Свет
Слаб интерес за акциите на парче од телекомот

Слаб беше интересот на купувачите на државните акции во „Македонски телекомуникации“ што вчера беа понудени на продажба по парче на Македонската берза.
Слаб беше интересот на купувачите на државните акции во „Македонски телекомуникации“ што вчера беа понудени на продажба по парче на Македонската берза. На јавната берзанска аукција се продадоа 270.504 акции со 240 трансакции за 109 милијарди денари, односно за околу 1,8 милион евра. Ова претставува 5,28 отсто од вкупно понудените 5.295.090 акции или 0,29 отсто од вкупниот капитал на „Македонски телекомуникации“. Тргувањето се одвиваше без наддавање, па акциите се продадоа по понудената цена од 390 денари за една акција. Остатокот од пакетот со 5,52 отсто државни акции што останаа непродадени ќе бидат повторно понудени на Берзата денеска и утре.
Инвеститорите купуваа од една акција за 6,36 евра до 5.295 акции за 33 илјади евра, колку што е максимумот што може да се купи со еден налог на брокер. Бидејќи еден купувач може да достави повеќе налози, точниот број на идните нови акционери во телекомот ќе се знае кога купувачите ќе ги уплатат парите и ќе бидат впишани во Централниот депозитар на хартии од вредност. Рокот за плаќање истекува три дена по денот на трансакцијата.
На вчерашната јавна берзанска аукција, немаше заинтересирани купувачи за пакетот со 9,9 отсто државни акции во телекомот, кој остана непродаден во вторникот и за третиот пакет што вчера беше првпат понуден.
Министерот за економија Фатмир Бесими вели дека овие два пакета со вредност од по 60,3 милиони евра ќе бидат ставени на продажба денеска и во петок.
Берзанските експерти велат дека слабиот интерес за слободните акции во телекомот се должи на претпазливоста на инвеститорите и недоволните информации дали ќе имаат право на дивиденда од минатогодишниот профит.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Судот на правдата на ЕУ: Изгубен миленик на лет се смета како изгубен багаж

Судот на правдата на Европската унија донесе одлука дека домашните миленици кои се превезуваат со авион се сметаат за „багаж“, а не за патници.
Одлуката следи по случај во кој куче исчезнало при пренос до авион на лет од Буенос Аирес до Барселона, по што сопственичката побарала 5.000 евра отштета.
Судот оцени дека, според Монреалската конвенција, авиокомпанијата не е должна да исплати поголема отштета од онаа предвидена за изгубен багаж, освен ако патникот претходно не доставил специјална изјава за вредноста на пратката.
Во одлуката учествувале и двајца претставници од Хрватска – судијата Синиша Родин и адвокатката Тамара Ќапета.
Свет
Евакуирано средно училиште во Италија по истекување на амонијак

Во италијанскиот град Пескара беше евакуирано државното средно училиште „Маркони“ откако во просториите се почувствувал силен мирис од непознато потекло, поради што на многумина им се слошило.
Според италијанските медиуми, повеќе од 1.000 ученици биле итно евакуирани, а неколкумина се хоспитализирани, меѓу нив и пожарникари кои пристигнале на интервенција, пренесе „ТВ Раи“.
Првичните информации укажуваат дека причината најверојатно е истекување на амонијак од лабораторијата, иако не се исклучува ниту можноста за цурење гас од климатизацијата.
Заменичката градоначалничка на Пескара, Марија Рита Карота, нареди итно затворање на училиштето до понатамошна проверка.
Свет
Мерц: Без реформи, Европа ќе стане пиун на Азија и САД

Германскиот канцелар, Фридрих Мерц, предупреди дека Европската унија ризикува да ја изгуби својата економска независност ако итно не спроведе реформи за зголемување на конкурентноста.
Во обраќање пред германскиот парламент, во пресрет на самитот на ЕУ во Брисел, Мерц рече дека во наредните години ќе се решава дали Европа ќе остане независна економска сила или ќе стане „пиун на економските центри во Азија или Америка“.
Тој ја повика ЕУ да го намали бирократскиот товар за компаниите, да го зајакне единствениот пазар и да потпише нови трговски договори, особено со јужноамериканскиот блок Меркосур до крајот на годината.
Мерц се соочува со растечки притисок дома поради економската стагнација во Германија, која се влошува поради царинските политики на американскиот претседател Доналд Трамп.
Тој истакна дека решенијата за европската економија веќе постојат во извештаите на Марио Драги и Енрико Лета, кои предлагаат продлабочување на внатрешниот пазар и јакнење на конкурентноста, додавајќи дека тие препораки треба веднаш да станат дел од агендата на Европската комисија.