Економија
Германските инвеститори со негативна оценка за деловната клима во Македонија

Дури три четвртини од членовите на Македонско-Германското стопанско здружение (МГСЗ) ја оцениле актуелната економска состојба во Македонија како лоша, но над половината од нив се задоволни од состојбата во која се наоѓа нивната фирма.
Дури три четвртини од членовите на Македонско-Германското стопанско здружение (МГСЗ) ја оцениле актуелната економска состојба во Македонија како лоша, но над половината од нив се задоволни од состојбата во која се наоѓа нивната фирма.Ова се наведува во анкетата на Унијата на германски комори за индустрија и трговија спроведена меѓу 150 компании членки на МГСЗ.На овогодинешната анкета 74 отсто од анкетираните претпријатија ја оценуваат сегашната економска состојба во Македонија како лоша, што претставува пет отсто повеќе во споредба со претходната година, се наведува во анализата.Во однос на оценувањето на сопствениците компании, испитаниците се позадоволни и дури 52 отсто од нив ја сметаа сегашната деловна состојба за задоволителна, 37 за добра, а само 11 ја оценуваат како лоша.Речиси половината од фирмите најавиле проширување на бројот на работните места во текот на годината, 59 отсто од нив очекуваат зголемување на добивката, а 41 отсто предвидуваат пораст на нивниот извоз.Директорот на Германското стопанство за Македонија Михаел Шмит како негативен го оцени податокот, што „само 65 отсто од германските компании одговориле дека повторно би инвестирале во Македонија, додека таа бројка во соседните држави се движи од 80-90 отсто.„Од одговорите на испитаниците повторно стана јасно дека состојбата во некои важни фактори во Македонија треба итно да се менува. Претпријатијата очекуваат поголема транспарентност во тендерите за јавни набавки, ефикасна администрација и правна сигурност“, изјави Шмит.Тој напомена дека германските фирми ја пофалиле реформата со воведувањето на рамниот данок, како и намалените стапки за социјалните придонеси за вработените, рече Шмит.Претставникот на германското стопанство изнесе и одредени статистички показатели, кои покажуваат драстичен пораст на обемот на трговската размена меѓу Македонија и Германија, особено на македонскиот извоз.Македонскиот извоз кон најголемата европска економија лани достигнал 590,8 милиони евра, што е за над 80 отсто повеќе во однос на 2009 година, кога бил остварен извоз во вредност од околу 350 милиони евра.Ова придонесло Македонија лани за прв пат да оствари суфицит во трговската размена со Германија и единствената држава од регионот, на која тоа и пошло од рака.Негативен показател за Шмит претставува податокот, што само десет отсто на увозот од Германија во Македонија отпаѓа на машини. Наведувајќи дека германското стопанство лани остварило раст од 3,5 отсто и дека за годинава се планира раст од близу три отсто, Шмит изрази очекување дека Германија ќе продолжи да биде локомотива на европската економија. Тој истакна дека порано пресудно за германските компании при носењето на одлуката каде да го селат производството, биле трошоците за работа, а сега клучно е да се биде блиску до трговските партнери, како и големината на пазарот.Од тие причини Македонија, заедно со соседните држави може да биде многу интересна за германските инвеститори, за што покрај подобрување на инфраструктурата, неопходно е и негување на добрососедски односи со државите во регионот, смета Шмит. /крај/со/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Mint Visa не е само картичка, тоа е „да“ кога другите ти велат „подоцна“

Во свет каде што сè е итно, а парите секогаш „на пат“, Mint Visa е тука – веднаш.
Со неа не чекаш зелено светло. Го стартуваш сам.
🔓 Од 3.000 до 300.000 денари – достапни кога ќе ти затребаат.
📲 Цел процес дигитален, преку One ID. Без шалтери. Без нервоза.
🧾 Без непотребни документи. Со јасни услови.
Со Mint Visa, не прашуваш дали можеш – знаеш дека можеш.
• Купуваш онлајн без нервоза.
• Резервираш патување без дилема.
• Плаќаш било каде – без објаснувања.
Во Mint Credit не глумиме магија.
Ние сме тука да направиме парите да работат за тебе – не обратно.
Mint Visa е нашиот најнов начин да ти кажеме:
Животот не треба да се одложува. Ни твоите планови.
Аплицирај денес. Јави се на 📞 15 107, или директно преку платформата на Mint Credit.
ПР
Економија
Исплатени 177.533.000 денари кон 1.636 лица за предадени јагне и јаре

Денеска се исплатија 177.533.000 денари кон 1.636 лица, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за развојот на сточарството во Македонија.
Реализирана е исплата на дополнителни директни плаќања од подмерки 2.8 и 2.10 за предадено јагне и/или јаре од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година.
Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства одгледувачи на овци и кози и се корисници од подмерка 2.8 и 2.10 кои имаат предадено јагне и/или јаре во регистриран кланичен капацитет во период од 26 декември 2023 година до 25 декември 2024 година.
Економија
Николоски потпиша договор за грант-средства со Европската банка за обнова во висина од 350 илјaди евра

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски го потпиша Договорот за грант средства со Европската банка за обнова и развој во висина од 350 илјaди евра наменети за техничка помош за изработка на Национална стратегија за полнење електрични возила и инфраструктура, извести Министерството за транспорт.
„Националната стратегија за полнење на електрични возила и инфраструктура, прва од овој вид во Македонија, ќе овозможи стратешки пристап кон развојот на патната инфраструктура за поддршка на воведувањето на електрични возила во патната мрежа.
Во овој момент во тек е постапката за избор на Консултант (се очекува крај на јули, почеток на август да се избере) кој ќе има задача во две фази да креира:
Подготовка на Стратегија за електрични возила; Акциски план со приоритетни активности и рокови кои треба да бидат одобрени од Владата, преку Министерството за транспорт и Европската банка за обнова и развој.
Покрај Консултанот, во изработката на Статегијата и Акцискиот план ќе бидат вклучени домашни и меѓународни експерти од области на експертиза за електрични возила, енергетската ефикасност, транспортот и екологијата“, се додава во соопштението.