
„Има многу работа што треба да се заврши пред да можеме да разговараме за можноста за состаноци на високо ниво“, додаде Песков еден ден откога Зеленски ја обнови поканата за средба со рускиот претседател, Владимир Путин.
Свет
Пилотот е виновен за најголемата авионска несреќа во Јужна Кореја, исклучил погрешен мотор

Истрагата за најсмртоносната авионска несреќа во Јужна Кореја откри дека пилотот исклучил погрешен мотор.
179 лица на летот „2216“ на „Џеџу ер“ загинаа кога авионот се урна во бариера додека се обидуваше да слета на меѓународниот аеродром „Муан“ во декември минатата година. Само стјуардесата и стјуардот преживеаа. Тоа беше принудно слетување по судир со јато птици.
На 29 декември пилотите пријавија удар со птица и издадоа повик за помош додека нивниот авион се приближуваше кон пистата. Снимката покажува авион „боинг 737-800“ како се лизга по пистата без опрема за слетување удирајќи во ѕид и експлодирајќи во огромна огнена топка.
BREAKING: Crash of Jeju Air Flight 2216 in South Korea caught on video pic.twitter.com/r49Wz6OMfh
— The Spectator Index (@spectatorindex) December 29, 2024
Два од моторите на авионот беа испратени во Франција во март на анализа. Неодамнешните наоди на Одборот за истрага на воздушни и железнички несреќи на Јужна Кореја открија дека пилотот го исклучил левиот мотор, кој немал дефекти, наместо десниот, кој бил тешко оштетен од ударот со птицата.
Објавувањето на резултатите од истрагата, закажано за минатиот викенд, беше одложено по протестите на семејствата на жртвите, кои беа запознаени со наодите. Семејствата на жртвите ги обвинија истражителите дека ја префрлаат вината на пилотот игнорирајќи ги другите фактори што придонеле за несреќата.
Сепак, семејствата на жртвите предупредија дека во извештајот не се споменува бетонската бариера на крајот од пистата за која тврдат дека предизвикала толку катастрофална несреќа.
Пилотскиот синдикат на „Џеџу ер“ исто така ги критикува резултатите од истрагата велејќи дека тие премногу се фокусирале на погрешната процена на пилотот и ги потценувале другите фактори што придонеле за несреќата. Извор запознаен со истрагата изјави за „Ројтерс“ дека истражителите нема да ги променат своите наоди бидејќи имаат „јасни докази и безбедносни податоци“.
По несреќата, Министерството за транспорт на Јужна Кореја во јануари објави дека ќе ги отстрани бетонските бариери на седум аеродроми. Во мај семејствата на жртвите поднесоа кривични пријави за небрежност против извршниот директор на „Џеџу ер“, Ким Е-Бае. Ким е меѓу 24-те лица против кои се води истрага за несреќата.
Фото: Принтскрин
Свет
(Видео) Катастрофални поплави во Кина: има загинати, потрагата по исчезнатите е во тек

Во силните дождови во источната кинеска провинција Шандонг смртно настрадаа две лица, а 10 се водат за исчезнати кога за пет часа наврна дожд колку што паѓа за половина година. Беше поплавен округот Лаиву во градот Џинан, соопштија локалните власти.
Во областа е регистриран максимален број врнежи од дожд од 364 милиметри, кој паѓаше од вторник на полноќ до 5 часот наутро по локално време, што е половина од просечните годишни врнежи од дожд во Џинан од 733 милиметри.
Ненадејните поплави во близина на планинските села Шивузи и Жуџијају во Џинан сериозно оштетија 19 куќи. Спасувачките операции се во тек и сите напори се насочени кон спасување на исчезнатите, соопштија властите.
Trapped by rising waters — record rainfall floods streets and strands residents in Lianjiang County, Fuzhou City, China
— Moh Musthafa Hussain (@musthafaaa) July 22, 2025
Поплавите се дел од поширок модел на екстремни временски услови во целата земја поради источноазиските монсуни, кои предизвикаа нарушувања во втората по големина економија во светот. Јужните региони беа исто така преплавени од обилни дождови кога тајфунот Вифа го погоди Хонг Конг во неделата.
⭕️21JULY2025 —Following catastrophic floods, mudslides continue to strike – footage of a mudslide in Benxi, Liaoning Province China today#wx #china
Credit: @skynewsagra pic.twitter.com/Kb00LqkIcK
— INTERCEPT⭕R ᴼˢᴵᴺᵀ/ ᴹᵃʳᵏᵉᵗˢ (@InterceptorNews) July 22, 2025
Екстремните дождови и силните поплави, кои метеоролозите ги поврзуваат со климатските промени, се сè поопасни бидејќи се закануваат да ги надминат застарените одбранбени системи за поплави, да раселат милиони луѓе и да предизвикаат хаос во земјоделскиот сектор вреден 2,8 билиона долари.
Фото: принтскрин