Свет
Почнаа првите заедички вежби на морнариците на Русија и Кина
Воените морнарици на Русија и на Кина во неделата ги започнаа првите заеднички воени вежби во Жолттото море во близина на источниот кинески брег, коишто ќе траат шест дена.
Кинеските медиуми известија дека кинеските и руските воени офицери од неделата наутро ги започнале вежбите во близина на градот Чингдао во покраината Шандонг Вежбите опфаќаат заедничка противвоздушна одбрана, тактики за одбрана од подморници, како и операции за претражување и спасување, а ќе биде изведена и симултана акција за спасување на грабнати бродови, како и ткн антитерористички дрилови.
Во воените маневри учествуваат 16 бродови и две подморници на кинеската воена морнарица, како и четири руски воени бродови, Кинезите во четвртокот известија дека цел на вежбата е јакнењето на мирот во регионот.
Од 2005 година наваму, Русија и Кина изведоа четири заеднички воени вежби, а во некои учествуваа и воените сили на други земји. Истата година двете земји имаа и заеднички „воени игри“, но ова се први наменски воени вежби на воените морнарици./крај/афп/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

