Свет
Започна генералниот штрајк во Франција

Железничкиот сообраќај во Франција полека почна да се намалува на почетокот на 24-часовниот генерален штрајк на транспортниот систем заради непопуларниот план на конзервативниот претседател Никола Саркози да ја зголеми возраста за пензионирање од 60 на 62 години, пренесува Асошиејтед прес
Железничкиот сообраќај во Франција полека почна да се намалува на почетокот на 24-часовниот генерален штрајк на транспортниот систем заради непопуларниот план на конзервативниот претседател Никола Саркози да ја зголеми возраста за пензионирање од 60 на 62 години, пренесува Асошиејтед пресШтрајкот на вработените во железничкиот превоз, кој е во државна сопственост, постепено започна вечерва во 18 часот СЕВ, но главниот удар врз сообраќајните комуникации во Франција се очекува во вторник, кога вработените ќе излезат на улиците на градовите, а на штрајкот ќе му се приклучат и аеродромите и јавниот превоз. Цивилните воздушни власти на Франција ги замолија авиокомпаниите во вторникот да го намалат бројот на летовите од и до аеродромите во Париз за една четвртина. Само два од петте брзи возови ќе оперираат во вторник, а сообраќајот ќе биде намален и во париското метро и приградските линии. Само една од две или дури една од три линии ќе бидат оперативни во текот на штрајкот. Се очекува на улиците на француските градови во вторник да се одржат околу 200 демонстрации. Синдикатите се надеваат дека ќе мобилизираат два милиона луѓе. На сличниот штрајк на 24 јуни излегоа 800.000 луѓе.Францускиот министер за труд, Ерик Воерт во понеделник изјави дека владата ќе продолжи со реформите, без оглед на тоа колкав ќе биде одѕивот. Левичарските политички партии и студентските асоцијации го повикаа своето членство да им се придружи на штрајкувачите. Малку пред почетокот на генералниот штрајк, со штрајк започнаа некои француски учители, кои протестираат поради владината политика во образованието. Министерството за образование соопшти дека само пет проценти од наставниците во основните и средните училишта започнале со штрајк, додека синдикатот СНЕС тврди дека преку 30 проценти од наставниците штрајкуваат. Штрајкот се одржува истовремено со почетокот на дебатата во парламентот за темелни реформи на пензискиот систем кој е голем загубар, за да може да дојде до позитивна нула во 2018 година. Владата инсистира дека реформите се суштествени, бидејќи луѓето сега живеат подолго и го повика народот „да покаже храброст“ додека не се намали огромниот национален долг. Синдикатите, пак, велат дека владата удира по најнегуваната социјална заштита, пензискиот систем, иако и со возраст за пензионирање од 62 години, Французите ќе бидат меѓу најзаштитените во Европа. Соседната Германија, на пример, одлучи да ја зголеми возраста за пензионирање од 65 на 67 години. /крај/ап/сс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Видео) Невреме во Црна Гора: Сè беше забелено

Невремето што денес ја погоди околината на Колашин во Црна Гора донесе неочекувани сцени за првиот дел од август, сè е покриено како со бела покривка, пишуваат медиумите во регионот.
Сепак, според написите, не станува збор за снег, туку за град што падна низ целата област.
Според проценките, на некои места слојот на град достигнува и до 15 сантиметри.
Овој августовски пејзаж е вистинска реткост во овој дел и не се памети во поновата историја, пренесуваат медиумите.
Дел од скијачките патеки исто така беше покриен со град, а невремето предизвика значителни штети на планинските патишта, што претставува дополнителен предизвик за локалните жители и туристите.
Фото: принтскрин
Свет
Орбан: Не ја признаваме пресудата против Додик

Унгарија не ја признава конечната пресуда на Апелациониот совет на Судот на Босна и Херцеговина, со која беше потврдена првостепената одлука од февруари оваа година, објави премиерот на таа земја, Виктор Орбан.
„Унгарија не ја признава судската пресуда против претседателот Милорад Додик. Обидите на супервизорите назначени од ЕУ да го отстранат поради спротивставување на нивната глобалистичка агенда се неприфатливи. Тој е легитимен, избран лидер на Република Српска – ние цврсто се спротивставуваме на мешањето на Брисел во суверените прашања. Ништо не може да биде над волјата на народот“, напиша Орбан на социјалната мрежа Икс.
Медиумите во регионот потсетуваат дека Апелациониот оддел на Судот на Босна и Херцеговина во петокот ја потврди првостепената пресуда против претседателот на Република Српска, Милорад Додик, со која тој беше осуден на една година затвор и шестгодишна забрана за политичка активност поради непочитување на одлуките на Кристијан Шмит.
Свет
(Видео) Пукање во Лос Анџелес: има загинати и повредени

Најмалку две лица се убиени, а шест се ранети денес во пукање за време на забава по музички фестивал во центарот на Лос Анџелес, објавија властите.
Полицијата изјави дека едно лице осомничено за пукањето е уапсено.
LOS ANGELES MASS SHOOTING: Mass shooting after Hard Summer Music Festival afterparty in Inglewood, LA. 2 killed, 6 injured. pic.twitter.com/Rgra9sY59O
— Breaking911 (@Breaking911) August 4, 2025
Забавата беше промовирана на социјалните мрежи како неофицијална забава по фестивалот „Hard Summer”, викенд фестивал на техно музика што се одржува во Холивуд Парк, објави АП.
Нема информации за мотивот на нападот.
Полицијата објави дека отворила истрага.