Македонија
?????: ?????????? ?? ????????? ? ??????? ?? ?? ????? ?????? ????? ?? ???? ? ??
„Продолжете со реформите и сигурен дека многу наскоро Македонија ќе го добие своето место во НАТО и ЕУ“, порача Министерот за европски прашања на Турција, Егемен Багиш, по денешната средба со заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Васко Наумовски
На средбата двајцата колеги констатираа дека двете пријателски држави продолжуваат заеднички да работат на подобрување на меѓусебната соработка во политиката, во економијата и во однос на европската интеграција на двете држави.„Имајќи предвид дека Турција е држава која веќе ги има започнато преговорите за полноправно членство, заеднички се договоривме да ја продлабочиме соработката и во размената на искуствата што Турција ги има во досегашниот тек на преговарањата и во корист за нашиот иден преговарачки процес“ – рече НаумовскиМинистерот за европски прашања на Турција истакна дека на неговата земја и беа потребни 45 години само да добие датум за почеток на преговорите за членство во ЕУ. Досега има остварено 13 поглавја, а според Багиш останатите 20 поглавја не се лесни, бидејќи 17 од нив се политички блокирани од одлуки на Советот или од земјите членки.Според него, во интерес е не само на Европа, туку и на глобалниот мир, Македонија да се приклучи што поскоро кон НАТО, без оглед на фактот што двете влади преговараат за прашањето околу името. „Стабилноста на Македонија, просперитетот, демократијата, да се биде дел од вредностите кои што ги претставуваат НАТО и ЕУ се многу поважни за нивниот долгорочен интерес отколку вашиот долгорочен интерес“ – изјави БагешНаумовски истакна дека Македонија има за цел да најде решение за долгогодишниот спор, кое ќе биде прифатено од сите граѓани со референдумско решение.„Во текот на овие долги години се покажа дека се работи за едно исклучително комплексен проблем за кој што не е лесно да се најде решение. Верувам дека доколку двете страни искрено пристапат кон овој процес и во текот на 2011 година е можно да се направи напредок во овој однос“ – рече Наумовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Гази Баба и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 11.30 часот, дел од улица Коце Металец и Филип Филиповиќ (од улица Рударска до Трафиките за храна пред паркингот), без струја ќе останат и зградите на два Баќа градители и зградата на Ул.Коце Металец Бр2 (општина Гази Баба)
– во период од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците на ул.Струшка (општина Карпош).
Македонија
Претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд
Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд. Пообилни врнежи ќе има во западните и јужните делови. На повисоките планини врнежите ќе преминуваат во снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6, а максималната ќе достигне од 8 до 12 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд и слаб јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност до крајот на неделата, следува период на претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во западните и јужните делови. На некои од повисоките планини врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Минималните температури ќе бидат насекаде позитивни.
Македонија
Неколку скопски улици денеска без вода
Поради итен водоводен дефект на водоводна линија Ф700мм на булеварот Александар Македонски, ЈП Водовод и канализација Скопје ќе преземе одреден технички зафат кој ќе се одвива денеска.
Прекин на водоснабдување на денеска од 7:30 часот до санација на дефeктот, ќе имаат следните улици и населени места:
– Бул. Александар Македоски
– Ул. 808 (дел од улица)
– Бул. Киро Глигоров (дел од булевар)
– Населба Автокоманда со намален притисок во ниска зона
– Триангла со намален притисок
– Населба Хиподром со намален притисок
– Ул. Перо Наков кај Кванташки со намален притисок
– Населба М.А.Ченто прекин на водоснабдување
– Ул. Маџари прекин на водоснабдување
– Ул. Палмиро Тољати прекин на водоснабдување
– С.Сингелиќ прекин на водоснабдување

