Свет
Преглед на печат / Свет
„Њујорк Тајмс“ (САД) – „„Вол-Март е удар за адвокатите во големите случаи“, пишува дека со разрешување на тужбата за сексуална дискриминација поднесена во името на 1,5 милиони жени кои работеле во „Вол-Март“
„Њујорк Тајмс“ (САД)
„„Вол-Март е удар за адвокатите во големите случаи“, пишува дека со разрешување на тужбата за сексуална дискриминација поднесена во името на 1,5 милиони жени кои работеле во „Вол-Март“, Врховниот суд во понеделникот забележително ги зајакна правилата за тоа како една голема група од поединци може да се здружи за да ја тужи компанијата за наводни повреди сторени врз нивните права.„Гардијан“ (Велика Британија)
Лидерите на ЕУ мора да дејствуваат решително или да се соочат со катастрофа“, пишува анализирајќи ја пораката на ММФ. Според весникот, од ММФ укажуваат дека лидерите на земјите од еврозоната мора да се договорат за спас на Грција или да предизвикаат дополнителна глобалната криза, доколку министрите на членките на ЕУ го одложат пакетот за помош вреден 12 милијарди евра.„Чајна дејли“ (Кина)
„Експертите добиваат лекции од Кина“ пишува дека извршните директори, финансиерите и владините претставници на Њујоршкиот Форум беа во потрага по начини како да се подобри економијата на САД, од создавање работни места па до намалување на дефицитот, но дека тие биле поделени околу прашањето колку САД треба и можат да научат од Кина. Довербата во Кина меѓу присутните во њујоршкиот хотел „Гранд Хајат“ било високо. Повеќе од половината од нив ги кренаа своите раце кога модераторот Марија Бартиромо, водител на Си-Ен-Би-си, праша колку мина веруваат дека кинеската економија ќе биде најголема во светот во следните 20 години, пишува весникот.„Москва Тајмс “ (Русија)
„Во Кимки, опозицијата бара глас“, пишува дека ниту организаторите навистина не можат да објаснат што претставува за сите она што четири дена се случуваше на протестниот собир. Но, како што забележува весникот, нешто се чувствуваше во атмосферата дури и кога Алексеј Навални, познат руски анти-корупциски блогер чијашто политичка ѕвезда е во подем, падна при својот настап. Митингот посветен за заштита на московската шума Кимки, кој заврши во понеделникот, привлече шаренолик состав од активисти, вклучувајќи либерално етаблирани личности како на пример рок-критичарот Артеми Троицки и руската телевизиска ѕвезда Леонид Парфјонов..
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Пожар зафати над 1.000 хектари шума во Нов Зеланд
Пожарникарите во Нов Зеланд повторно ја започнаа борбата со неконтролиран шумски пожар што зафати повеќе од 1.000 хектари во националниот парк „Тонгариро“ на Северниот остров, соопшти утринава противпожарната и спасувачка служба.
Пожарот започнал вчера попладне во популарната туристичка област „Тонгариро“, а околу 40 туристи биле евакуирани по воздушен пат. Акциите биле привремено прекинати преку ноќ поради безбедносни причини.
Заменик-командантот на противпожарната служба Ник Вест изјави дека пожарот се проширил во текот на ноќта, но засега нема информации за оштетени објекти или дополнителни евакуации.
Вест најави дека денеска преку воздушно извидување ќе се потврдат размерите на пожарот, а според првичните проценки, неговото ставање под контрола би можело да потрае уште најмалку еден ден.
Во акцијата се вклучени шест противпожарни возила и пет цистерни за вода, поддржани од шест хеликоптери и два авиони, соопшти службата.
Свет
Бајден со порака до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци
Поранешниот претседател на САД, Џо Бајден, упати остри критики кон актуелниот шеф на државата, Доналд Трамп, посочувајќи дека тој го уништува не само Источното крило на Белата куќа, туку и целата земја, јави ДПА.
– Знаев дека Трамп ќе преземе деструктивни дејствија против земјата, но морам да признаам дека немав претстава дека ќе стане вистински уништувач, рече Бајден на гала-вечера на Демократската партија во градот Омаха, Небраска.
Поранешниот претседател демократ, кој сега има 82 години, ова го кажа во врска со проектот на Трамп на местото на Источното крило на Белата куќа да се изгради сала за балови. Трамп претходно изјави дека неговите планови за таква сала „нема да влијаат на зградата во нејзиниот сегашен изглед“.
– Ова е совршен симбол на неговото претседателствување, посочи Бајден.
– Трамп презеде деструктивни дејствија не само против домот на народот, туку и против Уставот, владеењето на правото и самата наша демократија, додаде поранешниот претседател.
Бајден директно му се обрати на Трамп во својот говор, изјавувајќи дека со своето однесување актуелниот шеф на државата ги посрамил САД и ги издигнал интересите на богатите над оние на обичните Американци.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.

