Македонија
Во Собранието ќе се дебатира за Предлог-буџетот за 2010-та
Во Собранието на Република Македонија во рамките на 86-та седница, треба да почне расправата по Предлог-буџетот за наредната година
Според Предлогот, приходите се планирани на 143 милијарди и 257 милиони денари, а расходите на 153 милијарди и 720 милиони денари. Дефицитот е проектиран а 2,5 проценти од БДП и ќе изнесува 10 милијарди и 460 милиони денари. Кај приходите има зголемување од 3,4 проценти, а кај расходите за 2,8 отсто. Владината проекција за 2010 г. е дека растот на БДП ќе биде два отсто, а на максимум два отсто е планирана и годишната стапка на инфлација. Според предлагачот, буџетот е развоен, реален и со подобрена структура. Наредната година Владата ќе продолжи со политиката на стриктна дисциплина за вработувањата во јавниот сектор. Не е предвиден и пораст на платите во јавната администрација. Помал износ е предвиден и за ставката стоки и услуги за 9,8 отсто.Пораст е предвиден кај субвенциите за 10,9 отсто, кај социјалните трансфери за 1,8 осто, капиталните расходи ќе се зголемат за 16,2 отсто. За образованието се предвидени 21,285 милијарди денари, за здравството 19,756 милијарди денари, за социјална и детска заштита 49,920 милијарди денари, за инфраструктура и економски развој 18,983 милијарди денари, за земјоделството 7,490 милијарди. На приходната страна даночните приходи се проектирани на 77,049 милијарди денари. Буџетскиот дефицит ќе се финансира од домашни и странски извори при што домашното задолжување ќе биде за 11 проценти помало од 2009 година. Проектирано е на 3,898 милијарди денари. Надворешното задолжување се планира да биде од Светска банка и ЕБРД за инфраструктурни проекти, договорената буџетска поддршка од Светска банка од 30 милиони долари, како и од други извори. На прдложениот буџет пратениците во расправата пред Комисијата за финансирање и буџет имаа поднесено 309 амандмани, од кои се прифатени пет. Тие се однесуваат на буџетски средства наменети за Собранието и за патиштатата, а три амандмани се за Комисијата за лустрација.На седницата денеска треба да се разгледа и Предлог законот за изменување на Законот за основање на Агенцијата за поддршка на претприемништво на Република Македонија по скратена постапка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

