Контакт

Филм

„Љубов" на Ханеке награден со францускиот Цезар

Објавено пред

Филмот „Љубов” на австрискиот режисер Микаел Ханеке и на актерките од филмот Емануела Рива и Жан-Лиј Третињан во петокот навечер беа победниците на доделувањето на француските филмски награди Цезар на свеченоста што се одржа во Париз, две дена пред доделувањето на најпрестижните филмски награди американскиот Оскар, за кои овој филм е номиниран во пет категории.

dobivaj vesti na viber

Комедијата „Camille redouble” на Ноеми Лвовски, најголемиот фаворит со 13 номинации, остана без ниеден Оскар, исто како и „Holy Motors” на Лео Каракс кој имаше девет номинации.

Без музика, без специјални ефекти, само со чкрипење на паркетот на огромниот париски стан, филмот „Љубов” ја соголува неумоливата судбина на 80-годишните Ан и Жорж, вљубени до крајот. Филмот кој веќе ја освои првата награда на Филмскиот фестивал во Кан во мај 2012 година, победи со пет Цезари, за најдобар филм, најдобар режисер и најдобро сценарио кои му припаднаа на Микаел Ханеке, и за најдобра актерка на 86-годишна Емануела Рива и за најдобар актер на 82-годишниот Жан-Луј Третињан.

Микаел Ханеке кој веќе претходно отпатува за Лос Анџелес каде што ќе присуствува на доделувањето на Оскарите, не присуствуваше во салата „Charlet” да ја прими наградата, Жан-Лиј Третињат и покрај возраста отсуствуваше од церемонијата но поради настап во театарот во Брисел, па наградата, прв Цезар во кариерата на неговиот славен татко, ја прими неговиот син Винсент.

Емануала Рива. Којашто овие денови ќе наполни 86 години, изјави дека не може да „поверува дека наградата ја прима сама”, без филмската екипа.

Филмот кој според наградите е веднаш зад „Љубов”, „’Рѓа и коска” на Жак Одиар со Марин Котијар, доби четири Цезари од девет номинации, за најдобра филмска адаптација, најдобра оригинална музика, најдобра машка актерска надеж за Матис Шоенаерц и за најдобра монтажа.

Наградите за најдобрите споредни улоги им припадна на Гијом де Тонкведек и на Валери Бенжуизи за комедијата „Le prenom” (Презиме) на Матју Делапорте и Алексадер дела Патијер

Филмот „Арго” на Бен Афлек беше победник во категоријата најдобар странски филм, а американскиот актер Кевин Костнер до доби почесниот Цезар./крај/мф/сн



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

(Видео) Tри филма што Скорсезе ги смета за врв на кинематографијата

Објавено пред

Мартин Скорсезе, еден од највлијателните американски режисери, со децении ги поместува границите на филмскиот израз. Неговата филмографија опфаќа широк опсег на жанрови – од насилни урбани приказни до сложени љубовни драми и духовни дилеми.

dobivaj vesti na viber

Иако неговите понови филмови, како „Ирецот“ и „Тишината“, сè уште се препознатливи по нивната визуелна раскош и длабока анализа на ликови, многумина сè уште сметаат дека неговите најголеми дела потекнуваат од поранешниот период – со насловите „Таксист“, „Добри момци“ и „Разјарениот бик“.

Во текот на својата кариера Скорсезе често ги издвојуваше режисерите што го инспирираа, меѓу кои и Акира Куросава, Ингмар Бергман и Џон Форд. Сепак, еден особено го допре – јапонскиот режисер Кенџи Мизогучи, познат по класичните филмови, кои прикажуваат емоции преку поетски ритам и внимателно изработени слики.

Како негов омилен го наведува филмот на Мизогучи, „Приказни под месечината и дождот“ (Ugetsu monogatari) од 1953 година, кој ја следи приказната за амбициите, љубовта и за војната во 16 век.

„Овој филм имаше најголемо влијание врз мене. Има моменти во тој филм што ги гледав одново и одново и кои секојпат ми го одземаат здивот“, рече Скорсезе, пренесе магазинот „Фар аут“.

Иако „Приказни под месечината и дождот“ често се смета за ремек-дело, Скорсезе ја цени целата трилогија, која ги вклучува и „Животот на Охару“ (Saikaku ichidai onna) и „Саншо судијата“ (Sanshô dayû), а за која вели дека е врвот на светската кинематографија.

Работата на Мизогучи го отелотворува она што многумина го сакаат во јапонскиот филм – суптилност, емоции и елеганција. Неговото влијание може да се види и кај современите режисери, како Хироказу Коре-еда, кој го комбинира секојдневниот живот со длабоки емотивни слоеви. Восхитувањето на Скорсезе кон Мизогучи е уште еден доказ за неговата длабока поврзаност со филмската историја – и неговата непоколеблива почит кон мајсторите на визуелното раскажување приказни.

Прикажи повеќе...

Култура

„Македокс“: Платформата „Некстас“ го носи документарниот филм во училница

Објавено пред

Употреба на документарниот филм како едукативна алатка во формалното образование е силна мисија на Здружението за промоција на документаристиката „МакеДокс“. Оваа децениска посветеност резултира со бројни успеси, а новитет во едукативната програма на „МакеДокс“ е „Некстас“, платформата за наставници кои се стремат да поттикнат критичко размислување кај младите луѓе и се подготвени да иновираат со нови аудиовизуелни средства во наставата.

dobivaj vesti na viber

Во насока на претставување на платформата „Некстас“ пред професори од средните училишта во Скопје, во петок, 11 април, во просториите на „Јуроп хаус Скопје“, со почеток во 11:00 часот, „МакеДокс“ ќе одржи презентација и кратка обука проследена со дискусија. Свои обраќања ќе имаат Надица Таневска Јанева, социолог и професорка во СУГС „Георги Димитров“ – Скопје, и Сашо Алушевски од „МакеДокс“.

Настанот е од отворен тип, но пријавувањето за присуство на настанот е задолжително. Линк за пријавување: https://forms.gle/cpEnERjVx4etdAsm8

Оваа образовна платформа на наставниците и учениците им нуди бесплатен пристап до динамична дигитална средина која содржи обемна колекција на документарни филмови од целиот свет, придружени со помошни материјали во насока на наставните планови на речиси секој предмет во средното образование. „Некстас“ е достапна на неколку јазици, отсега и на македонски јазик, а користењето на оваа платформа како ново аудиовизуелно средство е одобрено од Бирото за развој на образованието и Министерството за образование и наука на РСМ.

„Некстас“ е партнерски проект на „Docs Barcelona“ (Шпанија), „DOK.fest Munich“ (Германија), „Thessaloniki Film Festival“ (Грција), „Indie Lisboa“ (Португалија), „Sottodiciotto Film Festival“ (Италија) и „МакеДокс“ (С Македонија), а проектот е поддржан од програмата „Креативна Европа“ – потпрограма Медиа.

„Некстас“ веќе ја користат над 10.000 наставници и професори ширум Европа. Линк до платформата: https://nextus.global/mk

Прикажи повеќе...

Култура

„Бруталистот“ и „Емилија Перез“ доминираа на Златните глобуси – над 10 милиони луѓе го следеа емитувањето

Објавено пред

Овогодинешната церемонија на доделување на Златните глобуси привлече повеќе од 10 милиони гледачи на телевизиските екрани, што е благ пораст на гледаноста во споредба со претходната година, изјавија во понеделникот продуцентите на настанот, на кој доминираа филмовите Бруталист и Емилија Перез во однос на наградите.

dobivaj vesti na viber

Зголемувањето на гледаноста на неделната гала во последниве години покажува благ нагорен тренд кога станува збор за интересот за слични настани, бидејќи Холивуд се обидува да се оддалечи од влијанието на штрајковите и пандемијата, а наградите Глобус постепено се опоравуваат од сопствените контроверзи и скандали.

Просечната бројка од 10,1 милиони гледачи кои го гледале шоуто е зголемување од 7 отсто во споредба со галата во 2024 година и значителен скок од едвај шест милиони гледачи една година порано.

Златните глобуси, холивудски филмски и телевизиски награди, кое некогаш беше второ по популарност по Оскарите, беше во криза во последниве години. Во 2022 година, гала настанот не се ни емитуваше. Поранешната телевизија Ен-Би-Си ја донесе ваквата одлука затоа што нејзиното раководство беше огорчено од недостатокот на различност и етички пропусти на групата новинари кои претходно ги организираа наградите.

Церемонијата на доделување на престижните награди беше повторно лансирана минатата година под нов приватен сопственик, а беше емитувана на „Си-Би-Ес“ во неделата навечер. Исто така, вреди да се напомене дека наградите им беа доделени на холивудските ѕвезди од А-листата во блескавата сала за бал во Беверли Хилс. На овогодинешните награди доминираа мјузиклот Емилија Перез и епската имигрантска драма Бруталист.

Мексиканскиот филм Емилија Перез на францускиот режисер Жак Аудиар освои четири награди, вклучително и за најдобра комедија или мјузикл, додека „Бруталистот“ беше прогласен за најдобра драма, а наградата за најдобар актер му припадна на главниот лик на филмот Адриен Броди, кој го игра архитектот Ласло Тот, Евреин којшто го преживеал холокауст.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет10 часа

Вучиќ е единствениот кој не ја потпиша декларацијата за поддршка на Украина

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ги опиша денешните состаноци во Одеса на самитот „Украина-Југоисточна Европа“ како многу успешни, но тој...

Македонија11 часа

Меџити во Украина: Силно ја осудуваме руската агресија и бараме итно запирање на војната

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање на Република Северна Македонија, Изет Меџити, денес учествуваше на Самитот...

Економија15 часа

Паушалите во сметките за струја ќе станат минато, Министерството за енергетика почна серија брифинзи за новиот закон

До 2031 година 80 отсто од граѓаните треба да имаат смарт броила, а првите веќе се очекува да бидат инсталирани...

Македонија17 часа

Македонската дипломатија нема да биде ничија партиска сопственост, одговори МНР по прозивките од СДСМ

Македонската дипломатија не е, и нема да биде ничија партиска сопственост. По години на политичка злоупотреба, ја враќаме дипломатијата на...

Македонија18 часа

Побаран доживотен затвор за убијците на Вања и Панче: Двете дела се убиства на свиреп начин за кои е предвидена најтешка казна

Обвинителките Ана Стојковиќ-Димитровска и Жаклина Крстевска во завршните зборови на денешното судење за убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот...

Македонија18 часа

(Видео) Обвинителството да отвори постапка за криминалниот круг Филипче – Заев – Зобек мининг, бара Петрушевски

Фрапирани сме од молкот во СДС и кај Венко Филипче, за неговата фирма во Бугарија, џипот купен од фирма која...

Македонија20 часа

(Видео) Костова: Тотален дебакл на Мицкоски во економијата, инфлацијата го изеде семејниот буџет

Се случува тотален дебакл на економски план, економската политика на владата на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ е целосно промашена. Последните податоци...

Македонија20 часа

За прв пат после шест години, учениците во основните училишта ќе имаат учебници по сите странски јазици, вели Јаневска

„Наместо училиштата да им делат парталави и неупотребливи учебници на учениците, треба да ги пријават во електронскиот систем на Министерството...

Македонија23 часа

Арсовска: Аценце, те чекам на ТВ дуел

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска преку социјалните мрежи го повика градоначалникот на Ѓорче Петров на ТВ дуел. „Во меѓувреме...

Македонија23 часа

(Фото) ДЗС: Пронајдени артилериска граната од 75 mm и рачна бомба од Првата светска војна

Во последното деноноќие, вчера во пределот на преспанскиот дел од Национален парк Галичица, беа пронајдени една артилериска граната 75 mm...

Свет23 часа

Хронологија на масакрот: Австриецот нишанел во главите на децата, оставил видео-порака за мајката

Првиот училишен ден по долгиот викенд. Потоа започнува ужасот: некои деца се преправаат дека се мртви, други очајно им се...

Европа1 ден

Словачка се заканува дека ќе ги блокира новите санкции кон Русија

Словачка би можела да го блокира новиот пакет санкции на Европската Унија кон Русија доколку Европската комисија не понуди решение...

Свет1 ден

Трамп: Нѐ напаѓаат странски непријатели, сакаат да предизвикаат инвазија

Американскиот претседател Доналд Трамп во вторникот изјави дека „странски непријатели“ го напаѓаат Лос Анџелес, каде што беснеат немири од петокот...

Европа1 ден

Жителите на Грац запалија свеќи во центарот на градот за да оддадат почит на жртвите од нападот

Граѓаните на Грац се собраа на главниот плоштад во градот за да запалат свеќи и да им оддадат почит на...

Европа1 ден

(Видео) Масовен напад врз Харков, гори станбена зграда: има мртви и многу повредени

Во новите руски напади врз североисточниот украински град Харков во текот на ноќта во вторник загинаа две лица, а повеќе...

Свет1 ден

Америка до Русија: Веднаш престанете со нападите врз украинските градови

Руските напади врз украинските градови мора веднаш да престанат, изјави денес портпаролот на американскиот Стејт департмент, осудувајќи го еден од...

Свет1 ден

Трамп: Грета е чудна и бесна; Грета: Искрено, на светот му требаат повеќе бесни жени

Шведската активистка Грета Тунберг му возврати на американскиот претседател Доналд Трамп откако тој ја опиша како „чудна“ и „бесна“ поради...

Европа1 ден

(Видео) Убиецот оставил писмо пред масакрот во училиштето во Грац: расте бројот на жртвите

Масовниот убиец Артур А. (21) кој денес уби девет лица со пиштол и пушка во училиште во Грац, потоа изврши...

Свет2 дена

Трамп: Демонстрантите низ САД ќе се соочат со иста или поголема сила отколку во Лос Анџелес

Претседателот на САД, Доналд Трамп, им рече на новинарите во Овалната соба дека ако протестите против имиграциските политики продолжат во...

Европа2 дена

ЕУ подготвува нов удар врз Путин, објавени се деталите

Европската комисија (ЕК) денес предложи 18-ти пакет санкции против Русија, главно насочени кон руските приходи од енергија и банкарскиот сектор....