Македонија
ВМРО – ДПМНЕ: Бранко Црвенковски е непоправлив
Таткото на транзициското судство, човекот кој од 1994 до 1998 година го партизираше целиот судски систем, човекот кој ги измисли транзициските ликови во судството како Ленче Софрониевска и Лилјана Ингилизова
Tаткото на транзициското судство, човекот кој од 1994 до 1998 година го партизираше целиот судски систем, човекот кој ги измисли транзициските ликови во судството како Ленче Софрониевска и Лилјана Ингилизова, денеска се дрзнува да се потсмева со трудот кој ние го вложуваме за подобрување на состојбата во судскиот систем.
Ова е реакција на ВМРО – ДПМНЕ за изјавата на опозицискиот лидер Бранко Црвенковски.
Оттаму го потсетуваат Црвенковски дека за време на неговото владеење е започната изградбата на патот Велес – Прилеп.
„Тоа беше измама на деценијата. Денес нема ништо од тој пат“ велат од ВМРО-ДПМНЕ. /крај/со/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одбележување на Водици на две реки во Ѓорче Петров
Општина Ѓорче Петров и оваа година ја продолжува традицијата на празникот Богојавление – Водици. Kако поддржувач на овој значаен христијански празник, ги повикува граѓаните масовно да присуствуваат на свеченото одбележување.
„Празникот е повеќе од обичај – тоа е ден кога заеднички ги славиме верата и духовните вредности кои ги носиме како заедница. Како општина, ние продолжуваме со поддршката на традициите и во оваа прилика покажуваме дека нашата посветеност кон граѓаните и духовното наследство е непоколеблива”, изјави градоначалникот Стојкоски.
На 19 јануари, сите граѓани на Ѓорче Петров се повикуваат да бидат дел од свеченоста која ќе се одржи на две локации во општината. По традиција, на реката Лепенец во Волково ( кај последна 22ка) и на реката Вардар на мостот во Хром ќе се врши осветување на водите и ќе се положи Чесниот крст.
Река Лепенец: 10:15 – Свечена поворка од црквата Св. Петка во Волково до реката Лепенец.
11:00 – Положување на Чесниот крст во реката Лепенец ( кај последна 22ка).
Мост во Хром: 11:30 – Свечена поворка од црквата Св. Петар и Павле до мостот во Хром.
12:00 – Положување на Чесниот крст во реката Вардар.
Македонија
Починаа две новороденчиња, близначиња: трагедија во Прилепско
Две новороденчиња, близначиња, на околу 20 дена старост починале вчера околу пладне, а јавен обвинител од основното јавно обвинителство од Прилеп нареди обдукција за да се утврди причината за нивната смрт.
Според јавниот обвинител Стевчо Биноски, новороденчињата, машко и женско, биле во тешка здравствена состојба. Семејството од домот во прилепското село Славеј повикало Итна помош.
Според Биноски, кога пристигнала екипата на итната помош констатирала смрт кај едното бебе, а другото било префрлено во прилепската болница во тешка состојба каде починало.
Семејството живее во екстремно лоши услови и има уште три деца, додаде тој.
Денеска во 12 часот закажана е прес конференција во Центарот за Социјални работи.
Скопје
(Видео) Герасимовски и тренерот на КК Работнички Самарџиев: Со реконструкцијата на салата, македонската кошарка ја подигнуваме на повисоко ниво
Спортската сала „Работнички“ која е симболот на македонската кошарка и градот Скопје, оваа година добива комплетно нов и модерен лик. Тренерот на Кошаркарскиот клуб „Работнички“ Горан Самарџиев, преку видео истакнува дека е среќен бидејќи после децениско чекање, оваа сала ќе биде во ново руво кадешто кошаркарите ќе имаат подобри услови за тренинг.
„Големо е задоволство и многу сме среќни бидејќи после децениско чекање салата на КК ,,Работнички” ќе биде во ново руво и едноставно ќе имаме многу подобри услови за тренинг и за напредок, како на првиот тим, така и на младинските категории. Јас имам посебни емоции спрема оваа сала. Овие млади дечки денеска немаат осетено што значи да играш во салата Градски парк пред полни трибини. Се надевам дека таа традиција ќе ја вратиме и дека заедно со навивачите, со Општина Центар и со сите расположливи сили, салата ќе добие еден нов сјај кадешто македонската кошарка и КК „Работнички” ќе биде на едно повисоко ниво со многу подобри услови за работа за сите“, вели Самарџиев.
Градоначалникот Горан Герасимовски, информира дека годинава се враќа сјајот на спортската сала „Работнички“ која е гордоста на Општина Центар.
„Долги години салата беше во катастрофална состојба, запуштена и оставена да се распаѓа. Успеав да ги добијам надлежностите врз објектот и земјиштето за да можеме да почнеме со реконструкција. Сите мои претходни колеги ветуваа решенија, но немаше никаква реализација. Ние првата фаза во месец декември ја отпочнавме, во моментов работиме на фасадата и на кровот, а потоа следува и реконструкција на канцеларискиот дел. Ќе поставиме нови инсталации за електрична енергија, современо осветлување и водовод. Ќе направиме комплетна реконструкција со проширување на теренот, поставување на нова еластична подлога и подно греење, а целиот простор ќе се климатизира. Наместо бетонските клупи, ќе поставиме 891 седиште“, порачува Герасимовски.
Капитенот на КК ,,Работнички” Виктор Ефремовски потенцира дека со нетрпение чекаат да се вратат во својот дом и да го изиграат првиот натпревар во нивната сала.
Со реконструкцијата на салата, ќе се обноват соблекувалните, туш кабините, ќе се постави нова опрема, кошеви и друга потребна инфраструктура. Ќе се обезбеди висока енергетска ефикасност, што значително ќе ги намали трошоците за енергија. Целокупната реконструкција ќе биде согласно стандардите и процедурите на ФИБА.