Спорт
Експертите од ФИФА се за отфрлање сите 9 понуди за СП 2018 и 2022
Пустинските жештини во Катар, системот на федерална управа на САД, лошата транспортна инфраструктура на Русија… Тоа се неколку од причините поради кои експертите на ФИФА предлагаат отфрлање на сите девет понуди за организација на светските првенства во фудбал за 2018 и 2022 година. Предлозите на експертската комисија пристигнаа 15 дена пред Извршниот комитет на ФИФА да одбере два победника на тајно гласање. Препораките на експертите се базираат на комерцијални, организациски и правни ризици со кои ФИФА би можела да се соочи доколку додели организација на некој од понудувачите. Проблемот на САД е што владата не даде гаранции кои се неопходни за секој понудувач. Во Катар во време кога се одржуваат мундијали температурата е 41 Целзиусов степен. Понудувачот од оваа земја тврди дека на секој стадион ќе функционираат разладни уреди кои температурата ќе ја доведат до подносливи 27 степени Целзиусови. Недостатоци од автостради е проблемот за руската понуда. Организација во азиските земји ги намалува приходите од телевизиските права… Шестчлена екипа беше во посета на секоја земја понудувач во периодот од јули до септември оваа година. Русија е во конкуренција за Мундијалот 2018, а во барабанот се уште и Англија, како и заедничките понуди од Шпанија – Португалија и од Белгија – Холандија. Катар и САД се во трка за Мундијалот 2022, а противкандидати им се Австралија, Јужна Кореја и Јапонија. Извршниот комитет од 24 члена, при донесувањето одлука на 2 декември се соочува со повеќе тешкотии, не само поради негативното мислење за понудувачите од експертската група, туку и поради аферите за примање мито на членови на истиот комитет што ја потресе јавноста во последните месеци, изречените суспензии и истражните постапки кои се во тек. /крај/макфакс/м.н.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Голем пресврт на „Стенфорд Бриџ“ – Челзи го победи Вест Хем
Фудбалерите на Челзи, со пресврт во второто полувреме, го добија градскиот дуел со Вест Хем (3:2).
По оваа победа, Челзи го престигна Манчестер Јунајтед на табелата во Премиер лигата со 40 бода, „црвените ѓаволи“ имаат два бода помалку и натпревар помалку од тимот од Лондон.
По две победи по ред, Вест Хем го забележа својот 14-ти пораз, по што остана на 20 бода и на 18-то место во Премиер лигата.
„Чеканите“ имаа предност по првиот дел од 0:2. Стрелци на головите беа Боувен и Самервил.
Челзи одговори на вистински начин. Израмнување на „сините“ им донесоа играчите кои влегоа од клупата за резерви, Жоао Педро и Кукуреља, а победата ја обезбеди Енцо Фернандез со голот во 92-та минута.
На крајот, натпреварот го зачини тешакчата во финишот, Тодибо за врат го фати Жоао Педро, Мавропанос се обиде да му удри шамар на Палмер. Во целата таа мешаница само Тодибо доби црвен картон.
Спорт
Македонија против Украина или Словачка во баражот за СП
Ракометната репрезентација на Македонија добро помина на ждрепката, која ги одреди двојките за баражот, за пласман на Светското првенство.
Македонија ќе игра против победникот од претквалификацискиот дуел меѓу Украина и Словачка.
Македонија на 13 или 14.мај ќе гостува, а реваншот во Скопје ќе се одигра три дена подоцна.

Foto/ EPA
Спорт
Пол Џорџ падна на допинг тест
Кошаркарот на Филаделфија, Пол Џорџ, е суспендиран поради позитивен допинг тест.
Инсајдерот Шамс Чаранија, објави дека НБА го суспендираше Џорџ на 25 натпревари поради кршење на антидопинг прописите.
Пол Џорџ издаде соопштение во кое се вели:
„Во текот на изминатите неколку години, многу зборував за тоа колку е важно менталното здравје и поради тоа, направив голема грешка со тоа што самиот си земав лекови. Ја преземам одговорноста за моите постапки и им се извинувам на Севентисиксерс, соиграчите, навивачите и сите други за моите лоши одлуки за време на тој процес. Фокусиран сум на тоа да го искористам ова време за да го опоравам мојот ум и тело на најдобар можен начин и да му помогнам на тимот кога ќе се вратам“, рече Џорџ.
Не е наведено зошто Џорџ не го поминал допинг тестот.
Популарниот играч има 35 години и имаше просек од 16 поени и 5 скока во 27 натпревари оваа сезона.

