Свет
Тајмс: Иран планира тестирање на клучните компоненти за изработка на атомска бомба

Британскиот весник „Тајмс“ денеска објави детали од доверливи разузнавачки документи кои ги доби на увид, а кои покажуваат дека Иран планира тестирање на клучни, финални компоненти за изработка на атомска бомба
Тие документи за тестирање на неутронскиот иницијатор, кој предизвикува експлозија во атомската бомба, ги проучуваат разузнавачките служби на неколку западни земји, вклучувајќи ја и британската.Еден аналитичар од лондонскиот Меѓународен институт за стратешки студии за „Тајмс“ изјави дека во случај да се покаже дека Иран навистина работи на изработка на нуклеарно оружје, тоа би значело дека дипломатско решение е невозможно, а би можело да биде повод и за војна.Истовремено, израелски експерти проценуваат дека премиерот Бенјамин Нетанјаху во следните шест месеци ќе мора да ја донесе најтешката одлука во својата кариера, а тоа е дали да нареди воени удари врз ирански нуклеарни објекти.Британскиот весник предупредува дека тоа би можело да предизвика пожар кој би се проширил низ целиот Блиски Исток.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Трамп: Сакам да се сретнам со Путин што е можно поскоро

Актуелниот американски претседател Доналд Трамп, исто така, даде изјава во врска со мировните преговори меѓу Русија и Украина.
„Време е едноставно да го завршиме тоа. Ќе го завршиме“, рече Трамп.
Тој додаде дека сака што поскоро да одржи средба со рускиот претседател Владимир Путин – штом успеат да ја договорат.
Трамп вчера изјави дека значителен напредок во разговорите е малку веројатен сè додека тој и Путин не се сретнат лице в лице.
Да потсетиме дека американскиот претседател е на последниот ден од посетата на Блискиот Исток, а денес зборуваше на настанот на Советот за деловна соработка во Обединетите Арапски Емирати.
Регион
Милановиќ: Хрватска расте, но не се развива

Хрватска расте, но не се развива, изјави хрватскиот претседател Зоран Милановиќ, кој на почетокот на оваа година доби уште еден петгодишен претседателски мандат, со најавата дека повеќе нема да се кандидира на избори за која било позиција.
На Деновите на комуникациите во Ровињ, кои започнаа вчера попладне, Милановиќ зборуваше за глобалните предизвици, политичката средина и важноста на комуникациите, особено во времето на технолошкиот напредок, тврдејќи дека Хрватска останала на одредено ниво во последните 30 години, без оглед на различните промени.
„Хрватска остана во рамките на истата парадигма, истите две партии, слични конфликти на идеологии, истите приказни и обвинувања едни против други“, рече Милановиќ на отворањето на Денот на комуникациите.
Тој додаде дека Хрватска „со сите нови алатки, со вештачка интелигенција, сè уште стои во место, скалите се исти, целите се слични, а БДП расте“.
Во такви околности, според претседателот, Хрватска мора да се праша каде е како мала земја во денешна Европа. „Едноставно, Хрватска расте во значителна мера, но не се развива на вистински начин. Ние сме даватели на услуги, а оваа услуга што ја обезбедува Хрватска и од која живее релативно пристојно, е нешто многу лабилно и не е нешто што гарантира континуитет и неповредливост“, рече Милановиќ, пренесува Танјуг.
Зборувајќи за положбата на Хрватите во Европа, Милановиќ вели дека нација како Хрватска, Унгарија, Германија, Австрија и речиси сите европски земји е првенствено ориентирана кон себе, а во нејзината основа е себичноста, а не злобата.
„Сите го прават тоа, некои зборуваат малку премногу за тоа, како (унгарскиот премиер Виктор Орбан), но во основа сите се однесуваат така“, рече Милановиќ.
Тој додаде дека во таква Европа, Хрватска се бори за својот простор, за својата безбедност и за својата одбрана. „Во такви околности, се обидуваме да привлечеме внимание кон себе, притоа внимавајќи никому премногу да не му замеруваме и да добиеме нешто за себе, односно да сме заштитени од надворешни влијанија и од силата на потенцијалните непријатели“, рече Милановиќ. Милановиќ, исто така, рече дека повеќе нема да се кандидира за никаква политичка функција.
„Како што времето минува, и во мојата епизода времето минува. Повеќе нема да бидам кандидат за претседател или за било што во политиката. Полека сумирам некои работи. Сфаќам дека е убаво да се биде во стадото, но во стадото и смрди“, заклучи Милановиќ, објави Хина.
Европа
Започна состанокот меѓу САД, Украина и Турција во Истанбул

Во Истанбул започна состанок меѓу САД, Украина и Турција, соопшти извор од турското Министерство за надворешни работи.
Засега нема информации дали Рубио учествува на состанокот.
Портпаролката на американскиот Стејт департмент, Теми Брус, изјави дека Мајкл Антон, директор за планирање на политиките во американскиот Стејт департмент, ќе ги претставува САД во разговорите со руската делегација.