Свет
Девет загинати во железничка несреќа во Индија
Најмалку девет лица загинале а повеќе од 80 се повредени при излетување на воз од шините во Западна Индија, пренесе Associated Press
Несреќата се случила кога 15 вагони од возот кој патувал кон Њу Делхи излетале од шините при нагло кочење поради слаба видливост. Инцидентот бил на околу 40 километри јужно од Џампур, престолнината на државата Раџастан.Една од откорнатите шини го пробила вагонот и убила неколкумина патници кои се наоѓале во него.Спасувачките екипи веднаш започнале со акции за ослободување на блокираните патници од вагоните. Повредените биле префрлени во болница.Железничката мрежа на Индија е една од најголемите во светот со повеќе од 18 милиони патници дневно и често се случуваат несреќи поради преполнетите вагони и застарената техника.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
„Црн мраз“ ја парализира Германија: повеќе од 260 сообраќајки, затворени училишта и патишта
Патиштата во јужна Германија беа покриени со мраз. Само во покраината Баден-Виртемберг на југозападот на земјата се регистрирани повеќе од 260 сообраќајни несреќи, во кои две лица загинаа, а неколку се повредени.
Поради мразот, летовите од аеродромот во Штутгарт мораа да се пренасочат, а училиштата беа затворени на некои места.
Има исклучително тенок слој мраз низ кој се гледа асфалтот, а возачите тешко го забележуваат, поради што го нарекуваат и „црн мраз“. Германската полиција предупредува на замрзнати патишта и ги советува возачите да возат бавно и предвидливо и да не запираат нагло.
Најмалку две лица загинаа утрово во Баварија. Еден човек загина откако неговиот автомобил се судри со камион на А92 во јужна Баварија, додека друга смртност беше пријавена на А3 во близина на Регенсбург.
Неколку делови од автопатиштата се затворени поради временските услови, пренесува Tagesschau. Според Дојче Бан, нема прекини во железничкиот сообраќај.
Наставата е откажана во некои училишта во Баварија, додека во Саксонија на пешаците, велосипедистите и возачите им се советува да бидат внимателни и доколку е можно да ги избегнуваат главните патишта.
Утринава ледените услови го парализираа авиосообраќајот на аеродромот во Штутгарт, каде што мораа да ја исчистат пистата. Имаше и големи доцнења. Причина се опасните временски услови кои веќе неколку дена доаѓаат од север и носат дожд и студ.
Свет
Израелски министер се закани со оставка: Овој договор е опасен
Израелскиот министер за финансии Безалел Смотрич упати „суптилна“ закана дека ќе поднесе оставка доколку биде принуден да ги прифати условите од договорот за прекин на огнот со Хамас во замена за заложници, јавува Си-Ен-Ен.
„Договорот што ќе и биде претставен на владата е лош и опасен за националната безбедност на Државата Израел. Ние се спротивставуваме на договорот со сите сили“, рече екстремно десничарскиот политичар, кој изјавата ја даде во име на неговата Религиозна Ционистичка партија, која се противи на какви било отстапки за Хамас.
Тој додаде дека е јасен условот таа партија да остане во Владата.
„Јасен услов е да бидеме апсолутно сигурни дека ќе се вратиме во војната со голема сила, во полна мера и во нова конфигурација, додека не постигнеме целосна победа, а тоа е уништување на терористичката организација Хамас и враќање на сите киднапирани луѓе во нивните домови“, рече Смотрич.
Свет
Индонезија започна евакуација на 3.000 жители поради ерупција на вулканот Ибу
Индонезиските власти почнаа да евакуираат околу 3.000 жители во близина на вулканот Ибу на островот Халмахера, откако вулканот еруптираше и исфрли пепел во висина од четири километри, соопшти тамошната агенција за катастрофи.
Ерупцијата на вулканот Ибу се случи вчера наутро и траеше околу две минути, поради што властите го подигнаа нивото на тревога на највисоко ниво во околните области, објави Ројтерс.
„Ситуацијата на теренот во моментов е стабилна“, изјави портпаролот на Индонезиската агенција за намалување на ризикот од катастрофи, Абдул Мухари.
Тој претходно изјави дека во близина на вулканот живеат околу 13.000 луѓе.
Ерупцијата е само последна во низата вулканска активност во Индонезија, која се наоѓа на Пацифичкиот „Огнен прстен“ и има 127 активни вулкани. Вулканот Ибу имаше серија ерупции минатата година, а во мај жителите од седум околни села мораа да бидат евакуирани.