Македонија
Иванов: Спорот МПЦ-СПЦ е црковно прашање
Спорот помеѓу Македонската и Српската Православна Црква треба да си го решат самите цркви, додека политичарите единствено може да создадат амбиент за да се дојде до некое решение.
Спорот помеѓу Македонската и Српската Православна Црква треба да си го решат самите цркви, додека политичарите единствено може да создадат амбиент за да се дојде до некое решение.
Ова денеска го изјави македонскиот претседател Ѓорге Иванов по завршувањето на Светата архиерејска литургија во манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ во село Долна Матка.
Истакнувајќи дека при неговите средбите со српскиот претседател Борис Тадиќ секогаш се отвора споменатото прашање, Иванов оцени дека политичарите може само да создадат амбиент и комуникација за да се дојде до некое решение, но не и да го решат спорот.
„Сите верници ги оптоварува тоа прашање. Станува збор за црковно прашање. Ние со Тадиќ разговараме за да се создаде амбиент за решавање на тоа прашање, но тоа треба да го решат црквите. Не можеме ние да ја превземеме таа улога“, рече Иванов.
Тој дополни дека кај двајцата претседатели, кои што и самите се верници, постои воља за надминување на црковното прашање.Иванов ја искористи можноста за да на сите верници им го честита големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСМ: Одговорноста за Даути исто како и за незакажувањето седница на Комисија е кај Гаши
„Иако и беше изгласана недоверба на претседателката на Комисија за социјална политика, Илирие Даути, претседателот на Собранието, Африм Гаши вели дека тоа не е обврска за нејзино разрешување и дека нема правно дејство“, велат од СДСМ.
СДСМ, како што велат, нема да навлегува во фарсата којшто во македонското Собрание ја прават Левица, ЗНАМ И ДПМНЕ.
„Без разлика на скриените мотиви на Левица, ЗНАМ и ДПМНЕ не може интерпелација да нема никаква правна последица. Целата одговорност и околу несвикувањето седница за Законот за бранители и сега по усвоената недоверба за Дауити е кај претседателот на Собранието, Африм Гаши. Сега откако е изгласана интерпелација, односно недоверба, исто така одговорност на претседателот на Собранието е да соопшти што ќе преземе и кои се неговите следни чекори“, посочија од СДСМ.
Македонија
Забрана за сообраќај за тешки товарни возила преку планинскиот превој Стража и на Плетвар во двата правци
Во 14.50 ч се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила преку планинскиот превој Стража, додека од 14.50 часот на патен правец Прилеп-Градско, кај Превој „Плетвар“, воведена е забрана за тешки товарни возила во двата правци, соопштија од АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево
Македонија
Укината забраната за движење на Плетвар за тешки товарни возила
Во 13.45 часот на патниот правец Прилеп-Градско, на „Плетвар“, укината е забраната за движење на тешки товарни возила.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.