Економија
Промовирана стратегија за туризам

Дефинирање на визија за туризмот во Македонија, со предлагање на реални и одржливи туристички производи, кои треба да се адаптираат кон соодветните целни пазари и да се базираат на сеопфатни оперативни акциски планови.
Дефинирање на визија за туризмот во Македонија, со предлагање на реални и одржливи туристички производи, кои треба да се адаптираат кон соодветните целни пазари и да се базираат на сеопфатни оперативни акциски планови.Ова е основната цел на Стратегијата за туризам и акциониот план што денеска беше промовирана од страна на министерството за економија.Ресорниот министер Ваљон Сараќини појасни дека стратегијата е прифатена од туристичкото стопанство, кое учествуваше во нејзината изработка, но и од владините институции, кои беа консултирани во нејзината изработка.„Стратегијата се состои од три дела: првиот ја содржи сегашната ситуација на туристичкиот пазар, компарација на туризмот во државата со регионалниот туристички производ, како и делот на маркетингот, откако е формирана Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот. Направена е и СВОТ анализа за слабите и јаките страни на туризмот кај нас, можностите и предизвиците“, изјави Сараќини. Тој информираше дека вториот дел е стратешка рамка врз основа на анализата, во која се дава план како да се развива туризмот во државата и тоа преку кластери: езерски туризам, вински, културен, рурален и планински со активен спорт. „Конкретните чекори се предвидени во третиот дел од стратегијата, а тоа е развој на регионален туристички производ во петте кластери, со акционен план за секој кластер и за секој производ пооделно. Акциониот план е за период од 2011 па се до 2015, а за некои активности и до 2018 година“, изјаи министерот за економија.Задолженијата на министерството за економија кои што произлегуваат од акциониот план одат во насока на регулирање на сивиот пазар на сместувачките капацитети, каде министерството во соработка со државниот пазарен инспекторат ќе работи на засилена контрола, брендирање на туризмот и негова заштита на национално ниво, ширење на мрежа за информативни центри во државата, воведување на туристичка сателитска сметка за правилно навремено и точно собрани податоци во туризмот. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Пратките ќе можете да си ги подигнувате сами од пакетомати – презентирана нова платформа

На промотивен настан денес беше презентиран нов начин за подигнување на пратките, што, како што беше посочено, ги надминува досегашните предизвици со доставата.
Се работи за воведување паметни автоматозирани пакетомати кои ќе бидат поставени на 120 локации низ државата, а пратката би можеле да си ја подигнете со кодот што би пристигнал на вашиот мобилен телефон.
Решението во земјата го воведува „Мај бокс“ (My Box). Основачот на компанијата, Далибор Ѓошевски, изјави дека идејата е резултат на детаљна анализа на потребите на корисниците и предизвиците во постојниот систем за достава.
„Нашата цел е да обезбедиме модерно, ефикасно и достапно решение што ќе стави крај на загубените пратки, на долгите чекања и на ограничувањата на временски рамки во доставата“, рече Ѓошевски.
Во рамките на настанот се одржа и панел-дискусија за иднината на е-трговијата и предизвиците на логистиката, за тоа како иновативните производи и услуги од овој тип ќе го подобрат искуството на корисниците и ќе го оптимизират процесот на достава.
Економија
MintIns Go – избираме патничко осигурување за Вас

Патувајте паметно, сигурно и без стрес. Изберете 90 дена патничко осигурување за цената на 30 дена!
– Осигурување од само 1192 ден,
– Покривање во рок од 365 дена,
– Патувајте спокојно и без стрес,
Не ја пропуштајте оваа можност да ги осигурате вашите патувања со оваа понуда или понуда која што одговара на вашите потреби.
Дознајте повеќе на 15 107 или на следниот линк.
Економија
Божиновска-Шахбазов: Македонија важен транзитен центар за гас до Европа, Азербејџан подготвен веднаш да соработува

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, во Баку беше пречекана од својот колега, министерот за енергетика на Азербејџан, Парвиз Шахбазов, во рамки на официјалната посета посветена на унапредување на енергетската соработка меѓу двете земји.
На тет-а-тет средбата, која се одржа во Министерството за енергетика на Азербејџан, беше истакната заедничката заложба за зајакнување на партнерството во областа на снабдување со гас. Разговорите се фокусираа на можностите за долгорочни договори за снабдување со гас, како и на потенцијални инвестиции во гасната инфраструктура во Македонија.
„Македонија може да стане регионален центар за транспорт на гас, ние сме подготвени веднаш да се вклучиме во соработка на конкретни проекти и да ви понудиме и експертиза, но и сериозни можности за заеднички проекти доколку постои интерес и од ваша страна“, истакна министерот Шахбазов.
„ Разговорите за зајакнување на нашето партнерство во областа на енергетиката отворија нови перспективи за Македонија! Се фокусиравме на конкретни чекори за создавање условии за снабдување со гас и можности за инвестиции во модернизација на нашата енергетска инфраструктура“ истакна Божиновска.
Посебен акцент беше ставен на можната соработка меѓу државната енергетска компанија Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) и азербејџанската државна нафтена компанија СОКАР. Партнерството помеѓу ЕСМ и СОКАР е клучно за нашата енергетска трансформација.Во таа насока, договоренa e средба за интензивирање на активностите во рамки на склучениот меморандум за соработка што беше потпишан за време на КОП 29 самитот во Баку.
Шахбазов упати и директна покана до министерката Божиновска да учествува на претстојниот министерски состанок на советодавниот совет за јужниот гасен коридор како и за третиот министерски состанок на советот за зелена енергија.
Божиновска ја потенцираше подготвеноста на Македонија за активна соработка во повеќе проекти што ќе обезбедат сигурност, одржливост и енергетска независност за земјата, нагласувајќи дека оваа средба претставува значаен чекор во насока на реализација на тие цели.
„Азербејџан ни нуди конкретна соработка која ќе ни помогне да се мапираме како сериозен регионален центар за транспорт на гас. Ова е нешто што би имало стратешко значење за енергетската иднина на нашата земја и би донело поволности и за економијата, но и за граѓаните. На ова сериозно ќе работиме и се надеваме на помошта од нашите меѓународни партнери“, рече Божиновска.
Во рамките на официјалната посета на Азербејџан, македонската делегација предводена од претседателката Силјановска-Давкова оствари и работна средба со премиерот на Азербејџан Али Асадов и со претседателката на Националното собрание на Република Азербејџан, Сахиба Гафарова.
Оваа средба, која се одржа во контекст на 30-годишнината од воспоставувањето дипломатски односи помеѓу нашите две земји, беше посветена на зајакнување на билатералните односи, посебно во областа на енергетската соработка.
Претседателката Силјановска-Давкова истакна дека нашите две земји имаат потенцијал за поголема економска соработка, особено во секторот на енергетика, и изрази подготвеност за поддршка на иницијативите кои ќе произлезат од оваа средба.