Македонија
Дирекцијата за храна и Управата за ветеринарство под една капа

Од почетокот на годинава, комплетната контрола на храната, освен на примарните земјоделски производи, ќе ја врши новоформираната Агенција за храна и ветеринарство, информираше Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски.
Одлуката да се спојат во едно Дирекцијата за храна и Управата за ветеринарство , е донесена , како што кажа Димовски , по препорака на Европската Унија.
„Ја поддржавме оваа иницијатива затоа што сметаме дека ќе ни биде од корист и нам и на граѓаните , бидејќи недостасуваше вакво тело да си ја извршува задачата.“, рече Димовски.
Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Дејан Рунтевски, рече дека очекува со новиот систем на функционирање да се подигне нивото на заштита на потрошувачите и на животните.
„Повеќе нема да ги има оние преклопувања или избегнувања на одговорност дека едната институција е одговорна, а другата не. Се ќе биде контролирано под една капа“, рече Рунтевски.
Новоформираната Агенција за храна и ветеринарство, во моментов има околу 280 вработени во администрација и инспекција, но како што кажа Рунтевски , очекуваат нови вработувања во инспекцискиот кадар./крај/ми
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Претпладне променливо облачно со сончеви периоди, попладне намалување на облачноста

Претпладне променливо облачно со сончеви периоди. Во западните планински региони ќе има услови за слаб дожд. Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб, долж Повардарието умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 19 степени.
Во Скопје, претпладне променливо облачно со сончеви периоди. Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 18 степени
Македонија
Сообраќајот низ државата се одвива непречено, по влажни коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Отворени избирачките места, право на глас имаат 1,83 милиони граѓани

Во 7 часот денеска започна гласањето на осмите Локални избори од осамостојувањето на државата.
„Навремено се отворени сите избирачки места и процесот на гласање се спроведува без проблем“, извести Државната изборна комисија.
На Локалните избори 2025 во Северна Македонија право на глас имаат 1.832.415 граѓани.
Меѓу вкупниот број државјани со право на глас се и 112 илјади запишани во посебниот Избирачки список со лица во странство, како и 2.162 лица во затвор односно притвор и 450 гласачи од домовите за стари лица.
Локалните избори се одржуваат во сите 80 општини во државата и во Град Скопје.
Се гласа на 3.474 избирачки места.
На Локалните избори 2025 има вкупно 309 кандидати за градоначалници и 576 листи за членови на општинските совети со вкупно 10 490 кандидати.