Скопје
Сообраќаен ред за празникот околу храмот „Св.Климент Охридски"
Поради празнување на Велигденските празници, во сабота од 20 часот, до завршување на манифестацијата наредниот ден недела, ќе биде забрането одвивањето на сообраќајот на дел од булеварот „Партизански одреди”.
И тоа од крстосницата со улицата „Франклин Рузвелт” до крстосницата со булевар „ВМРО”, како и дел од булеварот „Св. Климент Охридски” од крстосницата со булеварот „Илинден” до крстосницата со улицата „Димитрија Чуповски”.
Автобусите на јавниот градски сообраќај, што се движат по булеварот „Партизански одреди” во насока запад (кон Карпош), ќе бидат пренасочени и ќе се движат по следниве сообраќајници:ул. „Димитрие Чуповски”; ул. „Митрополит Теодосиј Гологанов”; ул. „Франклин Рузвелт”;
Автобусите на јавниот градски сообраќај, што се движат по булеварот „Партизански одреди” во насоката исток, ќе бидат пренасочени и ќе се движат по следниве сообраќајници: ул. „Франклин Рузвелт”; ул. „Митрополит Теодосиј Гологанов”; ул. „Димитрија Чуповски”; ул. „11 Октомври”; притоа вклучувајќи се на постојните траси на автобуските линии и користејќи ги постојните автобуски стојалишта.
Се молат сите учесници во сообраќајот да се придржуваат на времено поставениот режим на сообраќај./крај/со/ бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утре без вода делови од Кисела Вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради промена на воздушен вентил на улицата Јустинијан Први (кај мостот), утре прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од село Драчево, општина Кисела Вода.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Во текот на јануари се отстранети 𝟤𝟩𝟨𝟧 кубни метри отпад од диви депонии
Во текот на првиот месец од 2026 година, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа приближно 13 000 тони мешан комунален отпад од домаќинствата на територијата на градот Скопје, известуваат од Комунална хигиена-Скопје.

„Воедно, беа отстранети и 2765 кубни метри непрописно одложен мешан комунален, кабаст и градежен отпад. Во рамките на активностите за отстранување диви депонии е интервенирано во сите скопски општини, а најголемо количество непрописно одложен отпад – 400 кубни метри се подигнати во општината Центар.

Еко-патролата при ЈП Комунална хигиена-Скопје во текот на месец јануари изготви вкупно 56 едукативни записници за претставници на стопанските субјекти и физички лица коишто биле затекнати при неправилно одлагање на отпадот. Најголем број на записници – вкупно 32 – се врачени во скопската општина Чаир.

ЈП Комунална хигиена-Скопје продолжува со одржување на јавната хигиена на булеварите, како и улиците што се во надлежност на Градот Скопје во сите скопски општини. Секојдневно, во три смени, се спроведува машинско и рачно метење на плоштадот и улицата Македонија, помалите плоштади Филип Втори, Мајка Тереза и Богородица, пешачките мостови во централното градско подрачје, пешачките патеки и тротоарите на мостовите „Гоце Делчев”, и „Слобода”, како и Старата скопска чаршија“, соопшти Комунална хигиена-Скопје.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради уличен дефект ф-80 мм на улицата Св. Кирил и Методиј бр. 48, од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица и дел од улицата Димитрие Чуповски, вклучително и ЈЗУ Здравствен дом Железничар, општина Центар.

