Македонија
Достоинство: Овој пат ќе ја браниме Македонија политички
Остварување на правата на бранителите од 2001 година, и нивните семејства, подобар живот за обичниот граѓанин, нови работни места, влез на земјава во Европската унија и НАТО без никакви условувања и неменување на уставното име на Македонија.
Остварување на правата на бранителите од 2001 година, и нивните семејства, подобар живот за обичниот граѓанин, нови работни места, влез на земјава во Европската унија и НАТО без никакви условувања и неменување на уставното име на Македонија.Ова се дел од приоритетите на новата партија на бранителите „Достоинство“ чие основачко собрание се одржа вечерва. На основачкото собрание, на кое претседателот на партијата Стојанче Ангелов беше поздравен со громогласен аплауз присутни беа и бизнисменот Ристо Гуштеров, поранешниот министер за внатрешни работи, Павле Трајанов и пензионираниот полковник на АРМ, Благоја Марковски, како и Тодор Петров од Светски македонски конгрес.„Доста е од лицемерните загрижени политичари, да прекине бесконечната транзиција, криминалната антиквизација, криминална приватизација, економскиот криминал, криминал во културата, организиран криминал, градежна мафија. На сето ова заеднички именител се ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, но и оние кои ним ги нарекуваат змија или магаре“ рече Ангелов.Тој во својот политички говор ги објасни причините поради кое здружението премина во партија.„Добив политички амбиции кои што непријателите на Република Македонија од 2001 година денес ги практикуваат и владеат со институциите на државата. Нашата намера да формираме политичка партија е резултат на кампањата на некои структури во државата против Достоинство кои сакаа да не уништат“ рече во својот говор, претседателот на партијата, Ангелов.Тој најави дека бранителите сега ќе ја бранат Македонија со политички средства, не како во 2001 година со воени. „Во 2001 година, ние припадниците на безбедносните сили, ја браневме Македонија, ја браневме и одбранивме од намерата на екстремните албански вооружени екстремисти кои се обидоа да отцепат дел од нашата територија. Ние победивме секаде каде што имавме намера да војуваме, капитулираа политичарите, токму затоа нашиот војнички успех во сега сме подготвиме да го претвориме во политичка победа за да ставиме крај на бедата, сиромаштијата безизлезноста во која не доведоа таканаречените професионални политичари“ рече Ангелов.Мотив за формирање на партијата е да влезат во Парламентот како политичка партија и да го спроведат законот за бранителите кој не им помина во собранието.Нивна целна група, како што најави Ангелов нема да биде десницата туку, сите патриоти и од левицата и од десницата. Најави борба против криминалот, професионална полиција и армија, решавање на проблемот на професионалните војници, слободни медиуми, непартизирано судство, како и слобода на сексуално изразување. /крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Отворена нова подрачна канцеларија на Агенцијата за катастар во Општина Ново Село
Агенцијата за катастар на недвижности отвори нова подрачна канцеларија во Општина Ново Село.
Директорот на Агенцијата за катастар на недвижности, Иван Живковски, денес заедно со градоначалникот на Општина Ново Село официјално ја отворија новата подрачна канцеларија на Агенцијата.
Со отворањето на оваа канцеларија, повеќе од 10.000 жители на Општина Ново Село и околните населени места од денес ќе можат побрзо и поедноставно да ги остварат своите катастарски права и обврски, без потреба од патување до Струмица.
Директорот на Агенцијата, Иван Живковски, при посетата на новата канцеларија истакна дека ова е дел од поширокиот процес на реорганизација и системско приближување на институцијата до граѓаните, со цел обезбедување подостапни, поефикасни и поквалитетни услуги.
Македонија
Утрешното судење за пожарот во „Пулс“ е одложено за 26 јануари
Судењето за пожарот во „Пулс“ што требаше да се одржи утре е одложено за 26 јануари, соопшти Кривичниот суд. Расправата за пожарот во Кочани се одлага по барање на една од адвокатките која е избрана за нов член на Судскиот совет.
„Главната расправа за предметот со К.бр. 1872/25 поврзана со пожарот во Дискотеката ‘Пулс’ во Кочани, насрочена за утре 14.01.2026 – та година, се одлага по барање на бранителот на еден од обвинетите, адвокат Сузана Јошевска Анастасовска“, соопшти Судот.
Барањето е од причина што во текот на вчерашниот ден, Јошевска Анастасовска е избрана за член на Судскиот совет на РСМ, па заради исполнување на правото за ангажирање нов бранител и негово запознавање со предметот, утрешната расправа се отповикува, а судењето продолжува на следниот, претходно утврден термин, на 26.01.2026 година во 09:30 часот во судницата во КПУ Идризово.
Од Судот информираат дека заради економичност во постапувањето, странките се веќе известени за отповиканата расправа.
Македонија
Бугарски државјанин протеран од земјава, кај него се пронајдени боксирач и транспарент со навредлива содржина
Полицијата уапси бугарски државјанин на Граничен премин Деве Баир, кај него се пронајдени боксирач и транспарент со навредлива содржина.
Според информациите на МВР, вчера во 13:30 часот на Граничен премин Деве Баир, на влез во државата, полициски службеници го приведоа Н.И.Л.(47) од Република Бугарија затоа што при гранични проверки и извршен преглед во содејство со царински службеници на патничко возило „хонда џез“ со бугарски национални ознаки, со кое допатувал, биле пронајдени и одземени метален боксирач и транспарент со навредлива содржина.
Од Основен суд Крива Паланка му била изречена парична глоба и санкција „протерување на странец од земјата“ во траење од една година.
На 13.01.2026 во 02:10 часот Н.И.Л. е спроведен во Граничниот премин Деве Баир и е предаден на бугарските погранични полициски служби.

