Македонија
Околу 75 отсто утре би го гласале референдумот за влез во ЕУ
Ова го покажува истражувањето на јавното мислење нарачано од Секретаријатот за европски прашања, изработено од Институтот за политички истражувања – Скопје
Ова истражување е дел од планираните истражувања на јавното мислење во Стратегијата за комуникација со јавноста на Секретаријатот за европски прашања. Истражувањето е спроведено телефонски во периодот меѓу 3 и 4 јули 2010 на репрезентативен примерок од 1/110 испитаници. Првото прашање кое им било поставено на испитаниците било „Ако следната недела се одржи референдум за влез на Република Македонија во ЕУ, како би гласале Вие ? “, за што 834 или 75, отсто испитаници би гласале „за“, додека 112 или 10,1 отсто негативно би се изјасниле на евентуалниот референдум. Со „се’ уште не знам“ одговориле 82 (7,4), со „нема да гласам“ 26 (2,3) и со „не знам“ или немале одговор одговориле 56 или пет отсто од 1.100-те испитаници. Второто прашење од оваа анкета е „Која од следниве е причината за вашиот глас „за”? Испитаници што рекле дека „ за” гласаат поради унапредување на животниот стандард се 414 или 37,3 што според методиката на ова истражување изнесува точен процент од 49,6 отсто. Намалувањето на невработеноста како причина за поддршката на влезот на државата во ЕУ ја преферираат 282 испитаници или 25, 4 отсто што чини точен процент од 33,8. Унапредувањето на демократијата како причина ја навеле 83 лица, или 7,5, односно 10 отсто од оние кои се изјасниле дека ќе го поддржат евентуалниот референдум за влез во. Како други причини навеле 31 испитаник или 3,7 отсто а без одговор за својата поддршка биле 24 испитаници или 2,9 проценти. Од оние, пак, што се изјасниле дека нема да гласаат за референдум за влез на Република Македонија во Европската Унија, како своја причина дека со тоа би се влошил животниот стандард навеле 29 исптаници или со вкупен процент од 2,6 отсто или со 25,9 отсто од оние кои се изјасниле „против“. Дека ќе се загрози македонската економија сметаат 12 евроскептици, 1,1 или 10,7 отсто. Дека ќе се загуби националниот идентитет со влезот во ЕУ, пак, рекле 40 испитаници или вкупно 3,6 проценти од вкупниот број анкетирани или 35,7 од оние кои рекле „против“. Од преголема зависност од Брисел страхуваат само седум анкетирани, што е 0,6 отсто од вкупната бројка или 6,3 проценти од негативно изјаснетите на првото прашање. Други причини имале 11 или 1,2 отсѕо (11,6 отсто) а без одговор биле 13 испитаници или 1,2 отсто (11,6 проценти). Селедното прашање поставено на анкетираните е „Дали сметате дека Македонија е подготвена за членство во ЕУ?“ На него со „да“ одговориле 608 лица или 54,8 отсто, со „не“ одговориле 391 или 35 отсто, а не знаеле или немале одговор 111 испитаник или 10 отсто. Петтото прашање во анкетата за потребите на Секретаријатот за европски прашања било „Од каде најчесто се информирате за процесот на европската интеграција?“ 932 испитаници или 84 отсто одговориле дека информациите ги добиваат од електронските медиуми, 64 или 5,8 отсто од печатените медиуми, од интернет за ероатлантските интегративни процеси се инфомираат 97 или 8,7 отсто од испитаниците, од публикации информации добиваат девет или о,8 а од дрги извори двајца или 0,2 отсто од испитаниците.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Ѓорѓиевски: Скопје конечно добива Луна Парк
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денес ја најави долгоочекуваната реализација на проектот за новиот Луна Парк, значајна инвестиција што по децении неизвесност конечно ќе го донесе модерниот семеен парк за забава што го заслужува Скопје, информираат од Град Скопје.
Со започнувањето на јавната набавка за проектирање и монтажа, градот, додаваат од таму, влегува во нова фаза на урбана трансформација која ќе понуди современи атракции, целосна пристапност и нови содржини за сите генерации.
„По долги години оддолговлекувања и лажни ветувања, денес започнува јавната набавка за проектирање и монтажа на новиот Луна парк.
По децении изминати во кои генерации деца беа лишени од местото што им припаѓа, место за игра, радост и незаборавни моменти, конечно започнуваме со реализација на проект што ќе ја означи новата ера на семејна забава во нашиот град.
Пред нас е изградба на ултра модерен Луна парк, еден од најдобрите во регионот, изграден според највисоки европски стандарди.
Ќе создадеме простор исполнет со ролеркостери, водени атракции, интерактивни игри, зони со виртуелна реалност и целосно ново ниво на урбана забава. Посебно внимание посветуваме на пристапноста.
Луна паркот ќе биде комплетно прилагоден и за лицата со попреченост, со најсовремени системи за безбедност, видео надзор и прва помош“.
Ккако што најавува скопскиот градоначалник на просторот од 84.000 квадратни метри ќе никне место каде семејствата ќе поминуваат квалитетно време заедно, каде ќе има зони за одмор, улична уметност, локации за културни настани и театар со затворена сцена.
„Панорамско тркало, пиратски брод, подморница, среќна лулашка и уште многу други реквизити ќе создадат уникатна атмосфера која ќе го збогати туристичкиот имиџ на Скопје.
Почитувани скопјани, како што ветив – најдоброто доаѓа!
Скопјани конечно добиваат Луна парк што ќе биде симбол на нов почеток, на едно модерно, гордо и достоинствено Скопје“.
Македонија
Законот за правична и соодветна застапеност доби позитивна оценка од Венецијанската комисија, соопшти Фетаи
Законот за правична и соодветна застапеност доби позитивна оценка од Венецијанската комисија, со што се потврдува дека е во целосна согласност со европските стандарди и демократските вредности, информираат од кабинетот на заменик-претседателот на Владата за добро владеење, Арбен Фетаи, во врска со Законот за соодветна и правична застапеност.
Со овој закон, додаваат во соопштението, ќе се обезбеди квалитетна рамнотежа меѓу системот на заслуги и почитувањето на професионалните стандарди, од една страна, и принципот на правична застапеност на граѓаните кои припаѓаат на сите заедници, од друга страна.
„Законот овозможува правична вклученост во вработувањето во органите на државната власт и другите јавни институции на сите нивоа, без да се наруши квалитетот и професионализмот.
Изјаснувањето на етничката припадност е целосно доброволно и не предизвикува никакви негативни последици врз остварувањето на правата на граѓаните, во согласност со меѓународните стандарди за човекови права и недискриминација. Паралелно со доброволното изјаснување за етничката припадност, законот предвидува и материјални докази од личните карти и други официјални јавни документи, со цел да се спречат можните злоупотреби на само идентификацијата“.
Со ова законско решение, како што појаснуваат од кабинетото на Фетаи се зајакнува институционалниот интегритет, инклузивноста и довербата на граѓаните во системот, преку планирано и деполитизирано управување и примена на европските стандарди за добро владеење.
Делегацијата беше предводена од заменик-претседателот на Владата задолжен за добро владеење, Арбен Фетаи, придружуван од професорите по уставно право Тања Каракамишева Јовановска и Јетон Шасивари.
Македонија
Резолуција во Собрание за забрана на прифаќање мигранти – опозицијата ги повика ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски да ја поддржат
Опозицијата се обединува против, како што беше наведено, тајните договори на Владата предводена од ДПМНЕ за прифаќање мигранти, соопшти претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција.
Филипче информираше дека на неговата покана се одѕвале претставници на сите партии од опозициската коалиција, со кои разговарале за, како што оцени, сериозноста на состојбата поврзана со договор за мигранти со Велика Британија. Според него, сите учесници се согласиле дека ваквиот модел претставува голема опасност за државата.
„Гледаме дека првите мигранти веќе пристигнуваат во Косово и во Албанија. Огромна е опасноста Македонија да биде вовлечена во ваков процес“, изјави Филипче, додавајќи дека опозицијата дала поддршка на предлог-резолуцијата за прекинување на процесот за примање мигранти.
Тој нагласи дека резолуцијата не е партиска, туку државничка и граѓанска иницијатива, која треба јасно да гарантира дека во Северна Македонија нема да се прифаќаат мигранти како резултат на тајни договори, разговори или условени кредити. Филипче ги повика ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Христијан Мицкоски јавно да се изјаснат и заеднички да ја потпишат и изгласаат резолуцијата во Собранието.
На крајот, тој најави дека политичко-општествената акција ќе продолжи и ќе се проширува со претставници на граѓанскиот сектор, младите, синдикатите и студентите, со цел, како што рече, одбрана на државата, демократијата и безбедноста на граѓаните.

