Спорт
Без возбудување во Серија А
Во италијанската Серија А викендов на програмата се натпреварите од 20-то коло, во кој нема натпревар кој посебно го привлекува вниманието
На прв поглед оваа рунда не носи вистинско дерби и екипите од врвот не би требало да имаат проблеми да стигнат до бодовите против своите опоненти. Милан по киксот против Удинезе три бода ќе брка на гости кај Лече. Актуелниот првак Интер ќе и биде домаќин на Болоња, додека Јувентус ќе го пречека Бари. Рома патува во Чезена, а одличниот оваа сезона Наполи ја пречекува Фиорентина. Мини дерби на ова коло е дуелот Лацио-Сампдорија. Во сабота ќе се одиграат два натпревара, Наполи – Фиорентина и Интер – Болоња, а во неделата колото ќе биде комплетирано со мечевите Каљари – Палермо; Бреша – Парма; Катанија – Киево; Чезена – Рома; Џенова – Удинезе; Јувентус – Бари; Лацио – Сампдорија и Лече – Милан.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Раојс по 12 години заминува од Дортмунд
Марко Ројс, поранешниот капитен на Борусија Дортмунд, го напушта клубот од „Вестфален“.
Челниците на „милионерите“ и 34-годишниот Ројс постигнаа договор да не ја продолжат соработката која исткекува на крајот од сезоната.
Во изминатите 12 години го носеше дресот на Борусија и постигна бројни успеси со клубот.
„Марко Ројс е еден од најголемите играчи на овој клуб. Роден е во Дортмунд, играше десет години во нашите јуниорски категории и 12 за првиот тим, долги години беше капитен на тимот. Неговата приврзаност кон Борусија е огромна. Му посакуваме се најдобро на Марко во иднина, се надеваме дека ќе ни се врати по завршувањето на кариерата бидејќи го чекаат уште предизвици во Дортмунд“, изјави првиот човек на клубот Ханс-Јоакаим Вацке.
Ројс беше капитен од 2018 до 2023 година.
На 424 натпревари за Борусија, тој постигна 168 гола и забележа 128 асистенции.
Спорт
Покетино: Не одлучувам јас дали ќе го напуштам Челзи
Тренерот на Челзи, Маурисио Покетино изјави дека не е сигурен дали ќе има време да го врати клубот на врвот на англискиот фудбал.
Челзи на домашен терен го победи Тотенхем со 2:0 во натпреварот од Премиер лигата и ги задржа шансите за пласман во европските натпреварувања.
„Сините“, речиси цела сезона се справуваат со повреди, а во моментов дури 14 играчи поради повреди се надвор од тимот. Се шпекулира дека аргентинскиот стручњак би можел да го напушти клубот на крајот на сезоната.Тој не сакаше да одговори на ова прашање.
„Мислам дека е доста“, изјави Покетино за Скај на прашањето за шпекулациите околу неговата иднина.
„На сите тренери им треба време за да пренесат идеи и филозофии. Уште повеќе кога екипата е ваква. Ни треба време. Тоа не е моја одлука. Тешко е бидејќи секоја недела сум под лупа. Но, тоа не е моја одлука. Ако сакаме да испишеме историја со Челси, не чека многу работа. Ќе бидиме дали ќе имаме доволно време“.
Челзи моментално е осмо на табелата со 51 бод од 34 натпревари во Премиер лигата и заостанува три бода зад шестопласираниот Манчестер Јунајтед, кој го држи последното место кое обезбедуа пласман во европските купови.
Спорт
Тренерот на Бенфика сега е прв фаворит за нов тренер на Баерн
Баерн беше подготвен да го претстави Ралф Рангник како тренер кој ќе го наследи Томас Тухел следната сезона, но австрискиот тренер се премисли во последен момент и реши да остане на кормилото на репрезентацијата на Австрија. Претходно Баерн го одбија Чаби Алонсо и Јулијан Нагелсман.
Баерн ја продолжува потрагата по наследникот на Тухел, а според „Билд“ следен кандидат е Роџер Шмит (57), актуелниот тренер на Бенфика.
„Билд“ тврди дека Баерн сега со сите сили ќе тргне по Шмит, чиј договор со Бенфика е со важност до 2026 година и има откупна клаузула од 30 милиони евра. Сепак, португалскиот клуб наводно не е целосно задоволен од неговата работа, па постои можност Баерн да го добие на друг начин, наместо да плати голема сума.