Спорт
Осум секунди за инфаркт во Пепси Центарот
Последните секунди во Денвер на мечот меѓу Нагетс и Сан Антонио Спарс не беа за луѓе со слабо срце. Сан Антонио на осум секунди до крајот водеше со 108:111, кога Кармело Ентони беше проигран за забивање и резултат од 110:111. Но додавањето од под кошот на Сан Антонио беше пресечено, па Ентони во истата секунда постигна уште еден поен за 112:111. Ману Џинобили за три секунди го претрча цел терен и постигна кош иако беше покриен за ново водство на Сан Антонио од 112:113. Остануваа 4,2 секунди за напад на Денвер. Ентони беше проигран во просторот под кошот и постигна поен но притоа го сруши Џинобили и судијата Хејвуд Воркмен досуди офанзивен фаул што значеше дека кошот не важи, а победата му припадна на Сан Антонио. Кармело Ентони беше најефикасен во тимот на Денвер со 31 поен и 9 скокови, а Арон Афало имаше 20 поени 5 скокови и 4 асистенции. Во екипата од Сан Антонио Тим Данкан со 28 поени и 16 скокови беше најефикасен, Тони Паркер постигна 24 поени и 9 скокови, но играч кој што го одлучи мечот беше Ману Џинобили (16 п.) бидејки го постигна решавачкиот кош, а врз него беше направен офанзивниот фаул во последната секунда кога беше поништен кошот на Кармело Ентони. За Сан Антонио ова е 22 победа во 25 мечеви, додека Денвер сепак е во позитива со 15 победи и 10 порази.Њу Џерси Нетс во Пруденшл Центарот го победи Вашингтон Визардс со 97:89. Решавачка беше предноста од 17 поени на полувремето која беше недостижна за Вашингтон. Девин Херис постигна 29 поени и 9 асистенции за мрежичките, а играчот од клупа бекот Ник јанг беше најпрецизен во тимот од Вашингтон со 22 кошеви. Џилберт Аренас постигна само 19 поени, но имаше 9 асистенции. И двете екипи имаат лош скор на победи и порази, Њу Џерси со 6-19, а Вашингтон со 6-18.Во Гарден Арената во Бостон домаќините ја победија Атланта со 102:90. Глен Дејвис имаше дабл-дабл со 18 поени и 10 скокови, Реј Ален постигна 18 поени и 6 асистенции, а кевин Гарнет 17 поени и 14 скокови за Бостон, кој со оваа победа има импресивен скор од 21-4. Марвин Вилијамс со 26 поени и 5 скокови беше најефикасен во тимот на Атланта која сега има скор 16-11. Крај/Макфакс/м.н.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Дамфрис го продолжи договорот со Интер
Фудбалерот на Интер, Дензел Дамфрис го продолжи договорот на уште три години, што значи дека во Милано ќе остане до 2028 година.
Холандскиот фудбалер со новиот договор ќе добие покачување на платата, па годишно ќе добива четири милиони евра, објавија италијанските медиуми. За разлика од медиумите клубот не ги соопшти финансиските детали од договорот на 28-годишниот десен бек.
Во 2021 година, Дамфрис се пресели од ПСВ во Интер, за кој одигра 147 натпревари, постигна 13 гола и го освои шампионатот, два Купа на Италија и три Суперкупа.
Спорт
Новак Ѓоковиќ стана глобален амбасадор на „Катар ервејс“
Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ, освојувач на рекордни 24 Грен слем титули, стана глобален амбасадор на компанијата Катар ервејс.
Како што се наведува во соопштението, Ѓоковиќ станал бренд и велнес амбасадор на компанијата и била договорена долгорочна соработка.
„За мене е големо задоволство и чест да соработувам со Катар Ервејс, компанија која многу ја ценам, не само поради нејзиниот беспрекорен однос кон клиентите и вработените, туку и затоа што ја препознава важноста на благосостојбата и долговечноста, што е мојата голема страст. Верувам дека заедно ќе го подобриме веќе наградуваното искуство на клиентите ширум светот и ќе го подигнеме на уште повисоко ниво. Благодарен сум што Катар Ервејс ќе биде мој партнер на сите патувања на професионалниот спорт, семејните моменти или деловните обврски“, рече Ѓоковиќ.
Спорт
Матеус: Баерн треба да го продаде Коман, а да го задржи Сане
Легендата на германскиот фудбал Лотар Матеус ги советува челниците на Баерн, во зимскиот преоден рок да го продадат Кингсли Коман, а во исто време да направат обид да го задржат Лирој Сане.
Баерн суверено владее во Бундеслигата и по победата над Пари Сен Жермен навестува дека ќе се пласира во нокаут фазтата во Лигата на шампионите. Во исто време, шефовите на спортскиот сектор, Макс Еберл и Кристоф Фројнд, наголемо работа на летниот преоден рок.
Младата ѕвезда на Баер, Флоријан Вирц е на врвот на листата, но за него треба да издвојат најмалку 100 милиони евра. Доколку сакаат да го реализираат овој трансфер, а ќе биде тешко бидејќи за Вирц интерес покажа и Реал Мадрид, Надзорниот одбор очекува приходи од продажба на фудбалери веќе во претстојниот преоден рок во јануари.
Кандидатите за продажба се Кингсли Коман (договор до 2027 година), Леон Горецка (до 2026 година) и Серж Гнабри (до 2026 година).
Легендата на Баерн со најмногу натпревари во германската репрезентација, Лотар Матеус, го советува поранешниот клуб прво да го продаде Коман и да го продолжи договорот со Лерој Сане, кој истекува во јуни.
„Сане треба да се задржи, но со намалена плата. Тој добро се согласува со тренерот Компани. Коман не е неопходен за тимот и треба да се продаде во зимскиот преоден рок“.
Францускиот репрезентативец одигра 309 натпревари од летото 2017 година, постигна 67 голови и забележа 68 асистенција. Запаметен по победничкиот гол против Пари Сен Жермен во финалето на Лигата на шампионите во 2020 година.