Македонија
„Филип Втори“ ќе биде готов до крајот на годината
Владата очекува јужната трибина на стадионот „Филип Втори“ да биде готова со реновирање до месец август, а градбата на источна и западна трибина да заврши околу Нова година
Ова го констатираше премиерот Никола Груевски, кој денeска беше во посета на стадионот за да виде како тече неговата изградба.„Значи во оваа фаза се градат источната и западната трибина, се реновира јужната трибина во целост, се менува кровот, се поправаат соблекувалните тоалети и се друго што е поврзано со едно комплетно и целосно реновирање на јужната трибина. Работите се одвиваат добро, градежната форма го држи она темпо кое беше предвидено, надзорот исто така внимателно ја следи работата, така што очекуваме јужната трибина да биде реновирана до месец август, ,а источната и западната трибина да бидат завршени некаде околу нова година, кога и ќе се пуштат во употреба“ изјави Груевски.Со изградбата на овој капацитет, националната арена ќе има некаде околу 34.000 седишта и ќе биде место каде, според Груевски, ќе се одржуваат крупни спортски настани, како фудбалски, така и музички.Изградбата на стадионот ја финансира владата преку Јавното претпријатие за станбен и деловен простор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и Канализација, известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100мм на ул. Христо Смирненски 13, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица, поточно потегот од Зур – Маркет до бул. Партизански Одреди, во општина Центар.
Исто така во понеделник ќе се изврши редовно чистење на резервоарот за питка вода во село Рашче. За време на активностите во периодот од 09:00 – 13:00 часот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Рашче Копаница и Бојане, општина Сарај.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од улицата Леринска лоцирани околу број 3, општина Карпош.
Македонија
Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни попладне
Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 30 l/m² за 24 часа) со услови за појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 14 до 18 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни попладне. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 17 степени.
Времето во наредните денови
Во вторник во претпладневните часови ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен северен ветер. Потоа до крајот на неделата времето ќе биде стабилно и суво со пониски утрински температури.

