Контакт

Македонија

За наркозависниците се бара бупренорфин

Објавено пред

Клиничката болница во Битола бара да биде одобрена и алтернативна терапија бупренорфин за лекување на наркозависниците.

Клиничката болница во Битола бара да биде одобрена и алтернативна терапија бупренорфин за лекување на наркозависниците.

Покрај метадонската терапија, оваа терапија засега се користи само на Клиниката за токсикологија во Скопје.Според изјавите на родителите на наркозависниците, досега најголем ефект во лекувањето има токму лекот алкалоид бупренорфин.

„Мојот син е зависник веќе седум години и досега пробавме многу начини на лекување со тромадоли и метадон и секакви терапии, но најзадоволни сме од лекот на алкалоид бупренорфин.“- вели еден родител на наркозависник.

„Проблемот е дека лекот е премногу скап оди само на приватно, едно пакување од седум таблети чини 1540 денари, а минимумот на терапијата е една таблета дневно.“- се жалат родителите на наркозависниците.

Тие бараат намалување на цената на овој лек за тој да биде попристапен за третман на оваа категорија пациенти, кои со девијантните појави предизвикани од опијатите би ја чинеле државата поскапо од 1500 денари.

Во моментов во Клиничката болница во Битола, наркозависниците се лекуваат само со метадон, но директорот Кузмановски изјави дека до Министерството за здравство е пратено писмено барање за дозвола за користење на овој алтернативен лек покрај метадонската терапија.

Кузмановски засега не знае дали и кога ќе биде воведена оваа терапија и вели дека се чека на одговор од Министерство за здравство./крај/тера/ом/иа



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Објавен новиот Европски Атлас на птици гнездилки, кој вклучува детални информации и за Македонија

Објавено пред

По четири години теренски истражувања и милиони податоци за распространувањето и гнездењето на птиците во Европа објавен е новиот Атлас на птици гнездилки. Ова издание на Атласот содржи и податоци за Македонија, собрани од експертите и волонтерите на Македонското еколошко друштво со значајна поддршка од странски орнитолози.

Низ цела Европа учествуваа преку 120.000 волонтери-истражувачи со што овој Атлас е еден од најголемите проекти за истражување на биолошката разновидност со вклученост на граѓаните. Теренските истражувања започнаа во 2013 година и траеја до 2017 година.

„Атласот е клучна публикација која ќе ја насочува идната работа за зачувување на птиците и природата во Македонија. Ќе ни помага подобро да ги разбереме промените во распространувањето на сите видови птици низ годините и ќе ни дава насоки каде во регионот треба да се спроведуваат активности за зачувување на птици и реставрирање на живеалишта“, изјави Данка Узунова, раководителот на овој проект за Македонија.

Теренските податоци покажуваат дека драстично се намалила бројноста на птиците од земјоделските површини а зголемена е бројноста на шумските птици и птиците кои се заштитени со меѓународни конвенции и легислатива. Најчестите причини за промените во распространувањето на птиците се пренамената на земјиштето и климатските промени. Дополнително, во последните 30 години гнездечки ареали на птиците во Европа се преместиле кон север во просек за 28 km (поместување од околу 1 km годишно).

Интересно е да се забележи дека повеќе од половина од птиците кои биле истражувани се среќаваат на само 10% од истражените територии т.е. имаат мало распространување со што се потврдува одговорноста која секоја земја ја има кон зачувување на биолошката разновидност.

Анализите покажуваат дека 35% од европските видови птици ја зголемиле својата гнездечка територија, како на пример жолтоглавата тресиопашка Motacilla citreola а 25% ја намалиле, како на пример градинарската стрнарка Emberiza hortulana.

Проектот немаше да успее без трудот на посветените истражувачи на терен, националните координатори, експертите кои придонесоа за анализа и презентација на податоците, донаторите и други поддржувачи.

Прикажи повеќе...

Македонија

Изречени 540 санкции за неносење маска

Објавено пред

Во текот на изминатото деноноќие, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 540 прекршоци.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со ковид-19.

Прикажи повеќе...

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе протестира пред Владата

Објавено пред

Опозоциската ВМРО-ДПМНЕ за денеска најави протест пред Владата поради преговорите со Бугарија.

Протестот пред владината зграда е закажан за во 13 часот, а поаѓањето ќе почне половина час порано од СЦ „Борис Трајковски“ и СЦ „Јане Сандански“.

Од партијата велат дека излегуваат на улица затоа што премиерот Зоран Заев повторно излажал дека не преговарал за идентитетот.

„Заев изјави дека е постигнат напредок во преговорите меѓу комисиите, претставниците на комисиите изјавија дека нема напредок што значи дека Заев лаже. Заев изјави дека не преговара за идентитетот додека претставници на историските комисии потврдија дека камен на сопнување е токму зборот македонски што е фундаментот на нашето идентитетско определување. Заев кажа дека има напредок за 5 историски личности, претставници на комисиите изјавија дека нема дефинирано заклучоци и има нула напредок и на тоа поле. Заев изјави дека се пред договор за 11 записници од средбите на историските комисии додека бугарската страна го негира тоа. Заев се откажа јавно од антифашистичкото наследство со самото тоа што Бугарите ги прогласи за ослободители наместо окупатори во Втората светска војна“,  наведува опозициската партија.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет39 минути

Русија почна со вакцинирање на населението против коронавирус

Од утрово почна вакцинацијата против коронавирус во Москва со вакцината „Спутник 5“, со што Русија стана првата земја која го...

Македонија1 час

ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе протестира пред Владата

Опозоциската ВМРО-ДПМНЕ за денеска најави протест пред Владата поради преговорите со Бугарија. Протестот пред владината зграда е закажан за во...

Метју Палмер Метју Палмер
Регион1 час

Палмер: Американскиот пристап кон Западен Балкан нема да се промени

САД се посветени на партнерство со земјите од Западен Балкан и на нивната европска перспектива, а тој пристап нема да...

Македонија2 часа

Бугарски интелектуалци: Не може да се очекува една страна на да изврши политичко самоубиство

Несоодветно е да се очекува едната страна во преговорите да изврши политичко самоубиство. Неприфатливо е оспорувањето на македонската нација и...

Македонија2 часа

Бучковски: Можеме да најдеме решение за нашата иднина

Македонската влада е свесна дека треба да изготви патоказ за да покаже дека е цврсто посветена на спроведувањето на Договорот...

Македонија3 часа

Регистриран земјотрес во Скопје околу полноќ

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија...

Македонија17 часа

Во Македонија 1.100 нови случаи на коронавирус, 30 лица починаа

Во последните 24 часа во Македонија 30 лица починаа од коронавирус, а потврдени се 1.100 нови случаи, соопшти Министерството за...

Македонија18 часа

Мицкоски: Од комисијата има признание дека се преговара за идентитетот, Заев лажеше

Од изјавите на историчарите од комисиите дознаваме дека бугарската страна се противи за терминот македонски, кој го означува нашиот идентитет,...

Македонија19 часа

Историската комисија заглави кај цар Самуил, спорна придавката македонски

Мешовитата македонско-бугарска историска комисија на 11. средба не постигна напредок во преговорите. Историчарите се обиделе да ги надминат разликите за...

Македонија19 часа

Вакцинирањето во земјата ќе почне до март и ќе биде бесплатно

Вакцинирањето против Ковид-19 ќе почне во првите два-три месеци в година, најави министерот за здравство, Венко Филипче. Ќе се примаат...

Македонија20 часа

Граѓаните над 65 години први ќе ја примат вакцината против Ковид-19

Граѓаните со хронични белодробни и кардиоваскуларни болести и граѓаните постари од 65 години ќе имаат предност за вакцината против Ковид-19,...

Македонија21 час

Холандската амбасада демантира дека Холандија го поддржува ветото

Холандската амбасада попладнево ја демантира и ја оценува како лажна вест информацијата дека Холандија го поддржала бугарското вето за Северна...

Европа22 часа

„Астразенека“ и „Оксфорд“ презентираа различни тврдења за нивната вакцина

Компанијата „Астразенека“ и Универзитетот Оксфорд дадоа спротивставени тврдења за начинот на дозирање на нивната вакцина против коронавирус, што е редок...

Македонија23 часа

Нефи Усеини не е повеќе советник во Општина Охрид

Дванаесет советници на Општина Охрид гласаа „за“ прифаќање на оставката поднесена од охридскиот светник Нефи Усеини. На наредната седница Советот...

Македонија24 часа

Пензионерите бараат приоритет за вакцинирање против Ковид-19

Сојузот на здруженија на пензионери апелира приоритет при вакцинирањето против Ковид-19 да имаат пензионерите. „Во име на над 300.000 возрасни...

Топ1 ден

Разбиена криминална група која шверцувала дрога во македонски затвори

Криминалистичката полиција во соработка со СВР Скопје, поднесе кривична пријава против 27-годишниот А.М. од Дебар, поради сомнение за сторено продолжено...

Регион1 ден

(Видео) Силна експлозија во центарот на Белград, еден загинат и двајца повредени

Утрово, нешто пред 10 часот, се случи силна експлозија пред зградата на српската државна телевизија РТС во Белград. Едно лице...

Топ1 ден

Кавадарчанец со секира се обидел да ја убие сопругата, па загинал фрлајќи се во река

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци заедно со увидна екипа од МВР изврши увид во куќа во селото Шивец...

Регион1 ден

Курц: Секој што ме познава знае колку сум приврзан за Балканот

Австрискиот канцелар, Себастијан Курц, реагираше на критиките кон него поради изјавата дека повратниците од годишниот одмор го донеле коронавирусот во...

Македонија1 ден

Македонските и бугарските историчари и денеска ќе расправаат за средновековниот и раноосманлискиот период

Македонско-бугарската мешовита комисија за историски и образовни прашања и денеска ќе расправа за средновековниот и раноосманлискиот период, по состанокот одржан...

Досие