Контакт

Македонија

Општината и државата координирано ќе го бранат крајбрежјето од брановите

Објавено пред

Според последните мерења, нивото на Охридското Езеро денеска се уште е на 24 сантиметри над дозволената кота.

Според последните мерења, нивото на Охридското Езеро денеска се уште е на 24 сантиметри над дозволената кота.

Најавите за дождови и ветар во текот на викендот ги мобилизираа државните и општинските власти, кои интензивно се координираат и договараат за превентивните мерки и начинот на заштита, доколку дојде до големи бранови.

Најкритични точки од крајбрежјето, според Координативното тело за превенција на Општина Охрид, се населбата Канео, делот од градското пристаниште до каналот Студенчишта, Пештани, како и селата Лакочерај и Орман, каде што може да дојде до повторно излевање на реките.

“Планираме конкретни превентивни активности во делот на целото крајбрежје на езерото и во делот на реките од неговото сливно подрачје.На критичните точки ќе се поставуваат вреќи со песок и големи камења, како кршачи на бранови, затоа што според хидрометеоролошките најави, се очекуваат поголеми бранови“, изјави охридскиот градоначалник Александар Петрески.

Тој објасни дека треба да се преземат сите потребни мерки и да се спречат евентуално поголеми штети.

Доколку  дојде до поголеми проблеми со излевање на езерото и поплави, на помош ќе излезат и припадниците на АРМ, кои во моментов се мобилизирани и организирани во   пет тима.

“Донесена е одлука, од утре Кординативното тело да дејствува од Охрид, со цел подетално да се следи состојбата на терен. Сите релевантни институции и државни органи се максимално посветени, подготвени и мобилни за извршување на задачите во врска со последиците од евентуалните природни непогоди – изјави денеска во Охрид, министерот за одбрана Зоран Коњановски“./крај/охридњус/см



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Бучковски: Можеме да најдеме решение за нашата иднина

Објавено пред

Македонската влада е свесна дека треба да изготви патоказ за да покаже дека е цврсто посветена на спроведувањето на Договорот за добрососедство со Бугарија. Ова во интервју за БНР го изјави професорот Владо Бучковски – поранешен премиер и министер за одбрана, кој неделава беше назначен за специјален пратеник за Бугарија.

„Верувам, и знам, дека додека разговараме, тимовите на министерствата за надворешни работи – на Бугарија и наши, работат на формулациите и верува дека е можно да се дојде до решение.

„Германското претседателство, што е голема поддршка, ние од Западен Балкан, ние соседите кои имаме заедничка историја, можеме да најдеме решение за нашата заедничката иднина“, рече Бучковски за БНР.

Прикажи повеќе...

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Заев лажеше дека не се преговара за идентитетот

Објавено пред

ВМРО-ДПМНЕ утрово вели дека излегло на виделина оти премиерот Зоран Заев лаже дека не се преговара за идентитетот.

„1. Заев изјави дека е постигнат напредок во преговорите меѓу комисиите, претставниците на комисиите изјавија дека нема напредок што значи дека Заев лаже.

2. Заев изјави дека не преговара за идентитетот додека претставници на историските комисии потврдија дека камен на сопнување е токму зборот македонски што е фундаментот на нашето идентитетско определување.

3. Заев кажа дека има напредок за 5 историски личности, претставници на комисиите изјавија дека нема дефинирано заклучоци и има нула напредок и на тоа поле.

4. Заев изјави дека се пред договор за 11 записници од средбите на историските комисии додека бугарската страна го негира тоа.

5. Заев се откажа јавно од антифашистичкото наследство со самото тоа што Бугарите ги прогласи за ослободители наместо окупатори во Втората светска војна.

Зоран Заев треба да одговара за велепредавство. Тој е изворот на проблемите додека решението е народот. Ќе се извини ли Заев за тоа што повторно ја лажеше јавноста и што се пазари за идентитетот?“, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Прикажи повеќе...

Македонија

СДСМ: На протестите на ВМРО-ДПМНЕ се кршат мерките за коронавирусот

Објавено пред

Блокадите на ВМРО-ДПМНЕ продолжуваат во законодавниот дом и надвор од него, велат од владејачкиот СДСМ преку соопштение.

Партијата нагласува дека опозицијата со поснедувањето на илјадниците амандмани ја блокира работата во Собранието, а протестите што ги организира ги кршат мерките за коронавирусот.

„Опозициската ВМРО-ДПМНЕ се однесува неодговорно и штетно и во Собранието и надвор од него, нанесувајќи штета на интересите на граѓаните и на државата, и тоа во време на сериозна здравствена и економска криза, предизвикана со пандемијата од коронавирусот.

Со поднесувањето на стотици, илјадници амандмани опозицијата се обидува да ја блокира работата на законодавниот дом, за да не може да им се помогне на најранливите преку реализација на четвртиот пакет економски мерки, за да не можат пензионерите, невработените, компаниите да добијат помош.

3.000 амандмани, најмногу од нив апсурдни и нелогични, поднесе ВМРО-ДПМНЕ заедно со другите опозициски пратеници за измените на Деловникот за работа на Собранието, со единствена цел да спречат пратениците кои се изолација да можат да работат од далечина.

Во време на пандемија, ВМРО-ДПМНЕ со над 500 амандмани се обидува да ги блокира измените во Законот за здравствена заштита, кои предвидуваат лекарите што ја исполниле старосната граница за пензионирање да можат да го продолжат работниот век до возраст од 67 години.

Деструктивното дејствување на ВМРО-ДПМНЕ продолжува и надвор од законодавниот дом, со групирање, организирање на протести за спас на фотелјата на Мицкоски, на кои се кршат мерките за заштита од коронавирусот.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ наместо да работат за доброто на граѓаните, прават се за да биде полошо, глумат загриженост за здравјето, а не ги почитуваат мерките.

Ако се барем малку одговорни ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски треба да прекинат со блокади на крстосници, наместо да бројат мртви, да повикаат да се почитуваат мерките, да се откажат од блокадата на собранието.

Нема да успее антидржавното, антинародното дејствување на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски, тие нема да успеат да ги блокираат реформите, нема да успеат да го блокираат напредокот на државата“, наведува СДСМ во соопштението.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија21 минута

Бучковски: Можеме да најдеме решение за нашата иднина

Македонската влада е свесна дека треба да изготви патоказ за да покаже дека е цврсто посветена на спроведувањето на Договорот...

Македонија39 минути

Регистриран земјотрес во Скопје околу полноќ

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија...

Македонија15 часа

Во Македонија 1.100 нови случаи на коронавирус, 30 лица починаа

Во последните 24 часа во Македонија 30 лица починаа од коронавирус, а потврдени се 1.100 нови случаи, соопшти Министерството за...

Македонија16 часа

Мицкоски: Од комисијата има признание дека се преговара за идентитетот, Заев лажеше

Од изјавите на историчарите од комисиите дознаваме дека бугарската страна се противи за терминот македонски, кој го означува нашиот идентитет,...

Македонија17 часа

Историската комисија заглави кај цар Самуил, спорна придавката македонски

Мешовитата македонско-бугарска историска комисија на 11. средба не постигна напредок во преговорите. Историчарите се обиделе да ги надминат разликите за...

Македонија17 часа

Вакцинирањето во земјата ќе почне до март и ќе биде бесплатно

Вакцинирањето против Ковид-19 ќе почне во првите два-три месеци в година, најави министерот за здравство, Венко Филипче. Ќе се примаат...

Македонија18 часа

Граѓаните над 65 години први ќе ја примат вакцината против Ковид-19

Граѓаните со хронични белодробни и кардиоваскуларни болести и граѓаните постари од 65 години ќе имаат предност за вакцината против Ковид-19,...

Македонија19 часа

Холандската амбасада демантира дека Холандија го поддржува ветото

Холандската амбасада попладнево ја демантира и ја оценува како лажна вест информацијата дека Холандија го поддржала бугарското вето за Северна...

Европа20 часа

„Астразенека“ и „Оксфорд“ презентираа различни тврдења за нивната вакцина

Компанијата „Астразенека“ и Универзитетот Оксфорд дадоа спротивставени тврдења за начинот на дозирање на нивната вакцина против коронавирус, што е редок...

Македонија21 час

Нефи Усеини не е повеќе советник во Општина Охрид

Дванаесет советници на Општина Охрид гласаа „за“ прифаќање на оставката поднесена од охридскиот светник Нефи Усеини. На наредната седница Советот...

Македонија22 часа

Пензионерите бараат приоритет за вакцинирање против Ковид-19

Сојузот на здруженија на пензионери апелира приоритет при вакцинирањето против Ковид-19 да имаат пензионерите. „Во име на над 300.000 возрасни...

Топ23 часа

Разбиена криминална група која шверцувала дрога во македонски затвори

Криминалистичката полиција во соработка со СВР Скопје, поднесе кривична пријава против 27-годишниот А.М. од Дебар, поради сомнение за сторено продолжено...

Регион23 часа

(Видео) Силна експлозија во центарот на Белград, еден загинат и двајца повредени

Утрово, нешто пред 10 часот, се случи силна експлозија пред зградата на српската државна телевизија РТС во Белград. Едно лице...

Топ24 часа

Кавадарчанец со секира се обидел да ја убие сопругата, па загинал фрлајќи се во река

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци заедно со увидна екипа од МВР изврши увид во куќа во селото Шивец...

Регион24 часа

Курц: Секој што ме познава знае колку сум приврзан за Балканот

Австрискиот канцелар, Себастијан Курц, реагираше на критиките кон него поради изјавата дека повратниците од годишниот одмор го донеле коронавирусот во...

Македонија1 ден

Македонските и бугарските историчари и денеска ќе расправаат за средновековниот и раноосманлискиот период

Македонско-бугарската мешовита комисија за историски и образовни прашања и денеска ќе расправа за средновековниот и раноосманлискиот период, по состанокот одржан...

Македонија1 ден

(Видео) Пендаровски: Здравствените производи треба да бидат достапни за сите

Здравствените производи со сертифициран квалитет треба да бидат достапни за сите, истакна претседателот Стево Пендаровски во обраќање на специјалнатата сесија на...

Македонија1 ден

Градоначалниците на Битола и Гостивар се позитивни на коронавирус

Градоначалниците на општините Битола и Гостивар – Наташа Петровска и Арбен Таравари, преку социјалните мрежи известија дека се заразени со...

Регион1 ден

ЕУ и Грција ќе формираат нов прифатен центар на Лезбос

Европската комисија потпиша меморандум во кој се опишува деталниот план договорен меѓу грчките власти и агенциите на Европската Унија за...

Свет1 ден

„Модерна“: Околу 100 милиони вакцини против корона ќе бидат достапни на почетокот на годината

Американската фармацевтска компанија „Модерна“ објави дека очекува да може да испорача меѓу 100 и 125 милиони дози на експерименталната вакцина...

Досие